Секако да така е тоа си е бизнис нивно си е јас прв пат ги дознав цените кога на цимеркава и кажаа дека треба да остане ремедика конкретно никаква листа нема. Поготово некој оди со избројани пари и не очекува. Иначе 5000ки од ден за мајката е претеризам. Нит ти примаш терапија нит ништо само за кревет што ти дава и јадење и вц али ај...2 болници ср и санте 3. Да отворат некои други уште 3-4 по скопјево и плус надвор пд мк ќе паднат цени
Sekakov prestoj 5000ki dnevno vo remedika. Tolku plakav koga lezev radi krvarenjeto, infuziicka obicna, 3 obroka i nadzor od lekar
Devojki dali nekoja brzo sto se porodila vo sistina znae dali pregledite i ctg vo 9ti mesec se naplakjaat dokolku tamu e vodena cela bremenost i tamu planiram da se porodam
Тестот не ми е наплатен.. никаде не го пишуваше на сметката.. само проверката на крвна група и лабораторија за бебето плус
Devojki, sto se imate porodeno vo Sistina, dali seuste e toj ist paket 3 dena prirodno 4 dena carski i dali vo taa suma of 85.000/115.000 spajga i negata za novorodenceto primer ako fati zoltica vo tie 3/4dena prestoj i ako treba plus da ima fototerapii kolku e od den prestojot? Blagodaram
Денес закажав прв преглед за во 9ти месец во Систина. Бременоста не ја водев таму, само на еден скрининг отидов во 21 недела. Планирам, здравје, таму да се пораѓам. Од нивниот инфо центар добив информација дека преглед е 2400, ехо 2600, цтг 850 и дека ништо од ова не спаѓа во породилниот пакет. Единствено прегледите биле бесплатни ако цела бременост ти ја следеле таму. Како да имам читано тука дека цтг-ата не ги наплаќаат ако се пораѓаш кај нив без разлика дали е водена бременоста кај нив. Дали некоја од вас била во слична ситуација да ми појасни што кога и колку се плаќа?
Tocno ti kazale. Ako ne si ja vodela cela bremenost tamu se se naplakja. Jas cela bremenost ja vodam tamu i istoto mi go kazaa od pocetok a i sega
Јас првата бременост не ја водев таму, почнав крајот на 8ми да одам да се запознаам со докторката .. Памтам во 8ми плаќав,ама во 9ти ниту едно цтг не ми наплатија Сега не сум редовна баш секој месец,на двата месеци одам на контрола.. Што претеруваат од година до година Ако е така ич не одам на цтг таму
Здраво на сите Искуство со пораѓај во Санте некоја што сега скоро се пороѓала што имаше пакет од 550е дали се наплаќа плус нешто после 36 недела Благодарам однапред
Јас во Санте ќе се пораѓам, бев оставив аванс 16900 денари. Ми наплатија плус 2500 денари за инфективен скрининг кој се прави задолжително кај нив и плус 500 денари за биохемиски пакет кој исто така мора задолжително да се направи кај нив. Бараат и крвна група да имаш од трансфузиолог, од возачка не признаваат. Ако немаш картонче со крвна група и сакаш кај нив да го правиш ќе те кошта плус 1750 денари. При оставање на аванс потпишуваш договор што ти е влкучено во пакетот, а што не.
Да го направив. Ми рекоа тоа за нив им требало. Во понеделник имам закажано баш ќе прашам дали е се во ред со резултатите.