Здраво, Сакав да прашам дали на некоја мајка бебето после пораѓај било во инкубатор, на колку време дозволуваат да го гледаш и дали ја знаете цената од ден за инкубатор? Убава вечер.
Дали им купивте поклони на докторите што ве пораѓаа? Јас во Систина ќе се пораѓам незнам што да правам
Да мм однесе вино и бонбоњера на докторката Не мора некои носат некои не Мм сакаше да однесе Ова за ремедика
Па би сакала и јас дека ме води од сам старт со постапка за ивф, прегледи еве и пораѓај. За благодарност ми е најмногу ама незнам што би дала
Море за првото како будали секое идење само се носеше за персоналот. Торти,мекици,пијалок...за др само виски и бомбоњера. А сега искористив ковид19 ситуација па немаше внесување храна од надвор. Само виски за др.
Не знам како е во систина Ама во ремедика сестрата му го дава бебето на мажот за да си одиме и мм и даде бонбоњера. Тоа чув од цимерката се давало благце кога ќе му дадат бебе. А и да не биде она само "Фала"
Da,jas dadov za prvoto,sega zdravje planiram i za vtoroto Bilo sto sakas,cisto kako znak blagodarnost Vo Remedika
Јас немав цимерка, затоа не дадов. А и закарана бев со педијатриската сестра, ништо немаше да и дадам и да имав спремно!
Инкубатор немаат РеМедика, само Систина. Најубаво е да се јавиш таму и да прашаш за цена и останати детали.
Пред Ние дадовме чисто зошто ние сакавме али само за докторката и сестрите што боцкаат, а за тие од педијатрија ништо само една е асална и млада е таа другите ужас се и насилни и безобразни
Да прашам, тие што сега скоро сте се пораѓале во Ремедика, со маска ли се пораѓавте? Прашувам зошто кога ми правеа серклаж пред 4 месеци со маска влегов во сала и со маска ме изнесоа па дали пораѓајот е исто со маска?
Да ја се пораѓав таму оред 20тина дена. Кога ме однесоа во родилна одма ми кажаа Мора маска. Немаше шанси да издржам со маска ја си ја вадев за време на напоните целосно а вака под нос ми стоеше да дишам. И после за шиењето ја ставив. Цимерката беше со царски нејзе па бетер и се слошило од маската па кислород и давале дополнително. Мислам за царскиот е полошо за природно вади си ја не им се замарај нека зборат они...
Девојки утре идам закажан закажан царски во Систина.Прием од вечер од 7 Ми фуфка ептен ама срекна сум што дојде денот.Тие што се пораѓале царски таму да ми кажете дали пред царскиот ставаат катетар??? Она цревото за мала нужда .Пошто ми објаснија само за клизмата дека ја ставаат и сала под анестезија,а катетарот нр го спомна никој,па ве молам за искуства ❤
Со среќа мила! И јас веројатно со царски ќе бидам во Систина, ќе чекам искуства да споделиш. Ти посакувам лесно да поминеш
Мене ми го ставија после анестезијата и не го осетив, за вадење само ми рекоа земи длабоко воздух и многу брзо го извадија не осетив. Ова за во Ремедика ти кажувам ама веројатно е исто.