Дали е уште гужва за пораