Дракулевски по препорака од тазе мајки и матичниот гинеколог. Сеуште немам разговарано со него за породување. Ако од некоја причина не се договориме, Јорданчо ми е следен на листа.
Чисто пишувам на некој инфо ако му треба. Моментално сум во систина 2 ден вчера се породив. Во четвртокот ми правеа тест за Ковид 19 зошто до вчера морав да се породам. Ако си позитивна те праќаат во ГАК. Морав да се породам царски не можев природно ни со провокација само два прста бев на жал. Ме пораѓаше др Дракулрвски прекрасен доктор и бременоста ми ја водеше он. Сите се фини тука и морам да кажам не згрешив што го одбрав ова место. Тешко е дефинитвно после царски ама барем сестрите се достапни 24/7 и ти помагат цело време. За бебињата се грижат одлично и ти го носат кога и да сакаш.
Сестрата кажа дека ако треба одма се правел брз тест чинел 6000 и ги имаш резултатите за брзо така да не знам баш
Не пуштаат ни во нормални услови, во корона па ич! Не даваа, ама сега даваат. Кога бев последно на контрола ао бебе ги видов и ја прашав Зоре, ама не се сеќавам кој датум ми го кажа како пресек кога почнале. Моето бебе го сончаа додека бњв таму. И тоа баш интензивно. Исто беше и со првата ќерка. Не платив са тоа ништо.
125.000 денари, плус околу 2000 денари прегледи за бебето. Се остава 6000 денари капар кога одиш на прво цтг и на крај ги одбиваат од целосната сметка.
Со првиот преглед они те внесуваат во систем и ја имаат твојата историја за прегледите и породувањето
Devojki dali nekoja brzo sto se porodila vo sistina znae dali davaat vestacki bradavici tamu za doenje. Jas prvata ja doev so niv zaradi vovleceni bradavici sega se mislam pak dali da kupam za vo bolnica.
Имаат ама немаат. Зависи од побарувачка. Пред 2 дена имаше ама као мене не ми требаше. Вчера вечерта сепак испадна дека ми треба за едната града ама немаше слободни во моментот. Сабајле му порачав на мм да ми купи, па им ги дадов само да ги стерилизираат пред употреба. Почекај да видиш каква ќе биде ситуацијата за време на твојот престој, да не купуваш бадијала ако мислиш дека нема да ти треба за дома, мм 770 ден ги платил
@Bicka77 се надевам дека сте добро со бебенцето и дека брзо оди закрепнувањето. ме интересира колку често е бебето со тебе и дали ти го носат на доење и преку ноќ на секои 2-3 часа на пример?
Мислам нема да ти требаат, јас доев 3 месеци со брадавици исто заради вовлечени. После тоа ми се средија сами и почнав без еве веќе 8 месеци без. Пробај без бидејќи може ти се извлечени штом првото цицало, ако не може земи си.
Преку ноќ не ја носат. Сабајле накај 6 ипол ми ја даваат прв пат. Се трудиме колку може повеќе да е со мене. Ја земаат за дохрана, преглед, бањање и менување пелена. Откако ќе ја средат ми ја носат успана и си седи така со мене, си се гушкаме, па ќе ја начекам да стане некое време, па пробуваме цицање. Ако не е со мене кога ќе дојде мм, ја носат без проблем да ја погушка и он. Навечер до кај 11, 11:30 е со мене зависно од нејзиното расположение и трпение да цица.
115 000- од кои 6000 капар даваш претходно Имаш околу 1800 за бебето се доплаќа еден преглед и 3500 ковид тест се прави околу 38ма недела
@rainbow_bb Вчера вечерта до покасно остана со мене на мое барање. Претходните денови немав млеко, па ја земаа и тие ја хранеа ама среќа добив и затоа сакав да си остане со мене подолго, ради цицање во текот на ноќта.
Некоја тазе породена во Систина да ми каже за контроли за бебе и мене, има нешто што спаѓа во породилниот пакет или се си плаќам? Имам контрола за мене, за конци, сестрата ми рече 5 сек работа е тоа - затоа не очекувам тоа да ми наплатат. Имам и контрола за бебче кај педијатарот, тоа не знам дали се плаќа. Исто ми пишува во педијатарската книшка дека треба контрола кај ортопед за 6 недели, и за ова не знам дали се плаќа.
Првите три прегледи кај педијатар се бесплатни. Кај ортопед ќе си платиш, не спаѓа во пакетот тоа. За конци вадење не наплаќаат ништо.