Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.111
    Допаѓања:
    2.179
    Со Санте немам искуство,но кога пак би раѓала,би се вратила во Систина. Можеби е поефтино таму,но верувај ми во такви моменти не вредат парите ништо,највредна е сигурноста која докторот/институцијата/околностите ти ја влеваат
     
    На LBC му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Мене ми е план Систина, уште се мислиме со мм. Кој те пораѓаше таму? Ти дојде докторот со кој се договори за пораѓај?
     
    На LBC му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.111
    Допаѓања:
    2.179
    Мене ме пораѓаше Баџаков со договорен термин за природно со провокација заради низа причини... Меѓутоа по 12 саати провокација не се отворив и морав царски. Не знам дали конкретно Баџаков би дошол било кога. Инаку многумина го фалат Бојаџиев од помладите во Систина
     
    На Black girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Мене бременоста ми ја води Др.Панчевски до сега сум задоволна од него здравје боже он и ќе ме пораѓа ,ми се допага што не оптоварува со глупости ти ги кажува најбитни работи само,до сега имам слушано за него дека кај него царски доага во предвид само ако имаш вистинска причина за тоа он оди секогаш на спонтано породување .
     
    На Elenche87 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NanaMia

    NanaMia Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    2.938
    Пол:
    Женски
    Максимално опуштена, заебанции и во сала, дека царски, немав никаква треба дека се ми беше објаднето, професионалка нема што. Нема да згрешиш за Петровска
     
    На LadyC, manako1 и Elenche87 им се допаѓа ова.
  6. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Eден добронамерен совет. Не ни помислувајте Санте.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  7. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Од повеке жени слушнав ваков коментар. Па божем добри доктори отидоа таму. Можеш ли да посочиш малку повеке зошто не ја бива.
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.308
    Допаѓања:
    285.402
    @AngelOfArh имаше негативно искуство ми се чини.
    Мижеби она ќе сподели некој збор плус.
     
    На LBC му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Можам и те како многу да посочам , ама знам дека има сестри од таму што пратат по форуми и затоа избегнувам да се ставам во ситуација да раскажувам директно што се случило. Има случаеви кои се појдени кај нив и се префрлени во систина. Има случаеви каде што за ич ништо се правени царски некои жени, додека во систина и ремедика секогаш ти си бираш како ќе раѓаш ако се тече нормално. Има случаеви каде што една таква докторка што е во Санте и е преполна со своето ЕГО има дадено погрешна дијагноза на жена ко од вчера да е гинеколог. Тоа во Систина или Ремедика сигурно нема да ти се случи. Ако се решиш за систина кај кој и да отидеш доктор -немаш утка. педијатрија односно наонатологија имаат 40 педијатри од ои 35 сигурно се одлични а другите се не помалку од нив. Кај нив човек или бебе не се случило до сега да почине. и кога ќе ти речат-ама многу случаеви од кај нив се препратени на клиника, верувај не е тоа нивен збор,туку ако нешто е покомплицирано а луѓето немаат финансии, сами бараат да се префрлат само поради парите. не поради немање стручен кадар или опрема. Систина има повеќе опрема и од ГАК тоа нека не те лаже никој дека не е така. Не се остава на случајност кај нив. сестрите нималку не спијат да речеш на уво-што ќе му дае господ тоа ќе е. даваат сите се од себе.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.071
    Пол:
    Женски
    во Санте се собрани лекари од државна,од Гостиварската болница,од Чаир ...јас не би кај нив
     
    На Mama25, LadyC и LBC им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    А што ако сестрите читаат?
    Им ги имам читано коментарите на фб страната т.е. нивните одговори на коментари од пациенти. Многу дрско, они секогаш се во право.
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    затоа што ако читаат и ми се спротистават нема да останам ни јас на тоа што сум. А најмалку што посакувам е да сум член на некој форум и да се карам на истиот :)
     
    На fina erika, LadyC и kukla21 им се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Зарем до толку непрофесионални се? До таму дојдени да се расправаат на форум?
     
