Ако дадеш капар дека ќе се пораѓаш таму од 36та недела прегледите де бесплатни. Симонида ја многу фалат таму. Јас бев со Хаџи Лега цела бременост од 3ти месец. Закажи преглед кај доктор што ќе го одбереш и ќе најдеш термин пред 36та недела, кажи им дека сакаш да се породиш таму, ќе оставиш капар.. ќе ти кажат кога да направиш ковид тест. И од 36та јас одев еднаш неделно на преглед, потоа и цтг. 39та бев двапати во неделата
онака чисто прашувам, зашто се одлучи Ремедика, а не Систина? Дека велиш на скрининзи си одела таму, дека се мислам и јас каде
Искрено само ради гужвата мислам дека во систина има многу повеќе гужви за разлика од ремедика, и овде по форуми што читам се повеќе искуства се од ремедика и многу на фалат Др.Котларова.
Јас со првата бременост се породив во Систина, и можам да кажам дека се воодушевив од условите, хигиената, професионалноста на цел тим, буквално на се што една светска болница треба да поседува. Докторите, немам коментар гинекологија ги имаат најискусните и најдобри доктори и се чувствував дури размазено и преубаво во текот на цел мој престој. Како да не бев во болница, туку во хотел некој такво чувство имав. И навистина сум благодарна и среќна што во нашава земја барем имаме една единствена светски реномирана болница и прекрасни доктори и сестри Секако и со втората дефинитивен избор ми е Систина
За оние што се породил во систина, дали ортопедски преглед кој се прави на 6 недели ви го наплатија или е вклучен во пакетот за породување
Чисто ме интересира колку е во систина за породување и што имаш прегледи после во таа цена или еве и претходно од 36та... Јас се породив во ремедика пред 7 месеци, онака информативно прашувам
https://acibademsistinababy.mk/images/novosti/poroduvanje-paket-mk.pdf еве ги пакетите и цените. Со тоа што во 9ти месец не платив ниеден преглед ниту пак цтг. Потоа имаше комплетни прегледи на бебето, еден месец после тоа педијстриски прегледи(бесплатни) патронажна во секое време а да и фризерска услуга )) А во 9ти месец ја искористив бесплатната масажа и стоматолошки преглед... ептен разгалено како што секоја трудница и треба да се осеќа
Здраво девојки ☺️ Бидејќи сум нова на форумов би сакала да Ве прашам за ваше искуство колку сте задоволни од Санте плус, искуство со докторите и сестрите, во која недела е најпаметно да се закаже пораѓај и да се остави капар? Сите совети и искуства би ми значеле многу.
Јас се породив сега на 14. 04 во санте добри се условите средено е чисто е сам си во соба не треба ништо да се носи ни за вас ни за бебе цело време доаѓаат сестри да те проверат дали ви треба нешто јас задоволна сум царски се породив.
Здраво девојки ☺️ Бидејќи сум нова на форумов би сакала да Ве прашам за ваше искуство колку сте задоволни од Санте плус, искуство со докторите и сестрите, во која недела е најпаметно да се закаже пораѓај и да се остави капар? Што треба да се спакува за таму? Сите совети и искуства би ми значеле многу.
Јас бев минатата недела оставив капар зошто до 15ти април прво траеше акцијата и оставив да не ја пропуштам, после ја продолжија до 30.04 мислам. Пишав во една фб група за искуства сите беа презадоволни. Ми рекоа не треба ништо да се носи, само за тебе прибор за лична хигиена што си користиш. Од Санте ми рекоа од 36та недела оставам втора половина капар (односно тогаш се остава првиот капар, јас оставив порано поради акцијата) а доплатата после пораѓај. Ми се допаѓаше пристапот на сите таму, посебно бев изненадена што на прв преглед ми се погоди др. Божидар Бошковски. Не знаев дека таму е префрлен. Имаш прв преглед бесплатен. Закажи си и се ќе ти објаснат Бтв јас сум 29та недела сега.
Не, две бевме. Се изненадив и јас од сумата, видов на сајтот 115, мислев ради корона тестот плус уште нешто .. На крај излезе речиси 150€ плус. Лаборториски услуги ми пишуваше 7000 и мед.услуги 1100.. Не знам дали кај сите е вака, знам лаборантот ме боцкаше за крв и плус брис ми зема за бактерија некоја ..