Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.534
    Ама тоа сега е така ради коронава. Јас пред 4 год во Ремедика немав ограничувања за посета, па маж ми после породување доаѓаше, кога имаше и визита од педијатар седеше слушаше. Ама на сам чин боже ме сачувај да биде со мене да седи да гледа. Исто и тогаш ми сметаше на прегледи кога влагаше со мене и ете ќе се погодеше брис да ми земат и јас на бокс расчепена нема никаква завеса и маж ми гледа. Мислам женски ствари се скрос. Ваму во Систина бар има завеса и секогаш ја трга доктор.
     
    На Iva2020 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Епа тоа е добро не знаев дека било другачие пред короната. А за прегледи матичнава моја пушташе не правеше премногу проблем ама ете јас не го носев баш од тоа. Само за срце слушање влезе ама уште немаше корона, но бидејќи ме гледаше со сонда седеше во друга просторија и само го слушна срцето.
    За така на бокс преглед тие работи не сакам и јас така да ме види во тоа издание
     
    На eli.karameli и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  3. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    3.940
    Пол:
    Женски
    Баш прашав дека нели трае 72 часа резултатот, нели може дента кога ќе се породам да се тестира он, па да може да доаѓа во посета - таман првите неколку дена да биде тука.. тоа покрива цело лежење за природен пораѓај и скоро цело за царски.
    Рекоа нема шанси, излезе ли од болница не може да се знае со кој ќе има контакт, џабе е тестот..
    Тогаш што значи ‘важи 72 часа’?!
    Тоа е...
    Се надевам дека ќе бидам во состојба да слушам и да научам што ќе ми покажат - веќе им кажав на бабите да не си мислат дека ќе ми се преселат дома после пораѓај за бањање и чување бебе.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    И јас не сум за да ме гледа расчепатена на бокс или кога земаат брисеви, ама некои работи како делот пред раѓањето сакам заедно да ги поминеме. Да се осети и он дека татко станува, да му е реално :lol: И подобро да е со мене него некаде на друго место и нон стоп да ме мисли. Познавајќи го ќе ме отече на мобилен, само ќе ми звони до каде е работата.

    Па ако е така и на нас што ќе ни земат брис во 38ма кога ќе излеземе од болницата, од кај ќе знаат со кој сме имале контакт додека да дојде денот за породување? Се ми е некако бесмислено во овој поглед, само за пари да ни земат ми се чини :emo:
     
    Последна измена од модератор: 21 септември 2020
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lana2915

    lana2915 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Има ли некој што ке се порага во систина или некој што веке се породил.
    Не ја водам таму бременоста но сакам порагајот таму со епидурал па ме интересира искуство и кој доктор
     
  6. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.534
    Сите ти се добри, за кој и да се одлучиш.
     
  7. Zumbulce9

    Zumbulce9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    875
    имам пишано искуство од систина во темава пред некој ден, провери. Инаку, Дракулевски ми беше доктор.
     
  8. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322
    Со чепче ли прочистуваат во Ремедика?
     
  9. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.534
    На ваша среќа, да.
     
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Ве читам за ова со маживе. Најмногу ни беше криво што не можевме да сме заедно откако се роди. Ние сме ептен приврзани и да не беше ваква ситуацијата, сигурно ќе си седевме заедно во соба поголемиот дел од денот. Никому немаше да сметаме, секако бев сама во соба.
    Но и покрај тоа, мм веќе си беше влезен во улогата иако првпат го допре дома кога дојдовме. Јас бев позбунета, тој внесен беше целиот.
    И во секакво издание ме видел, па и со брцната сонда. Не би имала проблем и за брисеви или расчепатена на бокс да ме гледа.
    Многу ни беше криво што до крај не можеше да влегува на прегледите, заедно уживавме.
     
    На Kaetana, Sofi.ja, Jana06 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Јас имам едно друго прашање- дали ти даваат таму пумпа за одмолзување ако ти притреба, или треба да си носиме?
     
  12. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    6.323
    Пол:
    Женски
    Не знам за каде прашуваш. Во Систина имаат различни модели. Можеш да пробаш која највеќе ќе ти одговара. Верувам дека имаат и во Ремедика.
     
    На Lovebug01 и Coco31 им се допаѓа ова.
  13. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    7.047
    Пол:
    Женски
    И во Ремедика ти даваат нивна.
     
    На Izzy_0504 и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  14. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Не ми треба маж ми со мене на пораѓај, ќе падне у несвест од паника. Него ли да го мислам или бебето.Сега кога не чека на паркинг од прегледи е жива вода од возбуда, не па да ме види на бокс со болки:D(facepalm)
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. IJAE

    IJAE Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    815
    Мајки што се породиле во Ремедика, да ве прашам за бебето кога ве испуштаат од болница го облакате вие како сакате или има некој кодекс како Систина морало во бело!??
     
  16. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Јас пак искрено сакам да биде со мене на пораѓај. Сакам да ми биде поддршка во тие моменти. За синот не пуштаа мажи на пороѓај ама сега бидејќи сме во друга држава тоа е дозволено, па се надевам дека оваа желба ќе ми се исполни.
     
    На Kaetana и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  17. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Кој ти кажа за кодексот?
    Ако има систина кодекс они нека му купат облека :!:
    Ремедика е како сакаш што си донесеш тоа
     
    На Coco31, kukla21 и IJAE им се допаѓа ова.
  18. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Знае ли некоја од вас За колку време излегува резултот за ковид од ремедика?
     
  19. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    3.940
    Пол:
    Женски
    Истиот ден до вечерта има резултат. Ако е негативен не се јавуваат. Ако не дај Боже е позитивен, ѕвонат да известат или вечерта или другиот ден сабајлето
     
    На Katerina94 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.534
    Што да спакувам за во Систина? Крема и пунач, таму све има. Баш се шуткам, кога ги гледам со торбичките се чудам што носат.