Чекајте малце, јас имав направено крвна група, но од Систина не ми ја побараа. Ми направија они крвна група ама не ми наплатија за тоа. Дополнителни трошоци ми беа Ковид тест и некое испитување за бебето. Инаку за природен пораѓај на золвата и земаа брис и крв кога ја примија. И после саат ипол некаде и рекоа дека е негативна. И не даваат балони. Мм носеше бомбоњери и му ги земале доле, а на друг татко му ги земале балоните.
Здраво. За во Ре Медика дали треба во торбицата да спакувам памперс или имаат таму за излегување од болница? Благодарам.
Има, ќе му стават тие. Само несесер ти треба со ствари што си ги користиш за себе како што имаме пишувано и погоре и алишта за излегување (можат на денот да ти ги донесат). И да ги притреба нешто во меѓувреме можат да ти донесат до доле, па сестра ќе ти донесе до соба.
Какви ви се искуствата од Санте? Дали има мајка што брзо се породила во Санте или пак е пред пораѓање?
@Butterfly1107 И јас ќе се пораѓам во Систина. Баш денес бев на прв преглед/ехо кај Петровска, но ништо не ми спомна ни за ковид тест ни за крвна група, само некои општи прашања околу брисеви, крвна слика, некои терапии и сл. и ми рече да дојдам на 19.10 претпоставувам тоа е за прво ЦТГ. Како беше процедурата ти кога почна да одиш на прегледи пред породување?
Јас одев кај Димчев за битните прегледи, во 12та, 20та, 28ма и 34та недела. После тоа од 36та почнав со цтг и ехо, бидејќи немав контракции, следно бев во 37ма недела, па во 38+3 и тука покажа контракции. Отидов пак следниот ден на цтг, ми закажаа царски, ми земаа крв и брисеви. Следниот ден 38+5 ме породија царски.
Јас се породив Систина пред 3 недели, брис за PCR одма на прием ти земаат, резултати за некој саат иако јас кога некој влегуваше во соба носев маска. Крвна група прашуваат, не признаваат картонче од возачка ама и земаат крв да проверат и не се доплаќа.
Здраво девојки и јас ќе се пораѓам во Систина имам закажано царски рез.Каков тест за коронавирусот прават,преку крв или брис од нос и грло.Поздрав
И Мене на 19 ми закажаа цтг .Во петокот бев и закажавме датум за пораѓај.А за Ковид тест не ми спомна докторот но со сигурност ќе ни прават. Брис од нос и грло или преку крвта.На моја пријателка која се породи Систина со царски рез и зеле преку крвта тест за Ковид 19
Го пуштаат сопругот во соба да седи кај родилката?Во собите само една родилка има?Мислев дека по две има во соба или како ќе ти се погоди ? Кога се породи ти?Дали беше сама во собата или со цимерка?и дали сопругот беше тука со тебе ?поздрав и да ти е здраво и живо бебчето
11 јуни се породив, имав цимерка 2 дена после бев сама, сопругот доаѓаше еднаш дневно да не види. Благодарам
Дента кога ќе се породиш ќе дојде после пораѓај и не прават притисок за колку да седи. После, како за сите. Посета од 10-12 секој ден. Јас кога бев претежно сите беа сами во соба.
Женски породени во Систина! Ехо на срце, кој направи на бебето ваше?! Ме следи од пакетот, ама никако да закажам. Прво, не бил Драшко, некоја докторка. После, тие што се во пакет, Драшко ги работел. Ај вчера ѕвонам да закажам, не можело кај драшко, он правел само фетална ехокардиографија. Денес треба да ми јават кој да го направи прегледот. Со првото, по пораѓај си ја прегледаа по дифолт и Драшко ми даде извештај. Ова сега голгота. Никој не знае. Или на тошо се прават. Не може јас прва да сум што го има прегледов во пакетот за пораѓај. Скоро и кога бев на преглед, ми вика таа на пулт имаш за плаќање крвни анализи, хепатити и сл. Викам од кај тоа? Грешно ми ги внеле пред пораѓај анализите што се дел од пакетот. Не се нормални!
Јас се породив во Ремедика, наслушаа шум на срце на последната контрола и закажав во систина кај др Светлана за нареден понеделник
Ајдеее, хаос! Не му го направија на бебе уште во болница? И мене Драшко ми даде извештај за првото. А сега пак за второво, на втор скрининг кај Димчев ми рече еве гледам дека е се супер, нема потреба да одиш дополнително за фетално ехокардио, така што сега нема ни да ме следи за бебе.