Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.172
    Допаѓања:
    147.908
    Пол:
    Женски
    Систина е полна и Косовари и наши зашто докторите им се страшно професионални. Јас таму водев бременост и се породив, кај Кацарска, и ич не сум чекала никогаш. Чекав кај Димчев за втор скрининг и нормално е кога сите сакаат да одат кај него. Јас уште десет да раѓам би само кај Кацарска, а Адамова од Санте е сенилна баба која одамна требало да се пензионира. Јас доживеав момент кога се пожалив од неа дека не ми виде хематом, ми се јави на телефон и ми се дереше. Така по дома да се дере. Секаде ја кажувам и секогаш ќе ја кажувам дека е идиот од доктор. Толку.
     
    На LBC, Black girl и NanaMia им се допаѓа ова.
  2. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    За водење бременост СИСТИНА без конкуренција. Нај искрено секој денар вреди. И за пап и за микробиологија. Бременост ми водеше Др. Шуплиновска. Скрининзи Петровска и Димчев.
    Ама се породив ГАК ... Тоа е веќе друга приказна. :)
     
    На LBC и LadyC им се допаѓа ова.
  3. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    За Адамова не знам, сум немала контакт затоа пишав само за Јегени. Бременоста ја водев и во систина и во мојот град, и задоволна сум многу од систина од др палчевски.Секое одење сум чекала како што и пишав, значи не се работело за итен случај, секогаш каснеле со терминот. Сепак сите различно може да збориме, затоа што имаме различни искуства
     
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Јас во Систина кај Палчевски не сум чекала многу. Еднаш ми се случи 10 мин да почекам. Секој со своето искуство.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    А како знаеш што се случувачо 1ч пред да дојдеш.
    Освен ако докторот не пиел кафе и муабетел дур имало полна чекална.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Јас еве сум задоволна од Систина. Дури тогаш кога каснеше докторот 10 минути, сестрата ми кажа дека ја известил да каже дека ќе закасни дека имал породување.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Искрено мислам премногу гужва има. Некогаш нема каде да се седне. Ама па со сила никој не не тера да одиме. Е кога веќе одам немам проблем со чекање бидејќи и мене ми улетувале кога требало, а сум се убацила од нигде никаде.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  8. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.114
    Допаѓања:
    40.317
    Ама па и гужвата кажува нешто. Јас не би отишла негде кај што нема жив човек, значи смрди нешто
     
    На LBC и Black girl им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Секако. И мене језиво ми е ако нема живо пиле. Сепак, она во Систина почнува да наликува на јавно здравство. Мора малку да олабават од трката за пари.
    Одам и јас, задоволна сум од докторот, ама имам начекано и гужва до лифт.
     
    На Paka, referentka, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    За гужвата во Систина не гледам ништо лошо, освен дека е показател за тоа дека се добри, значи термините на докторите им се на 15 мин што значи имаат многу пациенти, и покрај тоа максимум што сум чекала се 15 мин, па луѓе на фризер ако чекаме 15 мин ок а тука со пациенти се работи и треба малку да имаме осет. И да, ми се има случено да чекам поради итна интервенција (пораѓај) хаха поубаво чекање здравје. И сега зар никој нема породено др. Бојаџиев ? :D :o
     
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    За мене таа гужва и хаос во привтна болница не е нормална. Затоа плаќаш, да не е како јавно здравство. Може збори за докторите, клиниката и бараноста, аа збори и за лоша организација, трка за пари и сл. Мора баланс.
     
    На butterflysk, darcy, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Докторот што ме породи првиот пат во чаир, ми отиде таму. Презадоволна од него е мал збор што можам да го кажам. Беше крајно професионален. Само што болницата не ја прави еден добар доктор. Начув дека и тој бил незадоволен таму.
    Зборувате за не професионалниот однос на сестрите во санте. Јас во чаир искрено да ви кажам, ем државно,ем професионални. И Македонки и Албанки. Имаа трпение да стојат до мене и да ми помагаат да научам да дојам правилно, стоеа до мене на станувањето на почеток да не случајно ми се заврти, се договаравме, тоа по нивен предлог, прво ми го носеа да пробам да го дојам, па после му даваа дохрана, се со цел бебе да биде мотивирано да влече.
    Инаку од друг да слушам немаше да поверувам. Но мојата братучетка ја вратија од систина. Сакате верувајте, сакате не. Жената нивен пациент 10 години со неколку инвитра таму . пред две години се случи. И пукна водењакот во 26 недела со близнаци. Се погоди чурук доктор во страшна гужва. Муабетот до пари не стигна. Инаку лугето се и добро ституирано. Но ете, момент на одлука на доктор, не сакаше ни прием да направи. Со зборови дека џабе е. Случајов ми е со име и презиме, не од рекла казала. Не тврдам дека болницата е лоша, напротив и јас скрининзите таму ги правев.
     
    На Freyja, kikin, Lolipop23 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Женски Ве молам некаој да ми каже каде се вади извод за бебето, бидејќи не сум од ск а во Систина планирам да се пораѓам. Фала многу.
     
  14. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Во скопје во матичната служба што се наоѓа преку камениот мост
     
    На BellaS му/ѝ се допаѓа ова.
  15. janickaskopje

    janickaskopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    264
    Ах да имам кеш :)))него ај си се тешиме ние исто ти е и таму болки и ваму ама мислам дека не е исто :)) мислам дека психичката траума е помала таму ....
     
    На fina erika и NanaMia им се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Кај кого ќе се пораѓаш во Систина? Договори? И кога ти е термин?
     
    На BellaS му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Можеби негата во приватна е подобра, не викам не. И условите и се друго. По мое, стручноста зависи, и на државно има професионалци нели. Ама немам пари за фрлање. Имав добро искуство во Чаир, и нареден пат ќешки да дочекам, би го доживела на истото место. Задоволна сум и затоа не би дала пари за на приватно да раѓам (секако ако имам премногу можда би). :)
    А скрининзи праев и јас во систина, ама нареден пат кај матичната би ги праела зашто и она е со истата опрема. Ете тоа имам да кажам :)
    И да се редактирам за чекањето. Во Систина на скрининзите чекав по 40 минути, повеќе отколку кај матичната. ;)
     
    Последна измена: 25 мај 2017
    На Freyja и joy1 им се допаѓа ова.
  18. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Во Систина да, не сум закажала сеуште, јуни ќе е секако докторот треба да каже која дата точно.
     
    На Black girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Си поминала читам фала богу добро во чаир меѓутоа ако сака некој Систина или Ре медика не му солам памет дека е скапо и дека немам пари за фрлање еве јас пробав и во чаир а може би а може и сигурно би одела на приватно па и да земам кредит на крај краева кредити земаат за глупости а не па за здравје
     
    На m.i.g, Seduction и eli25 им се допаѓа ова.
  20. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Не сме се разбрале. Не солам памет никому, ако ме прочита добро ќе сфатеше дека мое искуство кажувам. Јас ја почитувам сечија одлука, сите мои блиски се пораѓале во приватни болници па не сум се вмешала, која сум јас. Секој со го знае џебот. Јас немам за на приватно пари да давам, и само споделив дека и на државно поминав убаво. За раѓање сегде ќе родиш. За мене лично зборам, кредит не земам за пораѓај, во никој случај. Мислам дека форумот е слободно место секој да си го каже мислењето за себе, а моето е дека јас лично не давам пари да раѓам на приватно. Се разбравме сега? :)
     
    На stevemila, SuperGirl24, Kitten и 3 други им се допаѓа ова.