Јадранка ли наслуша? Ме интересира бидејќи иста ситуација е и кај мене. И дали си задоволна од Светлана? Да не ја полниме офф темава во подфорум бебе ке можеш ли подртално во шум на новороденче да ми објасниш? Фалаа
дали овие услуги ми следуваат со пакетот за породување доколку за сите три скрининзи сум била во систина, а остатокот од бременоста ми го водела матичната (рутински месечни прегледи, крвна слика, урина, упати за брисеви, дидимери, скриен шеќер)?
Ин витро и цела бременост следена во Систина таму ќе биде породувањето. Во четврток ми е прво цтг дали наплаќаат?
Ако се пораѓаш таму не треба да наплаќаат ако си веќе во 9ти месец. Ако ти наплатат чувај си сметка да ти рефундираат кога ќе го плаќаш пораѓајот. Барем порано беше така. Туку да прашам, ако излезе позитивен тестот за Ковид, пораѓаат во Систина?
Ни јас за ова не знам. Знам имам 3 бесплатни прегледи кај педијатар. Ти после втор скрининг кај Драшко беше? Затоа ти следува? Дека јас не отидов. Кукло не ми кажувај дека супер функционирале педијатрија. Хаос се. Викам јас платив за да се испита крвна група, а ништо не ми дадовте. Сме заборавиле оди на пулт. Ок! Прв преглед кај таа Симонида едвај женава го виде бебе. Втор кај твојава Станка повеќе обрна внимание ама пак бе некако незаинтересирано. Кај Марина во Ремедика дете гледа од глава до пети. Сега 3 преглед се мислам кај Фидановски да закажам чисто да видам дали ќе ми фати око.
Исто Ели. Мислам дека не ми наплатија, ама не ми испитаа, а на секоја визита им барав. И уште немам испитано. Сега за второво ќе им повторам 100 пати!
Ја сум жнпгу задоволна од др јадранка и др марина во ремедика. Обрнуваат внимание ептен и достапни 24-7 ако треба нешто не е проблем било кога да отидеш да го видат..
Фидановски па ептен нема да те бендиса ако Станка не си ја бендисала Може дека скоро 3 год одам кај неа, друг однос имаме. Дете го гледа детално, конкретна е, нема празни муабети. Јас бев кај Драшко и заради тоа ми следи бесплатно ехо на срце за бебето. А што ви треба за крвна група? Што не ви дадоа?
Е ни мене за првото не ми дадоа. Ама тогаш посмотана сум била. Сега ми дадоа лист заедно со отпусното писмо. Овој пат уште во сала со Станка се договорив да и направат и ми кажа после на интензивна дека направила нарачка. На извештајот кој го добив гледам дека е направена 1ч по пораѓај. И во книшката е запишана мојата и крвната група на бебе. Проверив кај првото ќере нема ништо такво. Следно одење, ќе им барам да ми ја испринтаат и нејзината крвна група. Само ако не направиле!! Јас сум негативна, бебе ако е позитивно има да ме дознае и Орце.
Си побарав со боцкање за билирубин и крвна група да испитаат, додека бев во родилиште не ми го дадоа картончето, на прв преглед ми кажаа да си го барам.
Да! Мене прво не сакаа да ми проверат за бебе, 300 прашања ме прашаа а зошто да му проверуваме, како, па јас некои болести да не сум имала абе бог да чува. И на крај и свикав на едната докторка дај не ме малтретирај за мои пари!
Знааам, одлични се! Ама далеку ми се, плус за кај марина за жал многу се чека. Првото они ми го пораснаа и др. Искра.
Женски да ве прашам сакам да се породам во Систина е сега бременоста ми ја води Д-р. Органџиски во Штип за две недели ќе одам на последен преглед кај него, тогаш ќе бидам 31ва недела. Прашањето ми е дали тогаш да се јавам во Систина за да си одберам доктор и да се договорам...? Како оди постапката, ако знаете да ми кажете многу ќе ме помогнете.
Јас се јавив си договорив еден преглед кај доктор Гордана и спомнав на информации дека сакам она да ме пораѓа ( треба да отидеш не покасно од 36 недела) .Овој преглед си го плаќаш иако е 10 мин. Ме виде на ехо и ме праша какви терапии примам, последни брисеви и сл и ми кажа дека од сега со неа ќе се договарам, со тоа што она ми закажа прво цтг без да се јавувам на информации.
@kukla21 а прават ли воопшто тест за крвна група на бебето во Систина? Јас прашав после откога бевме на контроли и баш кај Станка одиме и ние, и таа рече дека не се правело тест за крвната група на бебе.