Не те носат во соба додека не добиеш негативен тест. Резултатите ги имаш истиот ден. Докторите во Ремедика (верувам и во другите приватни) ептен се пазат, педијатрите прегледуваат само здрави деца ама нормално пожелно би било да си ставате маски кога има визита за ваша заштита, секако 5 мин ви се во соба.
Како мислиш не те носат во соба дури не добиеш негативен? Некој друг протокол да не имале пролетта? Сега го правиш тестот важи 2нед и тоа е тоа. Шубе ми беше од цимерката пошо беше од тие што славеа мекици нејзините како ивкова слава 3 дена и не веруваат во корона Ама тоа е во иста соба 4 дена и со маска ќе се разболев. Поготово што јадеш во собата, пиеш, а да не зборам какви болки имав последно мислев на маска. И со маска кај можеш да спиеш. Тоа ја без маска едвај спиев. Тоа е помина...и ете среќа сме имале што и двете сме дошле негативни на пораѓај ј што ниедна не била асимптоматска.
Епа ако ти текнува какви фрки беа на пролет со 10-20души дневно заразени, со карантин, полициски часови нели Мене ми земаа брис во 37ма додека идев на цтг, веројатно преплашени беа, а јас се породив 40та и не ми важеше веќе. Пред сам пораѓај ми земаа брис по втор пат, бев во посебна сала и после во изолација. Бебето во 18h го видов, не знам сега како е. Инаку, на изнесување од сала чекаа болничарите некој вратата да ја отвори и еден се развика 'Ајде бе побрзо отварајте, ќе не видат на камера дека се задржуваме во ходник' дека мал простор, а многу луѓе. Ептен се плашевме тогаш сите. Во споредба со сега бројката огромна, а стравот помал
И сега прават така ако ти помине важноста на брисот а не си стигнал втор пат да се тестираш. На пример истекол во петок, ти закажале во понеделник ново тестирање а ти во недела се пораѓаш. Така не те враќаат ќе те породат ажа аконси позитивна одиш на Гак со бебето заедно. Бар така некако им функционира. Иначе да заштита нема никаква со овие 2нед важност ама ај Тогаш ептен биле стегнати за разлика од сега.
Прошлиот месец кога бев на контрола имаше баш една трудница за Цтг, лаборантот дојде со едно куферче и таму и земаше брис, во собата за цтг на први.
A parite gi prefrlaat oni na bolnicata ili na smetka pa posle se plaka? Izvini za mnogute prasanja ) ti blagodaram
Парите они ги префрлаат ти земаш профактура од систина и ја носиш во банка на основ на тоа они ги префрлаат парите само дента треба да ги известиш штом се породиш во рок од 3 дена они ги префрлаат парите
Мене ми дадоа упат сестрите што го местат цтг-то и со тој лист отидов во монтажната барака да ми земат брис.
Видете го видеото пред да ја изберете оваа болница https://novatv.mk/video-semejstvoto...svetluvane-na-sluchajot-ili-masovni-protesti/
@ladymici извини, ама не сметам дека на жени што се спремаат за пораѓај, треба да им се пласираат вакви информации. Не е во ред.
И те како треба да им се пласираат. Па овде нели прашуваат за искуство, или треба само позитивно да пишуваме.
Не да се пишува само позитивно, ама вакви трагедии да читаат жени што се спремаат за породување, јас не мислам дека треба. И онака се под стрес.
Можеби некој да ја посоветуваше Дебора да не оди во таа дупка санте, ќе беше жива. Знаеш ли дека само неколку дена пред трагедијата таа имаше пост во една група на ФБ. да и кажат искуство за санте. Исто така битен момент во видеото е дека нејзиниот гинеколог ја наговра да иде на закажан царски иако таа нема никаков проблем ни потреба од царски. Сите идни родилки ве молам не дозволувајте да ве манипулират со царски ради пари. Одете на второ мислење.
А шо во Систина и Ремедика нема вакви случаи? Баш на снаа ми при царски рез во Ремедика детето го расекле по лицето. Овие им се заканиле со тужба не знам како ги убедиле да не тужат а и не им е за пари многу имотни луѓе се, но им рекле дека ако му остане лузна на детето лошо ќе им биде. Систина пак сите ризични случаи ги праќа на Гак. Ете, иако можам без проблем да си платам не би отишла во овие две. Една количка ми чини колку пораѓајот. Но не би таму ете . Со првото ем поминат термин ем дете 4.300 гарант одма царски ќе ме правеа, дур самиот директор во Чаир ми рече греота си за царски млада си. Во Санте ми работи прба братучедка на мм она па ептен ми гарантира за таму, и уште не сум одлучена дали таму или Чаир..