Ако се одлучиш за Ремедика топло ти ја препорачувам Симонида. Јас цела бременост одам кај неа и сум ПРЕ ПРЕ ПРЕ задоволна од докторката. Планирам и кај неа да се пораѓам. А и од други немам лош збор за неа чуено.
Ако си единствена пациентка, ќе биде така. Ама ако не си, а нема да бидеш... Тешко дека само околу тебе ќе се вртат. Ќе доаѓаат кога ќе ти требаат, за што и да ти требаат, ама не очекувај да рипаат на секој твој знак.
Во право си. Еве конкретно за Систина, на секој повик доаѓаа и сестрите од неонатална и тие од гинекологија. Некогаш доаѓаа веднаш, некогаш после 5-10 мин и јас бев сосема ОК со тоа. Сепак бев свесна дека не сум им единствена обврска. Плус знаев дека кога ќе си дојдам дома, нема да може некој инстантно да срипа за да помогне нешто. Третманот е каде каде подобар тој во јавното здравство ама не очекував третман на "кралица". Без разлика на дадените пари, сите сме луѓе и заслужуваме разбирање.
Јас да задоволна сум многу од две истерани бремености и порајѓаи од Симонида,но голема замерка ми е што премногу сум чекала...ужасно многу пациенти има. Почнав кај Петрова но тогаш подолг период беше на боледување па се префрлив...со саати имам дремено. А за сестрите навистина немам замерка. Многу добар однос.
@Lili4e го потврдувам ова. Сум поминала повеќе доктори и Систина и Ремедика, не сум сретнала попосветен доктор од Симонида. Во 3 часот ноќе на вибер сум и пишувала, одма или во рок од 2-3 часа ми враќала. Плус што е врв доктор. Цела бременост ми ја водеше и ме породи. @Happyinlove јас па повеќе од 15 мин не сум чекала, а еднаш на цтг кога бев во 9ти месец, 7 пациентки имаше пред мене, додека завршив со цтг-то почекав уште 5 минути и влегов. Брзо прегледува ама на се обрнува внимание. Еднаш само ме 'откачи' за побрзо зошто ја чекаа за пораѓај, ми рече пиши ми ако нешто сакаше да ме прашаш мпрам да одам горе.
Уф, како се пронајдов, во слична ситуација сум, се породив пред 3 години во Санте, др. Елма ме следеше цела бременост и она ме породи, јас супер си поминав со неа, арно ама, на првиот преглед со бебето кога отидовме, бевме сведоци на настанот што се случи со родилката... од тогаш, немам стапнато таму. Пред две години имав спонтан, и одма отидов на преглед кај Јегени кој што беше во Ремедика, а го знаев од Санте претходно. Во оваа бременост си реков ке одам паралелно и кај Јегени да ме следи со тоа што и здравје ќе се породам во Ремедика. Он дал отказ, сега е во Тетово, бев на три прегледи и баталив, кога дојде време за прв скрининг ми рече не правел тоа он и ми го предложи Димчев. Бев кај Димчев два пати (прв и втор скрининг) и некако многу добар впечаток ми остави, па оставивме на следен преглед да се договориме што како. Во меѓувреме размислувам и за во Чаир, маж ми нејќе да слушне, веќе сум 26та недела и нон-стоп во тоа ми е паметот, што каде како... А, и би сакала да пробам пак природно - после царски затоа сум цела прашалници во мене. Се надоврзав на твоето мислење и си се искажав, со среќа на тебе @Lili4e
Ептен слична нашава приказна. За Јегени знам дека е Тетово, не знам зашто заминал од Санте. Сега не знам дали пак би одела, нормална бременост имам, само со Приската ми направија узбуни па морав да правам и Нифти за мирна глава. За Систина немам појма кој доктор да го одберам, исто и Ремедика. Со цени не ни знам како стојат, знам дека царски сигурно 2000€ ќе кошта. Му викам на мм дај бе Чаир да одам, ете зс првото бев во приватна, сега ако одам царски зошто мора Систина? Јас тешко за природно, тешко се отворам. Кога ќе правиш последни брисеви, и уште колку прегледи планираш фо крај? Јас овие две недели нагло пораснав, и потешко се движам.
И ја не дека се отварав лесно, 5 цм само (после 10+часа) и заглави бебе па мораше итен царски, ама нели бременостите не се исти па да си пробам, што знам, ќе видиме. Бременоста ја водам кај матичната, на 28ма недела ми ги закажа брисевите, не знам дали се последните тие... После тој преглед планирам да одам кај Димчев 3 скрининг, па да видам ако не со него да договорам за пораѓај. Секако не знам некој друг, барем кај него сум била ... Друго, кога го нема веќе Јегени во Ремедика, Систина ми е многу поблиску локациски, па и тоа гледам/размислувам.
