Извини, не знам дали си се породила или сеуште не, но зошто би плаќала некаде 500 евра за да те породат без епидурална? Секако твој избор е, но чисто ме интересира зашто реално таков е пораѓајот и во Чаир на пример.
не мила ја во ГАК ќе се пораѓам ( се надевам ) инаку имам пријателка пред месец дена се породи во санте , а членката праша јас бидејќи имав инфо споделив ,а мене трето ќе ми е бебчево кога два пати преживеав природно без анестезија и со провокации ова третово веројатно како од пушка ќе излезе реално не сакам епидурална а ми ја понудија и со син ми и овој пат исто ама не ми е во план да прифатам ....
@Jana06 Но ете, не сака секој епидурал. Каде и да се пораѓам, нема да барам. Сметам дека нема потреба, јака сум си ќе си издржам ко со првото ( си се тешам вака )
Шпекулации Се породив природно никој никогаш царски не спомнал Па на Гак поише да не им обрнуваат внимание заради коронава. Баталете вакви рекла казала имаш теми породилни приказни, приватни болници .. читни ги
Па да, баш затоа ако не сакаш епидурал зошто би плаќала пари за да се породиш, кога тој третман ќе го добиеш во Чаир? Не мора да се согласи никоја со моето мислење, може ете некоја така си сака, само не ми е јасно. Јас ќе раѓав Чаир ама ме фати паника со короната наводно кревети немало, па се пораѓале по 16 жени на смена, а реално само безболното породување и сестрата 'на дугме' ги добиваш плус во приватна. Бтв тие што родиле со епидурал не се слаби туку имале опција и ја искористиле, 21 век сме.
Ја не би раѓала во ремедика да можев епидуралот во Гак да го добијам За што за храната? Ај ок што викаш имаш од сестрите поддршка ама 2-3 дена ќе издржам и во гак и ќе уштедев 90.000 Епидуралот е спас. Ја и со него си осеќав болки можам да замислам како ќе беше без. Епидуралот ти дава можност да одмориш додека се отвараш за да бидеш свежа на бокс и да соработуваш. А не е безболен пораѓај...
Па тоа де, и мојот не искочи безболен Ама ете, во таков период се породив, паники, стравови. Од друга страна, како што не се отварав ќе ме мачеа со денови во државна, на крај без сила ќе требаше да буткам, а беше замотан со папочната... Пу, пу не сакам ни да мислам на тоа. Веројатно пак царски ќе завршев.
Па тоа да беа почовечки немаше да се мислам. Вака според ова што читам тука во породилни не жалам што ги дадов
И јас се согласувам со @Jana06, која е поентата да се пораѓам приватно без анестезија! Тоа треба да е нормално и на државно. 21 век, а работите застанале ко баба на нива кога раѓала
Затоа што така размислуваат затоа и такво здравство. Другарка ми викаше: "Да бе ќе одам приватно ќе давам пари.Не ми треба епидурална. Порано како на нива раѓале па здрави прави " Си отиде ко попче на приватно кога виде на гак колку е саат
Еее оди ова објасни го. Нека се доплаќа веќе кога мислат дека е луксуз да имаш човечки пораѓај ама нека има опција. А не да треба Филипче татко да ми е, па да добијам анестезија. И врски да имаш спинална ставаат, а не епидурална. Боже сачувај ни е здравството, ааа си имала секс убаво ти било? Е трпи сега болки.
