За закажан царски баш мора ден претходно да бидеш примен во болница? Не ли може од сабајле да си појдеш има некоја таква опција? За Систина конкретно прашувам.
после безбројте прашања што ги поставив во темава и одговорите што ги добив (фала!), решив да го споделам моето искуство за престој и пораѓај во систина. во глобала сум презадоволна и повторно би се пораѓала таму. хигиена, нега и внимание на ниво. како што се менуваат смените, влегуваат по два-три пати на ден за дополнување на сѐ што би можело да ти фали (влошки, мрежасти гаќи, санитарни ќесички, чисти пешкири, спавачи, големи пелени за на кревет...). по пораѓај, секој ден те проверува гинекологот што те породил (или некој друг ако не е твојот на смена) за тоа како си и како зараснува раната; различен педијатар ми доаѓаше два пати на ден за да ме извести за состојбата на бебето; сестрите од неонатологија ти го носат бебето три пати на ден или колку и да им побараш и те подучуваат за доење (само во овој дел не бев задоволна од сите, некои доста болно ми ја местеа брадавицата, но среќа последната вечер ми се погоди прекрасна сестра што ме спаси кога градите ми станаа камен, а малата немаше сила да влече како што треба - може по потреба да ти донесат електрична пумпа за да се измолзиш, силиконска брадавица и ланолин); другите сестри се секогаш на повик доколку ти притреба помош околу станување, туширање и сл. или пак, доколку им побараш кетонал за болки, дијазепам, ациди борици како облога на влошката (топло препорачувам, јас ставам на секое менување и приметувам намалување на болката и отокот долу)... храната не е ништо посебно, добиваш по три оброци на ден со литар сок од јаболко и шише вода. екстра течности можеш да си побараш кога сакаш. мој совет е да се спакува по некое енерџи барче, непечени апетисани и суво овошје во случај да не не ти се погоди јадењето. кога сме кај пакување, би советувала да се понесат и гумени папучи/апостолки затоа што одводот во туш кабината не ја носеше водата ко што треба и дур се тушираш може да си пловиш во крвави партали. од други работи за пакување: мало крпче за лице (нивните пешкири ги користев само за тело и раце), сет за лична хигиена, полнач со долг кабел или екстерна батерија, стегач за коса, лабело. облека за излегување и за бебе носи партнерот на денот на испис. партнер може да те посети секој ден од 10 до 12, а првиот ден кога ќе се породиш било кое време. на ден на испис добив торба со бекутан производи, мустела тестери, ваучери со попуст за електрична пумпа, ќебенце и перниче. сертификатот го немам уште земено, рекоа ќе ми го дадат на некоја од педијатриските контроли. мислам дека покрив сѐ. јас немав број од димчев, знаев дека доколку не се погоди на смена, го известуваат телефонски за да дојде и така и беше во мојот случај. а инаку, како што се шетав од еден на друг крај на ходникот за да се раздвижам, баш приметив дека најчести доктори чии родилки лежеа во собите додека јас бев таму беа димчев, петровска, палчевски и иванов (пред секоја врата од собите има име на доктор). на визита ми доаѓаше секој ден освен последниот затоа што беше втора смена, а јас напуштив болница пред тоа. точно е дека е презафатен но си води грижа за пациентките, едно сабајле дојде да ме ѕирне набрзинка пред да се пресоблече во униформа за работа. краток, концизен и не многу зборлест, ама па јас таква комуникација си преферирам.
Првиот пораѓај ми беше царски и таму. Ден претходно ме примија. Ако отиде во 8ч во колку ти беше царскиот?
Мене царскиот ми беше закажан за во вторник, а ми рекоа во понеделник дека треба да одам за прием, се пораѓав во 2018
Јас отидов ден претходно, зошто бев закажана прва на програма за нареден ден, во 9 сабајле. Блиска моја отиде истиот ден сабајле, попладнето ја породија. Мислам дека има врска со закажаниот термин во сала.
Фала ти најмногу Зошто во Систина не даваат сопругот да биде присутен за време на преглед? Порано не беше така. Во понеделникот сестрата му рече на мм да чека надвор