Моето искуство е од пред 4 месеци. Мене ми беше бебето првите 2 дена на надзор кај сестрите и првиот ден ептен се напнав што не почнуваме со доење, тек вториот ден почнавме. Ме викаа на секои 3 часа да ја дојам. Не ми беше дојдено млеко и и додаваа ад. Мене ме изнервира пристапот нивни "Џабе ќе пробуваш на голо, мораш со силиконска, рамни ти се брадавиците" а не ми беа. Да не беше форумов никогаш немаше да бидам толку информирана и да успеам. Е имаше 2-3 сестри кои беа ептен фини и ми покажаа позиции за доење, ми дадоа пумпа во соба да се одмолзувам, термофори за градите да ги масирам. Од третиот ден бебе беше на мое млеко- се што не ќе исцицаше го одмолзував и им го давав да ја дохранат. Последниот ден пред да си одам не ја ни земаа за дохранување, во соба доаѓаа ми покажуваа, ми донесоа прибор за пресоблекување сама да се учам (ги замолив јас зошто ми беше страв). Буквално се што побарав добив и затоа сум задоволна. Тоа е мое искуство од пост-породилната грижа во Ремедика, многу поразлично и од блиски што сум слушала кои не биле баш задоволни. Можеби не очекував којзнае што па затоа добро поминав..А за пораѓајот и водење бременост уште 10 деца да родам кај Котларова ќе одам. Жената е цар. Со другите докрори немам искуство зошто таа беше со мене цел ден кога се пораѓав, остана уште една цела смена и со мене во соба седеше. Барајте си се што сакате, на таа сума греота е да излегувате незадоволни од таму. Па и по цена досадни да бидете.
На породување ми беше заедно со Котларова, супер беше и цело време зборувавме, се шегувавме. Породувањето ќе ми остане во спомен како прекрасно искуство и уште додека ме затвораа, прашав кога може да се видиме пак на истото место. На визита Белевска ми беше еднаш, ништо посебно, како и секој друг што помина. Освен Котларова што ме посетуваше и ми се јавуваше да прашува како сме, особено како е малиот. Го испослика кога го однесоа кај другите бебиња и ми прати слики додека бев на интензивна. И анестезиологот ми обрна доста внимание и во сала и на интензивна доаѓаше. Од сè сум задоволна, ептен се грижеа добро после породувањето, љубезни беа, доаѓаа секогаш, гледав дека со малиот се внимателни, само ете со доењето што излезе така. Ако имам второ, ќе знам што да барам
Да ве прашам, имав закажано за во Систина за царски за во среда, арно ама ми пукна водењакот, сега може да одам директно таму или треба прво да се најавам, искуства? Дали мора кај тој доктор или
Здраво,бидејќи си тазе породена,доколку памтиш ти правеа во ремедика тест за ковид?и доколку пример испаднеш позитивен те препраќаат на клиника или тука пораѓаат?
Оди душо и кажи кај кој доктор си, ако треба да раѓаш денес ќе го викнат од дома, и јас водам бременост во систина и баш за ова ми објаснуваше докторката, кажи само сакам ординирачки доктор да ме породи и ќе дојде, со лесно
Да прават, т.е. земаат таму и ги праќаат мислам во Жан Митрев или можеш да однесеш од било каде од приватните лаборатории или од Институт за јавно здравје. Тестот го правев во 38 недела и важи 2 недели. Ако си позитивен те праќаат на ГАК.
И да не се, ни бараат ковид тест на своја сметка за да се пораѓаш таму и нема смисла да брзаат и да не си ја бркаат работата како што треба
E taka de posle godina dena vo pandemija ne naucija li maska kako se stava...pre ke recam deka izgovor si baraat
Секој треба да си ја брка работата како што треба. Не треба да брзаат, точно, ама иако вие сте негативни на пцр тестот, не значи дека тие не можат нешто да ви пренесат. Во тие денови дури сте таму, вие немате контакт со болни, ама сестрите не живеат во болницата и може вам нешто од надвор да ви донесат. А како родилки сте ризична категорија. Да, таму се да ви помогнат, ама без претерување со контактите. Не се тестираат тие секој ден за да знаат дали имаат или немаат корона.
Nivna profesionalna obvrska e da se pazat i da ne se zarazat, da si nosat zastitna oprema i da si ja vrsat kako sto treba rabotata, a ne koronata da bide izgovor. Pred korona imalo i drugi bolesti sto mozele da ti prenesat na rodilkite i bebinjata pa se rabotelo kako treba. Na kraj kraeva neka ne pustat doma posle 2 dena i ke si se snaogame, a ako sedam 5 i plakam za 5 plakam i za kompletna usluga. Tie treba da znaat sto i kako da pravat za da ne se zarazime edni od drugi za toa ucele za toa bile trenirani. Ne prifakam pandemijata da.bide izgovor za zabusavanje vo rabotata a cenata na uslugata ista. Vo privatno sekogas ocekuvam poveke.
Не знам какви очекувања имаш од пораѓај во приватна болница и како си замислуваш дека ќе изгледа. Да, полесно е, имаш избор за 'безболно' породување, имаш сестра во секое време на располагање, го носат и земаат бебето кога ќе посакаш за да одмориш, не се спремаш од дома и се имаш таму ама сепак е пораѓај. Ако уште непородена мислиш дека нема да ти ги исполнат очекувањата најтопло ти препорачувам да си одиш во Чаир, барем нема да жалиш за дадените пари.
Се согласувам, но конкретно зборував и за мојот случај каде им напоменав поспоро да ми ја ставаат инекцијата за кое не ме послушаа и секој ден се брзаа и завршив со огромен хематом. Да, може да се избегне непотребен контакт или побрзо завршување на работата, но не и по цена на здравјето на пациентот
Сега 4 дена се седи со царски поради пандемијата, не е 5. Немој да бидеш пред време спремна за расправање си ја знаат они својата работа. Ако не ти се допаѓа нешто само кажи си нема збор да ти преречат. Неможе се да биде совршено. Опушти се и мисли малку позитивно
Ве читам сега Систина/Ремедика, и не знам што да правам. Маж ми за Систина е, јас за Ремедика (и Чаир ако ме праша некој, ама ај, не можам со него да се разберам) Со првото се породив во Санте кај др. Јегени, сега не е таму. Беше Велигден, и многу интимно, само јас и една др родилка бевме. Во посебни соби се разбира. Генерално сум од таму задоволна, но секаде има пропусти. Сега се мислам каде и кој доктор да го одберам. 28+2 сум, уште 2 прегледи планирам и последните брисеви.
Очекувај повеќе, ама да си знаеш дека тоа што плаќаш грдни пари не значи дека ќе ти ги исполнат очекувањата. Нема да бидеш единствена таму, и светот нема да се врти околу тебе. Најбитно е се да помине во најдобар ред, не е битно каде се пораѓаш. Со лесно!