I mene taka mi rekoa ama sledno odenje ke gi napnam da mi go dadat. Sto im e gajle mi trebalo ili ne sakam da si go iam sum go platila. Vaka sumnjivi mi se deka uopste praele
Женски што сте породени во Ремедика - дали ако има доволно место ставаат по 1 мајка во двокреветна соба додека не се пополни се или си тераме по 2? Слушнав вака за Систина, па си реков дали има шанси да сум сама, а да не мора да се доплаќа за апартман..
Да, јас бев сама. На четвртиот ден донесоа друга родилка во соба, па убаво ми дојде малку друштво пред да си одам.
Во ремедика после породувањето дали има некој режим друг на исхрана за родилки со дијабет??? Знам дека даваат убава храна но е со леб ориз, благо, се она што избегнуваме, па како се храневте тие денови.. Како ви идеше шеќерот со оглед на тоа дека не се стабилизира одма?
Во приватнитве како шо се сеќавам кажувавте дека ништо не треба да се носи освен полнач за мобилен, чешел и лабело, четка за заби. Така сум запамтила. Знам дека се пишуваше ама да се осигурам дали беше тоа Улошки, гаки тоа има таму знам. Ме интересира сега со коронава за маски колку треба да се носи и документи освен за крвна група дали треба нешто друго. Конкретно за Ремедика прашувам
Треба следново од документи: - крвна група - брисеви (34-35 недела што се прават) - инфективен скрининг (спаѓа во пакетот и ти земаат крв за ова во Ремедика кога правите подготовка и оставаш капар) - тест за Ковид - крвна слика
. Ке си кажеш дека си дијабетичар. Во секоја здравствена установа без разика државна приватна имаат посебно мени за дијбетичари.
Треба да си потенцираш ваљда. Сега скоро лежев таму ради крварење и малку се разочарав од храната, не од аспект на вкус и квалитет туку од адекватност на состојбата. Да ти дава мени да бираш ама јас очекував дека ќе биде менито прилагодено на здравствената состојба, т.е.како некој што обилно крварел и не смее до тоалеѕ да стане да не ми носат тврда храна-кифли/лиснати за доручек и вечера и мн мали салати за ручек и еднаш овошје да не донесат. Се препотив на првото одење во вц за голема нужда што од страв што од менито. Имам впечаток дека не се води баш сметка да се направи мени согласно состојбата. Пре би сакала да не ми дадат да бирам ама да е одбрано ко што треба, него вака
Да има во печатена форма резултат И за крвна група ако немаш ќе ти направат, влегува во цената на пакетот. Имаше празни соби ама по 2 бевме
Мене ми одговараше така има со кого да си направиш муабет. Прашај ако преферираш сама , може ќе те остават, кажи им дека ти е страв од корона и слично.
За првите 2 дена барем сакам да сум сама. После кога ќе можам да станувам и да си функционирам (скоро) сама, веќе подруго ќе биде мислам. Баш ќе видам што ќе кажат