Вие што сега брзо сте се породиле Систина, пренесете искуство/кој др ве породи и колку плативте за се?
Во декември се породив, Доктор Гордана Петровска, плативме 130000 денари, имавме приватно здравствено осигурување од Халк кое покриваше 1800 евра царски рез а остатокот го плативме.
Се породив почеток на јануари. Царски рез, Др. Дракулевску. Се мислам излезе околу 131000. Приватно од Еуролинк покри околу 119000, доплативме 11300. Позитивно искуство освен еден момент. Никој не ми ги јави резултатите од пцр, се стегав у соба 3 саати незнаејќи што ќе се случи со мене. На крај се пресрамив и побарав сестра у соба за да прашам...
Мамички породени во Ремедика, споделете ми искуства, кога ви го дадоа бебче прв пат да го видите? Дали ви го легнаа на гради одма штом излезе? Како е со доењето? Ви дадоа ли да му дадете колострум? И дали во првите 24 часа му даваат ад или е само на града? Дали прво ви го носат на доење па после ако е недојадено му даваат ад? И дали има некоја породена кај Симонида Котларова да ми сподели искуство?
јас се породив таму, завршив со итен царски, ми го дадоа бебето веднаш, не сликаа заедно и зедоа тел и го сликаа и бебето додека го мереа и облекуваа памперс. Потоа ме пратија на интезивна нега 2 часа па откако дојдов во собата ми го донесоа бебето. Не ми ја дадоа на града после царски,а потоа во собата ми рекоа дека од сабајле ќе почнеме со јадење дека беше полноќ некаде и бебињата биле најадени скоро после породување. Ова сега ми е мн чудно и една од причините што не ми дојде млекото како што треба. Јас сум мајка по прв пат и не знаев дека доењето не доаѓа само од себе, дека тееба бебе на града нонстоп, буквално мислев дека ти доаѓа млеко и тоа е тоа. Ова е моја грешка ама па и треба да те упатат подобро Ако сакаш да доиш нагласи им да не му дават Ад на секои 3 часа, на моето му даваа Ад па ми го носеа во соба и го ставав на града но секогаш беше најадено и не влечеше туку веднаш заспиваше. Потоа ја видов и табелата што запишуваат и се потврди дека даваат ад на точно 3 часа многу ми е криво што не знаев многу работи и мене лично за доење не ми помогнаа, во тој дел сум разочарана. Да, покажаа како да го ставам бебе правилно, беа тука за разговор ама да дојде ред пак да родам, ќе им кажам да не му даваат ад толку често, макар било со мене во соба цел ден.
Заради ова и прашувам. И јас ќе бидам мама по прв пат. Ги следам сите семинари и курсеви за доење и знам дека мора бебе да ти ја стимулира градата и што почесто да се става на града за да имаш млеко. Затоа ме интересира да знам дали им е стандарден протокол ова или морам јас да си нагласам и да се борам за да му го дадат да го дојам. Фала на одговорот мами
Барем ремедика е болница која форсира доење. Тоа што си царски допринесува да не ставиш бебе веднаш на града додека се исчистиш од анестезија а и млеко доаѓа малце подоцна за породени со царски. Знам дека пред секое давање на ад ти го носеле да го ставаш на града. А млеко да тече може и 2 месеци да пројдат додека воспоставиш лактација. А за членката @kostovaivana задоволна од условите со две ме породи Симонида. Убаво искуство
@kostovaivana јас се породив со Др Симонида природно. Задоволна сум од докторката. Кај мене беше друга ситуација и не ми ставија бебе одма на мене кога се роди, инаку одма ги даваат. Бебето ми беше 2 дена во инкубатор (не беше со кислородна поддршка) , но веќе вториот ден ме викаа на одделот и ми ја даваа да ја дојам. Така ми дојде млеко. Првиот ден на секои 3 часа ме викаа за доење. Прво бебе на града, па додаваа ад. Во соба ми оставија електрична пумпа за да одмолзувам после секој подој да стимулирам, и термофор за масажа на градите. Од третиот ден бебето беше само на мое млеко, откако ќе цицаше ќе му дадеа од моето молзено. Се на се, многу сум задоволна од третманот во Ремедика.
Нема зошто да измислувам, бебето ми беше носено 6:30 сабајле, ред на Ад им беше 6ам, 9ам, 12 итн. Секогаш после Ад. Убаво ако форсираат, кај мене тоа не беше случај
Нема никаква врска анестезијата со доењето. Тука има различни искуства од Ремедика, а баш истово искуство што го имала @Katerina94 го имале и други во однос на доењето, точно ѝ го знам случајот еве на @mariz, нека извини што ја означувам но ако има време ќе ви пише и таа на кратко. Во суштина бебе првите 24 часа не му треба никаква храна, доволно е малку колострум, знам дека таква е практиката во некои болници да не се хранат бар првите 12 часа. Незнам зошто во Ремедика веднаш ги хранат.