Исто и мене, ради блиску што ми е Систина, затоа повеќе би се нафатила. Карпош живеам. На цтг со првото почнав од 36та недела, кога планираш ти? За доктор, викаат сите се добри таму - се мислам дали маж или жена. Досега мене цервикс, грло итн никој не ми мерел, ме фаќа паника и за тоа.. Ејј и матичниот да не ни е ист? Хаха многу сличности
Па третиот скрининг би ми бил во 28+ недела, и после ќе видам да се договорам за прво цтг таму некаде 36та недела, и јас за цервикс и грло не знам димензии ама веројатно матичната мери, проверува ... За доктори, пред спонтаниот преклани, претпочитував жена да ми биде гинеколог и најдов доста позитивни мислења за др. Корнелија Трајковска (така мислам се презива) , после кога ми соопшти матичната дека нема срц.акција не гледав машко женско и отидов кај Јегени уште следниот ден... Може да читнеш по темите наназад, ќе најдеш нешто што ти одговара П.с Ќе испаднеме комшивки на крај
Те памтам од труднички муабети, со долго чеканото бебенце и многу ми е жал што си поминала така со доењето, буквално исто поминав и јас со прво во Ремедика. Ад, силиконски, насила и набрзина пикање на глава на бебе на града, тоа најадено не сака да цица, ужас! Први денови тече млеко јас жива мокра, бебе најадено со ад ми го носат и ми викаат не го буди, таман ќе се разбуди ќе го земат на прегледи. Форсираат дохрана, не даваат добри совети за доење кај тие што има некој проблем. Со второ во државна болница си отидов за бебе да биде со мене во соба
Јас баш напротив, ептен дум задоволна од Ремедика. Цело време ми ги носеа бебиња во соба за доење, и ми објаснуваа на долго и широко што и како да правам. Од цел персонал бев презадоволна. Ако ми требаа доаѓаа за 1 минута
Доаѓаа и кај мене, форсираа доење ама после 3ти ден до кога неброени шишиња ад му даваа. Паметуваа ад од медела калма дома да му давам, а кога прашав дали они пд таква му даваа ми рекоа не, од цуцла за прематурчиња им давале, најмека. Плус што медела калма е за мајчино млеко а не за ад. Чист маркетинг и тоа многу подол. Дома преплака бебе од таа калма, зашто набиен страв ако не е таа ќе се одбие, силиконски ме натераа и така се научи иако си фати прво без, да не објаснувам колку време требаше за нив да ги елиминирам. Самите сестри кажуваа дека мајки што имаат искуство се бунат зашто им се дава толку ад на бебињата, објаснувањето беше дека за време на прегледите од педијатар, кардиолог, ортопед, не треба да плачат бебињата, проблем било за докторите. Дека се страшно вредни, услужливи, трчаат по сите соби цела смена, јас не оспорувам, ама дека организацијата за поддршка на доењето им е на ниво, не! Далеку се од тоа. Нормално дека има мајки што добро поминале, мајки на кои млекото полесно им доаѓа, или нема одма да им се намали иако бебе не стимулира некое време. Ама има многу такви кај кои малку потешко поминува усогласувањето на количината на млеко со потребите на бебето. Сестрите не ги ни гледам како виновни, докторите се тие што диктираат дали и колку ад ќе се дава, они пишуваат совети за исхрана на отпусно писмо. Прилично сум разочарана од педијатрите таму, само една саглам е според мене.
Да, они ги ранат со calmita, јас зошто ја изрентав истата пумпа што ја имаат таму- медела, ми дојде во комплет со шишиња и исти такви цуцли. Уште ги користам медела шишињата и купив и calma цуцли што реално се прескапи ама моиве па си цицаа од нив без проблем за среќа, после си продолживме со обичните тие S/M. Иначе да, им даваа ад додека бев таму ама немаше шанса и вака и така двете да ги дојам одеднаш па искрено не ми беше проблем што ги дохрануваат. Сега за некој што сака да бидат исклучиво на мајчино сигурно е фрустрирачко
Не, ми дадоа една кеса со ствари, како пакетче со прашак, омекнувач, тестери (промо материјал) од креми, чајчиња, лигавчиња, пеленки, лажичиња и не знам имаше поише работи. Се што ни требаше како цуцли, пелени, аптамил, витамини купивме од нивната аптека на излагање
Не сум сигурна ни колострумот дека имаше прилика да го исцица моето, нон стоп за прегледи го зимаа, а не ми беше проблем да дохрануваат, ама три четири подои да скокне зашто е успано од ад, па на преглед, па пак успано од ад а мене спавачата да ми е мокра од млеко им беше ужасно непрофесионално