Може некои плус испитувања знам многу им се скапи тие, инаку регулар е таа цена без корона тест и дополнителни лабораториски испитувања
Исто платив и јас можеби е ради тестот за бактерија и мене ми правеа прво брз тест за антитела па после и брис ми земаа сабајлето.
Изгледа е заедно. Веројатно ради тој тест е. Вечерта пред прием ковид тест,покасно брис од грло и нос за бактерија. Глупости, на едни прават на други не Здравје,за третото дете може 150к ќе направат
а ви дозволија посета за сопругот? На некои што се породиле минатиот месец да, сега една мајка пред 2 недели што се породи не и дозволиле. Башка и се погодило сама во соба.
Да. Јас сум пред 3 месеци породена. Дента кога се породив можеше да дојде на посета без разлика на времето,он дојде вечерта кон 5, а наредните денови посета само од 10-12 часот смееше. Може нешто смениле сега..
Знае ли некој колку се наплаќа консултација во Санте пред 36та недела? На кој начин се закажува и што кажуваат на тие консултации, дали прават и ехо или само за породувањето конкретно се зборува. Јас се размислував за породување таму, ама не сум сигурна и не сакам одма да оставам капар туку да видам прво како ќе ми се допадне пристапот, ама да не излезе да си давам пари безвеза.
Некоја тазе породена во Систина има ли? Како е со посетите сега, примаат ли барем сопруг да дојде? Исто ме интересира што информации бараат, што прашуваат и какви испитувања прават пред прием за породување
Јас сум 34+4, за наредна недела закажав за таму па ќе видам. Со првото таму се породив. Телефонски прашај, достапни се нон стоп
Пред 2 недели немаше посети, од испитувања прават PSR тест, оние брисеви од нос и грло што се вклучени во пакетот, крвна слика и разговор со анестезиолог.
Само ПСР е 6.000 ден или има и некои испитувања, крвна слика итн. ? За посета пред 3 недели знам можело, сега пред 2 една што се породи не му дозволиле на сопругот
ПЦР 2700 ден. е, а крвната слика и брисевите од нос и грло што ги прават пред прием се вклучени во пакетот за пораѓај.
Мене на телефон ми рекоа 6000 ден тест за ковид. Не прашав дали и некоја лаб. услуга е вклучена, ќе кажеше па таа на телефон.
Немам појма каков е тој од 6000, да не е брз некој. Мене 2 дена претходно ми правеа, дека имав договорен прием и толку ми наплатија.
Имаш некоја промоција за бесплатен преглед до 31.05 во Санте па можеш да си закажеш и ќе можеш да си прашаш се што те интересира. Јас бев кај Др. Елма и бев презадоволна од тоа што можеш да ја прашаш се што те интересира и да си одлучиш дали би се пораѓала таму, да си одбереш кој ќе те пораѓа и од прегледот.