Епа сигурно во првите 24 саати му дадов. Наредното сабајле што значи после 10 саати 12.... Зборам за веднаш после вадење да цица незнам за природно ама за кај царски не може. И секое носење бебе да форсираа да вежба и учи да се дои. Во врат буквално ми дишеа сестрите и оценки ни пишуваа. Е тек после можно беше да додаваат ад. Јас бев 2 месеци ао плус ад. Но тоа за ремедика го искусив два пати. И тоа вториов пат не смеев да дојам па гледав на сестри и педијатри колку им е криво што нема ова бебе да е цицалче. Фала богу сите имаме различни искуства насекаде. Овде сме да ги размениме.
знам случаеви посебно во странство, бебе се става веднаш на града и после царски рез. а тоа што “знаела” дека ми го носеле пред да дават Ад ми е пресмешно- ни е била со мене во соба, ни пак значи дека ако таа имала едно искуство дека сите поминале исто. Девојката праша за болницата, тоа беше моето искуство. Здравје за второ јас ќе си кажувам како за носење и хранење за таа цена што ја плаќаме
Така е секој си очекува да добие третман каков што си заслужува. За жал далеку сме од странство во однос на трхники на доење. Но пред 2 години бидејќи ми беше прво навистина да не беа сестрите јас појма кр си немав да го наместам на града. Сега не доев па незнам како настапувале... Така да не да мислиш дека земам одбрамбен став кон ремедика за мои и твои пари таму бевме... и фала богу очекуваме се што треба
Колку чини природен пораѓај во Ремедика Повеќето пишале цени за царски , за природно никаде не прочитав..
Тоа ми беше зборот, ако членката не знае ништо за доење како јас што бев, а сака да дои, да знае да си каже пред давање Ад да и го носат доколку се погоди исто или слично искуство како јас што имав за да не се случи истото. Не значи дека ќе биде така Така е, кога немаме убави услови во државна се очекува се да пројде добро во приватниве за огромните суми што ги плаќаме
Неможе но само од практични причини, зашто жената е оперирана. Но еве читам многу искуства каде што и после царски ги носеле бебињата само после 3 часа во соба кај родилката па зашто да не ѝ го стават на града и да пробаат да влече. Секој момент е многу битен. И кај природен пороѓај не ти го оставаат веднаш, кај нас во Мк нема таква пракса. Прво го носат да го зачистат и да ги направат сите педијатриски прегледи па дури после саат-два ги носат кај мајките. Убаво е да си знае секоја мајка и да си го бара своето право. И јас незнаев за прво, си правеа во болницата како што нив им одговара. За второто се изборив да ја прекинат дохраната уште наредниот ден.
Не форсираат доење, посебно ако си со царски, тоа е и моето искуство. Одма силиконска, одма дохрана, одма немаш млеко.. Спротивно од она што пропагираат на вебинари. Ниту пумпа да ти дадат со преполнети гради и треска. И на тие контроли кај педијатар форсирање дохрана од одма .. Првиот месец кога треба да се форсира доење го поминав во хаос со силиконски брадавици и зголемување дохрана. Среќа со друг педијатар што форсира доење успеавме до крај на 2 месец да сме на 80% доење.
Да не се повторувам и јас, само ќе кажам барајте си ги правата. Во секоја болница не можат сестрите да постигнат секогаш, има повеќе родилки и бебиња сите со некакви барања на 5 минути. Ќе си кажете како сакате да биде. Мене ми го носеа шишето со ад во соба неколку пати, прво го 'доев' (во наводници зашто немав уште млеко), а потоа му го давав шишето. Јас немав ништо против да му даваат ад, баш прашував секогаш дали е нахрането, млеко ми дојде на искачање од болница. За после пораѓај моето искуство е од пред 10 месеци во хаосот со короната и сигурно од тогаш е сменето. Мене не ми го дадоа веднаш зашто бев во изолација, стигна негативниот тест 6 часа по пораѓај и тогаш ми го оставија 3 часа во соба. Не знам како е после природен пораѓај и закажан царски ама јас после цела непроспиена ноќ со болки и царски во 11.30h не бев способна да се грижам за бебето, сакав да одморам и поспијам.
Јас па убедена бев као од анестезијата. Па нели тродон не боцкаат и чекаат можеби организмот да се исчисти ... но ова мое мислењеси беше. Но убаво е вака да се знае и дс си побараш зошто да не