Јас се породив во ремедика и сум презадоволна и немаше скриени трошоци само 1200ден испитување на слух и срце на бебето инаку царски бев и платив се вкупно 96200
Не, си ја водам бременоста кај матичниот...сега од 30 недела почнав кај него...на два прегледа до сега...па се договоривме во 36 недела за прво цтг и преглед.
Доколку некоја мамичка знае да ми каже од која недела треба да почнам со прегледи за да се породам во систина и дали можам кај кој доктор сакам или кој е слободен.Со првото се породив во тогашна моја болница ,денес е санте плус ама таму не сакам пак и се одлучив за систина е сега незнам како е процедурата ,ако некоја мама има информација да ме упати ?
Можеш да си бираш доктор кој сакаш да те породи во систина ,а препорачливо е да отидеш прв пат околу 35 недела
За породување? Немаат породилини сали сеуште. Мислам дека докторката оди по договор на порагај во Санте плус.
Искуство некоја да не има да сподели со Гордана Петровска или Панчевски во систина за порагај? Се мислам помеѓу овие двајца па незнам или предложете некој др да изберам за порагај од систина од кој сте задоволни..
За Петровска знам дека не доаѓа кога е итно на пример преку ноќ ако ти пукне водењак или за викенд... На моја комшивка и ја водеше бременоста и не дојде ноќта кога и пукна водењакот да ја породи со изговор дека ја болела главата!
Дали некоја има искуство со др јегени од санте плус? Бев кај него на консултации и многу добар впечаток ми остави
За Трајковски сеуште немам слушнато дека пораѓа некаде. А Татјана ја имам видено на слика во Санте плус. @sofi2107 имаше спомнато дека чекале некој потпис за да пораѓаат во Филип втори, ама до каде се, незнам.
Аха во ред тоа кај мене не е проблем зошто секако ќе треба на договорен царски зашто и со првото царски сум и сега ми рекоа мора така.фала ти сепак
Ни Влатко нит Тања моментално не пораѓаат нигде Сеуште се во исчекување да започне новата клиника за пораѓај со работа. Да нема недоразбирање точно дека ќе биде новата клиника во Филип Втори, но ќе е одделно нема да имаат ништо со Филип Втори. Само ќе имаат еден дел. Клиниката ќе е на истите газди што го имаат Newborn (Турците). Здравје за второ ќе идам кај нив Ги чекав и за синко сега ама ете не отворија требаше во март-април да почнат.
Мое лично мислење е ако веќе сте решени да се пораѓање во приватна клиника да одите во Систина или ремедика, се останато е несигурно. Многу жени се одлучија за санте (поради пониската цена) и останаа незадоволни, горенаведениве болници се со искусен персонал и години пракса. Не е само докторот да е добар туку целиот тим.
Тотално се сложувам! Лично имам искуство со Систина,после породување најголемо влијание имаат сестрите од педијатрија и гинекологија,тука се на секое звонење на копче за било што,дали ти треба вода или нешто ти е,или сакаш да го донесат бебето... Докторите се битни за породување секако,но битен е и процесот потоа.Барем мене како за прва бременост и прво бебе многу ми значеше ваквата поддршка.