Секaкo декa привaтнo е милиoн пaти пoсреденo aмa личнo јaс немaм пaри зa тoa.... ПРЕТЕРАНO Е СКАПO, ПРЕТЕРАНO!!! Привaтните бoлници пoстoјaт 10тинa гoдини претхoднo немaше избoр сите oдеa нa држaвнo. Мислaм декa се издржувa и брзo ќе пoмине сo пoзитивнa мислa. Акo недaј бoже нештo се искoмплицирА oд привaтнo нa држaвнo ги прaќaaт.
Ама пак зборите "за некој". пак ќе кажам, за мене зборам јас, а тој некој нека си каже за себе. Мислиш болките помали се на приватно или ич не боли? Ќешки се да е во ред и здрави прави деца да раѓаме, па кај било кој каде сака нека раѓа. Може така?
Ти во Систина исто? Точно е се кажано, но како што кажа една членка, знам дека ги праќаат во државно бидејќи луѓето сами се откажуваат ако се искомплицира нешто да продолжат во приватната бидејќи е па уште поскапо ако се искомплицира. Имав слушај лично јас за детето во Систина, дадоа терапија се убаво ама не можевме таму во болница да останеме сите денови бидејќи беше скапо.
Може помалку да боли на приватно, да. На државно само со врски ставаат епидурал, а на приватно е друга приказна.
Кога пишуваш пост, очекувај и дека ќе врати некој, нема потреба од таков одговор. Според мене, кој каде сака нека се пораѓа, ама не ми се засвиѓа делот дека е фрлање пари. Секој си знае. Има некои земаат кредити за одмори, свадби, веридби да прават, за да купат луксузна кола, а има и купуваат бебешки колички од 1000 евра, а кажуваат дека за пораѓај е скапо. Ова зборам општо, не за тебе секако.
Ок. Се сфативме дека и јас и ти си го кажуваме своето мислење. Нормално е дека ќе ми вратат на форум. Јас не сакам да се карам. Другото, секој си прави како си мисли дека е најдобро за него
Мислам дека веќе не е како порано ,дека не праќаат ако нешто се искомплицира во државна ,еве конкретно за систина на таква апаратура и толку добар тим на доктори не гледам причина зашто би те пратиле во државна ...туку се согласувам со мислењето на @BellaS дека ние поради недостиг на финансии се откажуваме од понатамошно лекување во приватните болници и одиме во државна .
Да да, сеуште е како порано за жал. Незнам која е причината, ради нарушување на реноме или... Знам за два случаја за праќање на родилки на Гак поради алергиска реакција на анестезија.
Мамички, едно прашање.. Доколку ме фатат породилни болки навечер, како е редот за во Систина? Каде треба да одам, каде да се пријавам.. ? Кој ќе го извести докторот, кој ќе ме преземе, има ли дежурства?
@Natasa. P Јас планирам таму да се пораѓам. Докторката ми рече, колку и да е часот, да дојдам на ургентен да се пријавам. Таму да ме прегледаат, да видат дали бебето излегува за скоро или пак не. Доколку има потреба, нејзе и се јавуваат во било кое време (од ноќта) и ќе дојде. Доколку бавно се одвиваат работите, докторката ќе дојде во работно време и ќе ме прегледа.
Ви благодарам, не дојде ред да зборнам со докторот за тој момент, а мм нешто исплашен ми стои, па кој ќе не примел, кој ќе му се јавел на докторот, болницата затворена била ноќеска.... што ќе правел тој сам ако почнам да се пораѓам ..го фати некоја паника
Најчесто порано за сега не сум во тек испраќаа во државна покомплицирани случаи за не дај Боже ако не оди работата во негативна статистика да се бележи на ГАК,зошто никој приватњак не сака негативна реклама и во статистика да му стојат смртни случаи пак не дај Боже.
Имa случaј нa рoдилкa кoјa пoчинa вo систинa пред некoлку гoдини кaкo реaкцијa oд aнестезијa. Штo не јa прaтиле и неa нa гaк. Дaјте сo прикaзниве луѓе, мaјкa ми рaбoти нa зaведувaње нa умрени секoј ден и стигнувaaт пријaви oд систинa , тaкa мислите е тoa се влoши сoстoјбa и aјде бришкa нaдвoр
Да помалку боли зошто добиваш анестњзија ако посакаш, а во државна ти требаат јаки врски и подмитување за една м.чана анестезија која не ја даваат од џеб па уште треба и да подмитиш. Плитко ти е размислувањево во секој случај. На ургентен, те превзема дежурниот гинеколог, па ако ти дојде твојот добро ако не тој што е дежурен Инаку си има демурни анестезиолози, акушерки, сестри..буквално се. Без грижи
@wannaBeMomma Зборуваме за "плитко" размислување веќе....? Ок, за мене плитко размислување е дека породилните болки се помали на приватно па за тоа да дадам куп пари, фала ама не....прост пример, жена од внатрешноста решила да раѓа во скопје на приватно, ја фаќаат болки брзо се отвора, боли упм, додека да стигне отворена 8 прсти. Господа, фала ви за анестезијата, ама за два прсти ќе почекам уште малку и не се боцкам ни под разно во грб. Ете јас такво размислување имам, и во приватна да раѓав ќе одев скроз природно. Се ежам од помисла на игла во грб. И не ми збори за плитко размислување, а ако ти беше поентата да вреѓаш, ок.
Ај за пораѓај ќе помине, ама за негата после тоа. Ајде ти се молам, на братучетка ми после царски на ГАК и го дале дрско детето и немало кој да и покаже ни за доење и плачела зашто беше измрцварена. Ми се јави тогаш да ми каже како и било
Мислам дека треба малку да ја смирите топката. Има мајки кои неможат ни да помислат за пораѓај на приватно.