Уште некој дискутира за епидурална? И дека нема потреба? Ќе повторам. Без струја и интернет се живее, зошто користите? Кога не се умира од породилни болки и не треба епидурал, еве и без струја и без интернет не се умира, па ни тоа не користете
Видете девојки не да бидам сватена погрешно или не , ама сите тие приватни болници се темелат на предобар маркетинг , се темелат на добра продажба на производ , кај нив пакетот пораѓај е производ што Вие кога ќе отидете да "прашате " да се "информирате " нив им е работа и покрај здравствениот дел плус да Ве наведат да искористите некоја од нивнити услуги и да го купите... За конкретната болница ако правиме муабет има единствено поинаков пакет во таа насока маркетиншки да привлече повеќе родилки и се темели на ниската цена , со што веднаш не ги приложува дополнителните услуги и трошоци , тоа е се . Никој не вика дека неможете да добиете епидурална таму само има разлика во цена , природно без 550е , природно со епидурална 750е и секако царски 850е , пациентот бира кои услуги ќе ги користи , и колку сака да плати , така е и во секоја друга само што кај другите ако не ја сакам епидуралната реално не добивам никакво намалување на цена тоест веќе сум купила пакет па плаќам топтан , да поедноставиме , кој добива тука , пациентот или болницата? дека треба и државните да ја даваат секако дека треба , ама да бидеме реални далеку ни е здравството од таа точка на комодитет ....
Не знам, јас никаде не сум видела некаков маркетинг освен кај Санте зашто им падна рејтингот. Сите знаеме кои се породилиштата во Мк и според џебот бираме каде ќе раѓаме. Затоа реков зашто би раѓала во приватна ако не сакаш епидурална? Нема поента, освен ако имаш вишок пари. И нормално дека болницата добива, кој да добие? За нив е бизнис тоа, не се добротворна организација. Дека е прескапо, прескапо е. И нормално дека е прескапо кога е луксуз нормален пораѓај во државата. Каков пакет и да имаат Санте треба да се гледа каков персонал имаат на располагање, кои и колку гинеколози, педијатри, анестезиолози имаат (да не ги спомнувам останатите специјалисти што може да се потребни во лоша ситуација) и што може да направат за тебе доколку не дај боже нешто тргне наопаку?
@Jana06 Секој има право на избор. Ајде што мислиш да бев приватно со првото, надносено 5 дена, голем плод 4.400, ич не отворена ич болки би ме чекале ли природно ? НЕ! Веднаш царски ќе ме носеа А, да си дозволам пораѓај во приватна болница мене не ми е никаков проблем. Во Чаир ме чекаа 3 дена и успеа да ме породи природно 1 цм сечена и станата на нозе уште после 2 саата! Креветот не можеа да го внесат во апартманот. Пишав и предходно, самиот доктор кој ме породи ме советуваше не царски млада сум не е така едноставно ко што мислам. Можеби да сакав епидурал ќе го добиев бидејки директорот ме породи. Он ако не би ми го пружил кој? Од други пак, знам искуства каде со години кичмата ги боли од тие анестезии. Кој знае, можеби сакала неќела овој пат ќе морам царски, тоа е друга работа. Свесно не. И ок да не морате да напаѓате ако сакате 10 епидурали прими никој не ти брани. И да би идела убедено пак во Чаир, можда и ќе отидам доколку мојот доктор ми гарантира да ми чува апартман. Најмногу ми е заради гужвите. И многу други околу мене можат да си дозволат приватна болница, но си фаќаат врски и си завршуваат работа во Чаир. А да имам барем пола лесен како првиот пораѓај ќе бидам најсреќна
да не бидеме кратковиди , има милион други причини освен епидуралната за кои се оди во приватна болница , ова тука не ти е во ред , има цел пакет услуги кои ги НАТПЛАЌАШ , затоа е приватна , ако сакате само епидурална пишав и погоре ќе доплатиш и во чаир и во ГАК и ќе те боцнат ( постои , реално е изводливо , ако се обратиш кај вистинските луѓе ) и тоа нема да дадеш 1500 е , сум поминала во сите три од овие приватни болници интервенција , немам искуство со пораѓај ама го знам пристапот така да секоја од нив врши маркетинг и тоа е неспорно ..... пак кажувам здравствениот систем ни е виновен што сме сите ние во ваква ситуација ама поинаку во моментов неможе да биде , секој има индивидуални очекувања секој има своја перспектива и јас мојата ја кажав тука , на никој не му реков одете пораѓајте се ваму или таму
А како знаеш дека царски ќе те носеа? Тоа ти е само претпоставка. 2 пати примав анестезија- епидурал и спинал и никаква болка немам.