Јас не побарав, но бев убедена дека прават. Прашав дури после два три месеца, ми рече дека не правеле. Не разбирам, што ги кошта да им направат испитување на крвна група. Ако си побараш, претпоставувам дополнително се доплаќа.
Прават, како не прават. Си добив јас лист со крвна група на бебето. Што ги знам зошто не сакаат да прават. Јас сум рх- и битно е да се испита бебе за да примам терапија.
ко што имам читано претходно на темава, за во систина се остава 6000 денари капар при прво цтг, а по породување се доплаќа остатокот од износот и други дополнителни трошоци доколку има. дали за второ, трето (и колку и да треба) цтг се плаќа нешто?
Пакетот си го плаќаш на излегување од болница во зависност од тоа дали си породена природно или царски.
И јас ќе се пораѓам во Систина а ЦТГ ќе ми прават во понеделник, па да прашам дали наплаќаат во 9 месец оти ми рекоја дека не наплаќале. А не дај боже тест корона позитивен излегува која е тука процедурата за пораѓај?Која од Вас има такво искуство споделете мамички ништо не е ни страшно ни срамно!
Јас цтг засега не плаќам, а не сум ни влезена во 9ти. Ова со тестовиве не знам која е процедурата и мене ме интересира.
Пишав еднаш јас. Имале наводно посебен бокс. Соби за хоспитализација имаат каде што е излезот од паркингот, на угорницата.
И јас сум кај Митко Ивановски !Дали природно се породи или царски рез!Сподели ми некое твое искуство ,јас имам закажано за царски рез!
Мамички здраво како сте ?Сакам да прашам дали сега брзо се имате породено во Систина и дали има измена во протоколите за посета на таткото?Со ситуацијава моментално да не се има сменето нешто ?