@Klara91 Само да ви кажам за Санте кој планира нека си уплати до крај на Декември бидејќи после нова година ќе поскапат. Нема да важи веќе тој пакет
Совет за доктор во Ремедика и која е цена за природно и царски ? Јас сум 39та но заглавив во државните ме фати паника .. дали мислите дека ако отидам во четврток ке ме примат ? Де плаќа авансно нешто или при излегување?
Јави им се веднаш за да се договориш. Претпоставувам кој доктор е слободен тој. Цените им се на веб страницата. Мислам 85.000 со 115.000, аванс 6.000. И правиш ковид тест обавезно.
Дали некој има пратено маил на Санте плус на инфото што им е ставено на фб. и дали добил одговор. Јас им пратив ама сеуште нема одговор.
Пријателка летото се породи таму, природно, без анестезија. Задоволна е, не тестираат, бараат капар пред пораѓај и е пуштаат никој на посета.. Е сега, за царски, анестезии и други интервенции не знам ..
Нема да згрешиш кој и да го одбереш, сите се премногу професионални и стручни. Достапни во секое време. Од доктор до акушерка до сестри. Немам замерка.
Devojki nekoja sega brzo sto se porodila vo sistina da mi pise sto treba stvari za vo bolnica da nosam?
Ништо не ти треба, освен паста и четка за заби и маска, лабело ако користиш и полнач, толку. јас искочив во понеделникот од систина
Зошто и јас ќе се пораѓам во Систина мене ми кажаа дека не ми требало ни паста ни четка дека и тоа го имало?
Дали за време на природен порајѓај докторот е пристутен цело време? За ремедика прашувам и не за мене
Нигде на ниедно место не седи доктор до тебе само доаѓа ѕирка зошто имаат и пациенти во амбуланта за прегледување и плус пораѓаи
Да докторката дојде ноќта и седеше до мене за рака ме држеше. Цело време беше тука и она беше таа што кажуваше како да напнувам. Во породилна има акушер, сестра од педијатрија, педијатар, анестезиолог и педијатарот
Немаше влажни марами, јас си носев со мене.. полнач, четка за заби (не ги користам нивните, но имаат таму и четки и пасти), стегачи, венчиња ако носиш и козметика ако ти треба.. Јас си носев и подебела наметка за врз пижама, бидејќи секаде ми е ладно крема за брадавици добро ќе ти дојде доколку мислиш дека ќе ти треба.. тоа е тоа, друго се има.. посета има од 10 до 12, само еден човек..
Од прием до крај докторката беше со мене цело време. Приемот во нејзина смена ми беше, остана уште една смена додека се породив. Цело време беше со мене во соба, ми правеше муабети, ме опушти.