Даа, па фала богу. Ремедика јас бев во апартман околу 100 евра плус се плаќа од ден како што памтам пред 4 год.
Ако ти се погоди некоја природно породена, баш ќе ти се најде. Јас овој пат сакав да сум со цимер, па сама ме ставија. Во систина повеќето беа сами. Ако не се лажам само 2 двокреветни соби беа отворени, се друго беа по една.
@kukla21 ти си најтазе. Кажи ми после интензивна, маж ти го пуштија кај тебе во соба да те види на кратко или само кај бебињата ги носат да го видат бебенцето?
Ова не е воопшто точно. Јас баш ги прашав за излегување од болница што да донесеме за облекување ми рекоа боде, комплет било каков или шпикозни, чорапчиња и капче. Секако и кебе за покривање. Мислам дека во картерс не им се продаваат белите работи па измислуваат глупости.
Девојки здраво.Сакам да прашам тие природно што се породиле во Систина периодов, кога ви го правеа пцр тестот? Слушнав дека траел 3 дена, но некако ми нема логика ако не се породиш во наредни 3 дена пак да правиш. Исто и за крвна група.Дали се наплаќа плус или спаѓа во пакетот за породување? Бидејќи јас имам картонче за возачка дозвола кога сум вадела ама не знам дали се признава или не?
Се признава, само картончето однеси го, не возачката. Ова не само за Систина туку општо се прифаќа секаде. Јас картонче од Црвен крст приложувам од донирање крв.
Tato go gleda bebence samo dve minuti pred staklo... i tolku Ja so nego ne sum videna uste koga ke izlezeme od bolnica togas♀️
Крвна мора во систина, не признаваат од надвор. Се плаќа екстра. Ковид за договорен царски е лесно. За спонтано породување од брзите прават.