Браво, за таа цена и треба се да има додуша, меѓутоа навикнати од државниве болници дури и инекции, инфузии си купуваме... греалки хаха да не правиме муабет за друго...
Самиот факт што при комплицирани ситуации ги праќаат пациентите во Државна болница, не ли ви зборува нешто. Точно дека парите се најмалку битни кога е во прашање здравјето на бебето и родилката, ама ако нема потреба истата сума можеш да ја искористиш и д акупиш нешто корисно за бебето. Премногу сте театрални за условите во државна болница, не велам дека се идеални, меѓутоа сметам дека има доволно стручен персонал таму, и сигурно дека не им е приоритет да имаат што повеќе мртвпрпдени. Ако вие сакате да плакате илјадници евра за насмевка од сестрите и балони слободно...
оф пак со овие муабети од пред години и години, кој тоа ги испрака и зашто би ги испракал кога конкретно систина има најсовремен центар за неонатологија, бебиња родени 6 месец преживуваат, најсовремена опрема, на Гак да не подобро се грижат за предвремено родено бебе? Може некој од систина отишол да, ама знаеш зашто, зашто немал пари, зашто еден ден за предвремено родено бебе е ми., 20.000 во систина ( на цимерката моја предвреме и беше керката родена) тоа се премногу пари, па само еден престој обичен без никакви испитувања и лекови е 15.000 денари за мајката и бебето. Затоа идат државно а не од што има подобро услови .
Тие во систина што се породивте - гледам во пакетот пишува дека имаш бесплатна масажа, стоматолошки преглед. Го искористивте тоа?
Јас кога се пораѓав немаше, бар не се сеќавам, бидејќи имам стоматолози во најужа фамилија па сосема ја игнорирам темата за други. Масажата кога ја прават? Со царски баш и не можеш првите неделеи ни да помислиш Искористив секако педијатриски прегледи за бебето првиот месец (го носев таму до година дена), а бидејќи правев ехо на срце во 28ма недела, ми следеше за бабето ехо и после раѓање. Ехо на бубрези си доплатив. Балони не видов, а и сестрите не беа секогаш насмеани. Напротив таа што ме учеше за доење ем беше намрштена ам прилично груба, ама на крај нејзините совети испаднаа најдобри. Од друга страна во секој момент имав пристап до бебето, но и можност некој да го земе да одморам кога по царскиот не можев да се грижам, секојдневни прегледи и за мене и за него имаше, се чистеше континуирано, а имав право на посета од мм и моите секој ден. Тоа баш многу ми значеше. И не, не се осеќав како во хотел со 5* (напротив храната ич не е вкусна), туку се осеќав сигурна дека и јас и бебето сме под надзор и во сигурни раце. Патронажната сестра од Систина дојде 3 дена по враќањето дома, таа од државно ја барав после месец дена и дојде, случаjно "ме заборавиле". Не за џабе пријател гинеколог од ГАК жена му ја пушти да се пораѓа во приватна болница.
јас не, бидејки лежев тој период, инаку тоа пред порагај е за оние трудници кои водат бременост таму, Бисера ли се викаше онаа што наплака треба ваучер да ти даде и книга една , побарај си ако не ти дале до сега
Значи отвори на страната на Систина кај мајките раскажаа и ќе видиш дали ги препраќаат на ГАК. Има неонатална нега во Систина. И ти не можеш да кажуваш зошто некој оди таму. И секој си има свои причини. А да плаќам венчаница од 1000 евра супер е, а вака за здравје е многу.
Да, ова личи за претходно. Тогаш немаше, иначе сигурно би го искористила - ако ништо друго, да се види што чудо е тоа Аудиолошки преглед тогаш почнуваа да најавуваат, ама уште не правеа, па не направивме. Педијатарот ми рече дека за бебо нема нии потреба.
Бистра - не сум ја начекала. Одам кога е Митко попладне, многу е помирно и помалку гужва, а таа не е таму тогаш. Јас масажа не одбивам, па одма да си прашам
Се силев за масажата и на крај не ни отидов. Ми рекоа не правеле кога праша зашто не му е направено. Мене петровска не ми дојде во недела навечер
Ја не и вртев, со акушерката зборев за неа, е сега дали и се јавиле или не не знам. Можда моја грешка што јас не и се јавив кога идев накај болница, али нареден ден ми рече не можела понеделникот и бил фул.
Ако бев задоволна од државното сигурно немаше за втор пораѓај да лупам толку пари во приватно... а вие што си имате добри врски, со лесно и во државните ќе си поминете убаво.
Изини што ова мора да го искоментирам тука каде што сите се трудни и нежни,и осетливи и јас бев така кога бев трудна но си отидов од болница со празни раце дали си слушнала некое негативно искуство од некоја приватна болница да умрееве некое бебе, родилка јас не но мојот пример да, и еве ќе ти кажам во државна сега пред два месеца три смртни случаи што јас гизнам а не се прикажани на телевизија, и не дека жениве тука се свилени туку ќе им се обрне внимание и на нив и на дете ,а не како мене глупа сега да ми е овој памет би одела во птиватна клиника и би ги дала и последните пари, толку пријатно
Абе на братучетка ми државно врската не и дојде. Ај ќе ме породи може врската и државно, ама после на одделение кога ќе ми треба помош, некој да ми се издерава.
Зборот ми е врски со сите да имаш, од доктор до сестри итн Женски некоја да ја има породувано царски др. Бојаџиев во Систина?
Јас се договарав со Митко Ивановски за пораѓај...ама он се ко на шала...баш го прашував да не користи стар одмор крај на јуни...он ми вика абе ајде ти мн брзаш има време Мене терминот ми е 02.07 Јас колку што се распрашував он им бил еден од најдобрите акушери. Па здравје боже ќе видиме.
Ме интересира тие што се пораѓале во Систина дали има некои скриени трошоци? Ние со мм уште се мислиме каде ќе биде породувањето, не е 100% дека ќе биде таму, но јас да си прашам.
Вoдиш бременoст кaј негo? Акo вoдиш ке дoјде aкo е вo мк aкo не е ништo..мене сo кoмплицирнa бременoст и тристa перипетии унaзaд гoдини ми рече aкo зa викенд сум нaдвoр oд мк друг ке те пoрaгa иaкo знaеше декa кaј дa е ке се пoрoдaм сепaк не плaнирaше дa седи рaди мене вo мк. Срекa се пoгoди пoнеделник