Во РеМедика даваат АД, цуцли, силиконска за проба, го носат бебето за да стимулира... Лично, ми помагаа ептен да се наместиме да најдеме позиција соодветна. Ми даваа перница за доење, дремеле сестрите главче и држеа абе смешки бевме. Мојата фати-пушти беше не и течеше ништо па нервозна беше ама успеавме. Кога почна да си надоага млекце убаво се си беше како што треба. Цимерката си имаше млеко бебушот и го носеа цело време за цицање.
Пробај да издејствуваш стално да ти биде бебето во соба, и нагласи им да не му даваат цуцла лажливка. Со лесно.
Јас имам супер искуство со Ремедика. Се породив царски после три часа ми го деноса во соба. Сабајлето ми го ставија на града и дека имам вовлечени брадавици ми дадоа да го дојам со силиконска брадавица. Цело време си седеше со мене во соба, само за прегледи го зимаа. Кога беше буден учевме како да го дојам, сестрите ми покажуваа позиции на доење, ме масираа и ми објасуваа како да се масирам дома, ако има потреба. Кога ми надојде млеко третиот ден дека одма ме измолзија со пумпа. Од таму излегов со највисока оцена и од прв ден дома бебе ми беше само на доење.
Јас со првото сум природно породена, млеко ми дојде убаво 3,4ти ден, исто и со второто ми беше царски породена. Инаку првите 2 дена не ми ја носеа дека не ја вадеа од тоа "топла соба" нешто како инкубатор полуотворен кој топли и ја ставаа на кислород, а од 3ти ден веќе ја тргнаа и ми ја даваа... јас веќе вечерта 3ти или 4ти ден, тон млеко ми надојде, пумпа ги намолив да ми даваат и во тие 5 денови еднаш ми ја дадоа. Качив и температура, знам тука на фемина барав совети, гради огромни, млеко тон, течеше насекаде, бебе најадено ми го даваа (на картоните што стоеја од страна на креветче имаше кога пиела), најадена дека 2 пати ке повлечеше на секое ставање на града и толку. Еден ден знам дури плачев, им реков не и давајте ад, ке седам будна донесете ми ја во 9, 10... 12,1,2 дојде не ја носат, а ја вриштам од градите. И така тоа млеко што не го вадев одеднаш секна на 5ти ден и дома си отидов со кожинки издишани гради и што не направив да сака да цица и да ми дојде пак убаво, ама ништо. Си се мачевме и двете до кај 5м и цице и ад и се откажав за жал... зашто хорор ми беше секој подој (вриштеше и се тргаше). Со првото немав такво искуство, зашто он уште на ненадојдено млеко од прв ден влечеше и од старт беше на цице (а за го доранат во болница му даваа со шприц, додека во Ремедика е со шише)...
Од немање доволно сестри на државно, прават услуга на мајките. Бебе со тебе постојано и шприц со ад. Срамота е на 2000 евра да прават такви пропусти.
Може повеќе да ме упатите вие што сте Систина породени, како е ова со Еуролинк/Халк итн. што ви покрива дел? Што треба да се нсправи, ептен сум неупатена...
Се работи за приватно здравствено осигурување. Во Систина имаш можност дел од трошоците за породување или било која друга услуга да ти бидат покриени преку осигурителната полиса. Соработуваат со скоро сите осигурителни куќи во Мк а и Косово. За конкретните соработки можеш да видиш на веб сајтот на Систина. Колку покрива и што покрива полисата зависи од самата полиса што ќе ја одберете. Треба да си побараш понуда од осигурителната куќа која ќе ти одговара во поглед на месечни рати и покриени услуги. Самата полиса би се однесувала на сите ПЗУ. Мојата полиса конкретно е бенифиција што ја добивам од работодавецот па не би знаела да ти кажам точно како иде со уплати. Еве @Moce19 нека ти раскаже за нејзината во Халк.
Здраво, јас бев осигурана преку мажми, кај него во фирма имаа понуда за сопруг, сопруга, плативме 200 евра за цела година, работата е што осигурувањето има каренца, односно може да се користи после 8 месеци, тоа е така само првата година а после тоа наредните не. Ми покри 3 гинеколошки прегледи кои беа од иста важност и го покри царскиот рез, 1800 евра. Остатокот си доплативме.
Некаде прочитав дека ако имаш име за бебето од приватните болници го пријавувале за извод и давале уште додека сте во болница. Колку од ова е точно и дали имате такво искуство со Ремедика?
Не е точно мене ми дадоа лист само што треба да имам документација за да го пријавам бебето и детално објаснување Ова за ремедика
Порано било така, јас пред 10 месеци се породив и сами си поднесовме за извод. Го пријавивме во Управа за водење матични книги, го подигнавме од општината по 10 дена.
Од болница само испрајќаат име податоци дека тогаш и тогаш во толку часот е родено живо и здраво дете. Па вие потоа си поднесувате барање во матична служба
@kostovaivana И моето искуство во Ремедика во однос на доењето не беше баш позитивно. Се породив со царски рез и ок, ми го носеа постојано, бидејќи цело време им висев над глава и барав да го видам, меѓутоа не ми покажаа ништо. Јас како прворотка не знаев како да го наместам на града, па ќе викнам сестра, ќе ја замолам да ми покаже. А пак таа, ќе ми го стави во положба за доење, ќе ми рече супер фати и ќе си отиде. Додека излезе низ врата сестрата, бебето веќе ја пуштило градата. Јас во болница имав само колострум, после две три недели асално ми надојде млеко и сега сме на комбинирано (доење+ад). Меѓутоа не можев ни дома да најдам положба која ќе ми одговара, педијатрите од таму едно кажуваат, сестрите друго, не се синхронизирани. И искрено добив впечаток дека доаѓаат сестрите, само зашто ги викаш, а гледаат да те откачат по брза постапка. На тие износи кои ги плаќаме, треба сите да излеземе сигурни во себе во однос на правилно држење на бебе, положба на цицање која најмногу одговара и сл. Од останатото сум и повеќе од задоволна.