  14. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Уште прашуваш. Ете има членка ко што разбрав што се породила таму. нека каже какви се. :D
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  15. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    Па докторите од систина се дојдени од државната болница, сигурно работеле некаде порано.
    Не ги бранам во Санте ама бев на консултација кај Јегени (а тој бил 10 год директор на чаир и сигурно има искуство) и премногу сум задоволна. Во бременоста одев во систина и од таму сум задоволна, ама во последно време болницата е како пазар, полна со косовари што ги вршат работите преку ред, се случило на закажан термин да чекам и по 40 минути. Систина не е тоа што беше, за ремедика не знам, не сум била
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    се чека зашто секогаш знае да има итен пород или царски. затоа и докторот ќе ти дојде кога ќе се пораѓаш, викнат од дома ако не е на смена. јас лично се пораѓав приватно и докторот ми дојде во болница пред уште јас да стигнам таму. дека е гунгула во чеклана, Е. ама зашто е тоа така? не те плаши малку ако е празно како што е во санте?
    Искрено ќе ти кажам мајка ми беше колешка во чаир со Јегени. нема да навлегувам само пак ќе речам НЕ за санте. зашто не е само гинекологот. он ке те породи...а потоа детето треба некој да го гледа нели
     
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    За Систина и јас се нервозирав порано што чекав. Ама, ми се случило кога ми е итно, да ме примат на не закажано. Ми се случило да чујам да викнат доктор итно во сала.
    Сето ова го пореметува редот. Во болница не може да иде се како подмачкано.
     
    На Dance27, LBC, LadyC и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.071
    Пол:
    Женски
    јасно ми е мене тоа
    зборуваме конкретно за кадарот во Санте
    знам кој од гостиварската болница отиде во Санте,ја знам и приватно и на професионално поле бидејки работевме во иста болница така да...

    за Систина истото го имам кажано ...три години идев за се кај нив.Последнава година пропуст до пропуст ми направиа.
     
    На LBC и LadyC им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.307
    Пол:
    Женски
    Ни под разно во Санте, тоа е олош од сестри и болничарки. Јас и на фб се карав со нив, дете од раце ќе ми испуштеа, не фала. За докторите што ме пораѓаа секоја чест, најдобри ама сестрите, ужас. Ме породија Јегени, Абдула и уште еден, топ породување и закрепнување, од Адамова не сум задоволна од пристапот а ќе ми извини јас плаќам приватно за да имам убав однос, ако ми беше за драње во државна ќе си одев. Сестрите има три асални се друго е калакурница. Само каталозите Орифлејм и Авон и лаковите за нокти ги интересираат, со воздух во инфузија 7цм,летна да листа каталог и да се лакира. Задоволна сум и од Пиперкова неонатологот, ама од сестрите не, немаат трпение да ти покажат за доење, да ти помогнат, да те научат. Што млеко молзено фрлив затоа што ќе го нахранеа со ад и ќе ми го донесеа, млекото се држело само два часа и толку, акде фрли го. Срамота! Многу повеќе очекував од нив. Ми направија и за ортопедскиот преглед проблем, на страна од тоа што имаше непрофесионален ортопед кој вчера излегол од специјализација и после само еден кесец работа отишла н породилно, па се вратила и одма ајдеее турбо работа. Ужас!
     
    На fina erika, LBC и LadyC им се допаѓа ова.
  20. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Јас ко од чума избегав од Санте. Хематом не ми видоа, можев бебето да го изгубам. Башка неклиматизирано беше, се вадеа немало мајстори, неуслужливи беа крајно и најлошо беше што плаќаш за стручен совет а ти го прават матичниот глуп зашто ти препишал терапија за да се сузбие хематомот, демек нема, а тој голем колку бебето беше.
    Фала богу се е ок, ама пари да ми дадат у Санте не стапнувам повеќе.
     
    На kavadar4anka, LBC и NanaMia им се допаѓа ова.