Не е точно дека Систина ризичните случаи ги праќа на ГАК. Од мене по ризичен случај не верувам дека имаше. Пороѓај на 45 години, ризична бременост, да не може да биде поризична. Имав зголемен шеќер, анемија (бидејќи имам таласемија, вродено нарушување на крвта) , постелка преполна со лакуни, која на крај целосно се одлепи па се разбудив во 6 сабајле во езеро од крв околу мене. И не ме пратија на ГАК, туку докторката која ме водеше експресно стигна во рок од пола саат, а од сон ја разбудив. И тоа докторката што на форумот беше критикувана дека не одговара на телефон. Им се поклонувам до земја на Систина. На сите, почнувајки од болничари па се до најстручни доктори. А Ремедика ми се друга приказна, правев таму операција и две ин витра. Условите како во државна болница да бев. Зборам за пред 5 години, можеби сега имаат нешто сменето. Кога имав интервенции во дневна болница кај нив, на два пати толку ужасно поминав што во државна болница сигурно подобар третман ќе имав. А да не зборам за трансферите и пункциите за ин витрата. Те ставаат во иста просторија со стари дедовци, кои имале некоја полесна интервенција и само викаат по сестрите. Сега кога ке се сетам, сама се обвинувам што одев таму, колкава глупача сум била, толку пари сум давала, а ништо за возврат. И не ми е чудно за нив, дека на бебенцето им го расекле лиценцето.
Колку само завземате страни како дедовина да ви се болниците. Секој си бира болница спрема стандард и спрема стручност. Мое е да кажам дека во таа болница не сум поминала добро спрема очекувањата а не од комшиката втората братучетка вака поминала... И внук ми во систина беше сецнат на лице па јас прво во систина бев. Не добив третман каков што заслужував и се повлеков. Ремедика ја одбрав ради доктор. За условите е задоволителна,чиста. За другото одам во хотел на одмор а не во болница. И за Санте ете се десило еден случај па ја одбегнуваат. Не сум била ама ете тука сум прочитала доста пофални зборови. За државните исто,не ддкок џеб трпи да биде во приватна болница. Има и такви што се задоволни а има и такви како мене кои ја избрале приватната болница затоа што биле третирани како животно и покривани со сопствена јакна наместо со нивно кебе. Небитно. Затоа е форумов за да размениме наши искуства.
Кој можел да предвиди дека тоа може да ѝ се случи нејзе? И од кај знаеш зошто докторот ја убедувал за царски? Си слушнала дека постојат индикации за царски? Кој гарантира дека ако појдела на друго место, немаше да ѝ се случи истото, како и да била друга родилка на нејзино место дека и неа истото ќе ѝ се случеше? Не можеш ради една трагедија да обележиш цела болница. Ако добро се сеќавам на случајот, анестезиологот од државно беше повикан. Ни тоа не е важно. И медицинскиот персонал се луѓе од крв и месо, не се богови и тие можат да згрешат. Жално е што некои грешки се катастрофални, ама не значи дека ако еден доктор го исекол лиценцето на некое бебенце при царски во х институција, дека и неговиот колега од истата институција ќе го исече лиценцето на наредното бебе. Јас сум убедена дека тоа никој намерно не го направил. Или ако некоја медицинска сестра наместо инфуција пуштила дизентал, не значи дека сите медицински сестри од таа институција ќе ја направат таа грешка. Кај и да сме, Бог нека клава рака и нека не чува сите.
Па затоа го постирав видеото, те молам погледни го и се ќе ти биде јасно. Слушни го сведоштвото на сестрите и сопругот. Девојката немала никакви индикации за царски, ја убедиле дека ќе се породи како кралица. И во овој случај не можеш да речеш дека и другде ќе се случело истото, неможе бидеќи незнам јас болница што му дозволува без лиценца на специјализант да изиграва анестезиолог кој погрешно ја интубира и ја уби. Тежок криминал е сторен и никој не одговара
За одговорноста видовме дека во оваа наша вукојебина се одговара ако украдеш кебапчиња или ако продаваш марули, а не ако убиеш човек. Единствената замерка што за тебе ја имам е за темата што си ја одбрала да го постираш тоа. Родилките и така се преплашени, ова најмалку им треба.
Се породив пред неполни 2г во Санте. Имам пишено повеќе пати дека сум презадоволна, и во нега и во однос на покажување/учење. Не ми се допаѓаше педијатарот. Ама ако не му верував на докторот немаше да одам таму. Си има анастезиолози. Навистина жал за тоа што се случило и нема да го коментирам.
Забораваш дека има многу жени кои свесно, без апсолутно никаква индикација, бираат царски. Затоа и одат во приватна болница.
дали на некоја од вас породени во систина ви се има случено да бидете договорени со еден доктор за пораѓај, но на крај заради х причини ве породил друг?
Да ви кажам Само дека смениле Систина 100% . Другарка ми со болки пред 2 дена и асимптоматична испаднала позитивна и веднаш на гак ја претплатиле. Веќе не примаат изгледа позитивни...
Знам случаи, мене лично не ми се десило. П.с. го пријавив мислењето на @ladymici зашто е вознемирувачко и сметам дека вакви работи не треба да се коментираат, жени има мораат на царски, едноставно МОРААТ како мене и вакви работи не им се у прилог. Башка да не збориме и државно колку починале на природен начин. Тоа ли треба да се коментира тука? Срамота.
Да колку што знам , ама видиш не ја прашав дали е нивно или е на клиника. Нивното знам се наплаќа плус. А не и навлегов у детали, бебето уште и е во инкубатор па не би да ја замарам... Нека се приберат сите дома па ќе ја прашам, сега е у самоизолација и под стрес. Бтв прворотка, 5 прста отворена у амбулантно ќе се породела. Да знаете чисто дека има многу со хепи енд и без мачење со саати.
Сигурно и било многу стрес што ја префрлале на клиника а веќе почнат пораѓај. Па што знам дали е хрпи енд чим бебето е во инкубатор.
Абе добар е, роден е одма у 36та, мора да отседи. Не сакам ни да помислам на што и да е оти ко што знам превентивно е. Сакав да кажам ептен брзо се породи. Коа ја фатија болки, коа 5 прсти се отвори, коа се породи.
Мајки знам дека имаше пишувано за што се е потребно да се спакува во Ремедика, но неможам да ги најдам низ страниве постовите ваши. Па некоја тазе породена да ми каже што да спакувам да ми биде спремна торбата
Ја спакував еден куп работи ништо не искористив. Користев следно: Лабело, стегач, пуњач за телефон, млеко за тело, гел за туширање таму имаат само како сапун некој за раце крема за раце... Имав и шампон коса не измив немаше фен валда ако побараш даваат ама треба да видиш. Не бев толку на сила да стојам коса да мијам па и да сушам. Земи влошки за гради таму немаат. Картонче за крвна група лична карта и папката цела ја носев со комплет сите прегледи. Толку...
Ти благодарам Milkiway, значи да купам влошки за гради, а тие за добиено после пораѓај какви да земам?? Коса секако не планирам да мијам предолга е, а и за излегување од болница за мене и бебушот алишта треба да спакувам или тоа пред да излезам да оставам на мм да ми донесе
Влошки ВИР ќе ти дадат таму и мрежести гаќи ќе ти дадат од вториот или третиот ден. Ти само влошки за гради земи си ако ти надојде млеко да не седиш со спаваќата натопена. За облека ќе ти донесат дента кога излегувате и за тебе и за бебе заедно со транспортерот и во собата ќе ти го облечат бебето и ќе го наместите во транспортер.