Сите знаат отприлика кога ќе се породат, а за тоа како и кога им соопштуваат зависи од докторот и од пациентот. Штом ситно се брои во денови до пораѓај, пациентките се во главно предупредени.
Можат да кажат денес утре, или да кажат овие два три дена нема. Ама да кажат тогаш и тогаш, тешко. Плус водењак е непредвидлив и може да пукне два часа по преглед а ти кажале нема да раѓаш за брзо. Инаку и без врски кажуваат кога ке се породиш според она што го гледаат/ чувствуваат.
Сама си се викаш "кутра" друг е пристапот со поблизок само кој како си ја сваќа работава тебе ти е до паметење и расправање а не за нешто друго штом толку многу знаеш терај си и не се замарај со тие како нас што се со врски
И кај мене знаеше докторката дури ми рече ај до вечер те чекам со болки и бидна. Знаеше дека во следните неколку дена ќе биде пораѓајот. Ова во ремедика
И мене истото ми го рече @Milkiway ама јас не верував Јас и велам не бе, ова абер нема за излегување ќе го поминам терминот, она ми вика е ај ќе видиш оваа недела ќе се породиш, ама да си умна-односи да имате и да пешачиш. Умна си бев и стварно од кога ми рече така 2 дена поминаа и се породив
Ајде сега мене совет дајте ми јас како да се породам хахаха. Малку да се уфрлам во моабетов. Немам никакви знаци дека ќе биде за скоро. А веќе како презреана диња се осеќам. Утре сум пак на ЦТГ, па да видиме. Ама и вие дајте некој совет ако имате. 38+ 3 г н денес.
Точно на пациент со висом И јас немав абер понеделник преглед со рака нареден ден пука видењак во кревет цела бременост нема контракции болки и сл и кога пукна и нареден ден немав болки
Каде се пораѓаш? Удри на шетање @Lovebug01 се изнашета последни денови. Ако си нормална бременост односи со маж и ќе бидне нема кај да бега Ама удри на пешачење и качување по скали. Обично на лекар ќе те проверат до кај си ќе те подотвори и одма биднува Имаш до сега преглед со рака добиено?
Ќе се пораѓам во Љубљана, на клиника. За движење се движам, плус имам синче 5 годишно па можеше да замислиш како ми поминува денот со него, не е во градинка ради корона ситуација оти овде се е затворено. Секојдневно по 2 пати се качувам до 4 спрат по скали. Досега нити еднаш немам добиено преглед со рака,можеби утре. Инаку да,нормална бременост од почеток до крај,морам да ја пробаме и таа "мрсната "метода изгледа.
Дај Боже да биде за скоро, и баш како што опишуваш ти. Нека пукне веќе водењакот или нека фаќаат болки. Утре сум на ЦТГ па се надевам ќе биде и преглед со рака, оти веќе мачно станува.
Денес бев на преглед и прашав баш за истово. Кои точно тестови ги прават не знам но засега не примаат пациентки со позитивен тест. Ако тестот е позитивен те препраќаат на клиника.
Како иде постапката за пораѓање во Санте, Ремедика или Систина, а да не ти ја следат бременоста таму. Се уплатува од напред ижи неколку дена пред пораѓање, како иде?
Ремедика си бираш доктор и си закажуваш преглед 36та недела. На тој преглед разговараш со докторот, те прегледува, ти прави прво цтг и се договарате за следно. Оставаш капар 6000ден и со тие пари ти се покриени сите прегледи /цтг до пораѓај. Ако се породиш таму, на излегување од болница ти ги одбиваат тие 6000ден од вкупната сума.
Јас планирам во Санте, веќе во 36 недела си одиш таму на контроли цтг и ваљда тогаш оставаш капар. За некоја недела ќе ти пишам подетално А дали за таму бараат негативен тест и дали може маж во посета?
санте во 36 та оставаш пола сума 16700 ден , после на испис уште 16700 (природно без епидурална е ова цена ) , ако си царски доплаќаш плус и ако сакаш епидурална на оваа цена уште 12000 се доплаќа ... посета нема ( кај нив на страната прочитав дека имало ама веројатно ситуацијава па нема сега ) пред три недели не барале тест за ковид , сега незнам .....
Kako e sega sostojbata so poroduvanje vo sistina/remedika , vikaat ne obrnuvale mn vnimanie kako porano ili se samo spekulacii( demek zaradi koronava site bile rastrcani) i povejke odele so carski malku me plasi ovaa sosotojba se nadevam ne e vaka... nekoja da spodeli sto skoro se porajgala.
За породување не знам, ама на контролите воопшто не забележувам некоја си посебна загриженост ради вирусот. Се си тече најнормално..