Ме пораѓаше др. Котларова, презадоволна сум од неа. За ковид ме тестираа две недели пред терминот што ми беше за пораѓај и се доплаќаше околу 3000ден.
Секоја година качуваат цена. Јас со двете деца се потодив таму,презадоволна, сега со третово ќе видам, имам бааги време за размислување
Јас звонам два дена да прашам подетални информации, ама никако не ми креваат. Има на страната на Ремедика еден фиксен и еден мобилен, никако да стапам во контакт, затоа само прашувам тука Со цени се мислам горе долу како Систина, може поинтимно е Ремедика, ваму гледам повеќе гужви, а и Кпвид центар да не го направија, не знам
Posto odam na ctg periodov mozam da ti kazam deka haos e od pacienti. Vo ponedelnikot vo 7 vecerta imase 10 zeni sto cekaa za pregled ili sto i da e....imas na sajtot nivni i ceni i se...sto konkretno te interesira?
Баш прашај кога ќе појдеш на ЦТГ, јас сум за недела дена на преглед и ќе видам колку ќе ми наплтат и колку поскапиле
@mace89 @Pacient srna пред три недели се породив царски во Ремедика, цената на пакетот е 121.000 минус 6.000 авансот , 115.000 за плаќање. Ние останавме плус 2 дена, нормално тоа се доплаќа 4.000 од ден за бебе + 5.000 за мајка. Имав и дополнителни анализи кај бебе околу 2.300
Bas ke vidam sto ke me sracunaat na kraj. Se nadevam deka ste dobri, jas iskreno sakam porano da si odam ako e se ok sto ke praam tamu tolku denovi
Те разбирам дека сакаш да си дома што поскоро после породување ама би те советувала да си останеш колку што треба со царски. За бебето е подобро да го надгледуваат неколку дена. Тие секој ден ги мерат додека сте таму за да видат колку ќе изгуби од родилната тежина, дали ќе фати жолтица и сл. Плус тебе треба да ти помогнат околу доењето, не е тоа покажете ми еднаш и ок, си знам за понатаму. Најдобронамерен совет, не иди со мислата да те испишат порано.
I dvete idni babi istovo mi go rekoa, a i doktorot sto ke me poraga mi rece ti ako sakas mozes use sleden den da si odis sedis radi bebeto....ke vidam kako ke bide sekako ne bi so glava u zid za doma ako se soglasni i tie deka e ok za odenje dobro ako treba use 10 dena plus ke sedime taman rabota....zelba e edno realnost drugo
И јас сакам повеќе денови да седам, не знам така сега мислам може таму кога ќе сум ќе сакам дома. Мене крајот не ми се наоѓа, јас уште не знам кај да се пораѓам немам доктор никаде, а се јавував за инфо и Ремедика и Систина и Санте. Дома ги побудалев, стварно не знам што да правам. Мајка ми ми вика, а зошто Плодност не одиш?! Аиии викам жено, кај те прашав кај запустив.
Она по што се разликуваат Систина и Ремедика изгледа се посетите. Маж можеше да доаѓа на посета секој ден после визита. Дента кога се породив имаше поминато времето за посета ама кога ме вратија во мојата соба 2 саати после породувањето, он дојде да не види мене и бебе. Мислам дека околу саат ипол седевме така, никој не дојде ни да му каже доста беше. И наредните денови како што доаѓаше ако бебето не беше со мене, ќе им се јавев и одма го носеа и си се гушкавме тројцата. Е сеа, ја бев сама у соба, не знам дали тоа играше улога некаква.
Др.Димитров. Задоволна сум од целокупната грижа и нега. Нормално ако сакаме да бараме " влакно во јајцето " можеме да најдеме Во родилна сала кога влегов имав невиден страв ама за кратко веќе се смеев и бев релаксирана, благодарение на тимот. Постродилната нега беспрекорна. Како што сум личност тотално нетолерантна на болка успеаа да ме кренат на нозе во првите 24 саата. Хигиена на високо ниво, храната ок со оглед на тоа што уста не ми се отвараше и јадев многу малку. Визити двапати во денот и за мајка и за бебе. Негата за бебе исто презадоволна. Околу доењето помагаат немам замерки, точно е дека ги дохрануваат ама тоа мене не ми пречеше дури и бев посигурна дека не е гладно. Втората недела дома комбинирав ад и доење, од трета недела сме само на доење и супер напредува. Моето бебе беше во инкубатор 3 дена и немав контакт со него , а и немав ни млеко, дури 5тиот ден го ставив на града за да цица и почна да доаѓа млеко.Искрено тие 5 дена си дојдов насебе и после веќе ми беше лесно и со бебето . Не бев очајна за да мора цело време да е со мене , поважно ми беше да си отидеме дома здрави и прави ( ваљда ова не ме прави помалку "мајка" ) Околу посетите не беа дозволени за никој.
Фала ти мила за споделеното мислење. Исто и јас сакам здравје Боже кај него да одам за пораѓај. Сега ме води Котларова но цело време сум и во контакт со него за било какви совети и консултации. Баш ми е мило што си задоволна и што се поминало супер