Prvite 3 pregledi za bebeto se vkluceni vo cenata. Isto i pregledot ginekoloski za posle 40 dena- i toj e vklucen
Веќе ти пишале но ќе додадам: лабело, маска обавезно на визита кога доагаат некои доктори бараат да ставаш маска, ако имаш полнач ( power bank) земи си мене најискористено нешто ми беше тел цело време до мене си беше,слушалки за кога ќе збориш на камера Ако ми текне уште нешто ќе пишам
Од кога може на цтг да се оди во Ремедика/Систина, и дали се плаќа нешто? Вие тазе породени во овие две болници споделете повеќе искуства, што ви се допадна/што не?
А за бебето треба да се носат пелени или они им ставаат таму? И облека за бебе само за излегување треба така?
Пелени ваљда и на државно даваат, само облека кога ќе го земате мм ќе ти донесе, др ништо не ти треба. Несесер за лична хиг и полнач. Јас денес дури и на депилација успеав да појдам
Баш денес се јавив за повеќе инфомации, ми рекоа дека се доплаќа 200€ за епидуралот... Исто така, ве молам предложете гинеколог од Санте од кој сте задоволни.
па зашто на страната стои дека е вклучен во цената? Cc c Јас Елма ја знам таму како добра, не знам дали Адамова уште работи? Пред 5 год се породив таму кај др Јегени, но не е таму сега. Се мислам овој пат каде ...
@Manilla Иако јас имав одлично искуство, многу некако не зрело се понашаат од таму. Сите сестри објавуваат што им текнува, после на тел друго зборат. Дури и доделуваа гратис породување.. Не знам стварно, а др Елма ја препорачувам
Ништо не треба за бебе, се си има таму. За тебе само несесер за лична хигиена полнач и мобилен. И облека за излегување од болница. Толку, за Ремедика ова.
Плаќаш 100 евра како капар и плус ако ти праат некои тестови на крв и мокраќа, исто и ковид тестот се плаќа. Остатокот кога ќе излагаш од болница (ова за Ремедика) Јас почнав со цтг во 35та недела а се породив 37ма (ама дека со близнаци) . Во Про медика ја водев цела бременост, ваму отидов само за да се породам Лично јас бев презадоволна и од доктори и од сестри и од сите на неонатологија, скроз ме тинтраа
Здраво, ско може некоја членка што скоро се породила во Ремедика да сподели искуство, како е со посети поради состојбава и дали секоја родила е сама во соба?
Не се дозволени посети, можат долу да ти одтават нешто ако сакаш да ти донесат ама нема да имаш потреба, се имаат. Имаш избор за сама во соба, се доплаќа 6000 од вечер, инаку си во соба со уште една родилка
Посети нема, не е дозволено поради ситуацијата. Таткото може да појде да го види бебето преку стакло. Маж ми кога дошол веднаш дошла сестра и му објаснувала се околу бебето. Колку кг, за крвна слика и сл. Две бевме во соба не сами. За да бидеш сама мислам се доплаќаше плус ама не сум сигурна ако некоја членка знае нека пише
Јас се породив пред 4месеци, посети не беа дозволени, освен таткото еднаш да дојде и преку прозор од посебен влез да го види бебето. Во соба бев со цимерка, на прием те прашуваат дали сакаш сама или не и се доплаќа. Ако имаш среќа да нема многу родилки па да останеш сама во соба. Не верувам дека е сменето нешто од тогаш бидејќи така беше и месеци пред да се породам.
Јас останав последна сама во соба, прво ги полнеа другите соби и 3-4тиот ден ми донесоа цимерка. Ако имаш среќа да нема многу родилки тој период ќе бидеш сама.
Вие што споделивте искуство за Ремедика, кој доктор го препорачувате таму? За посета да и јас така знам, не пуштаат освен мажот преку стакло Греота и маживе, солзи им идат кога си ги гледаат преку стакло, не можат да ги допрат а со Ковид тест како е, ве тестираат/се доплаќа ли плус?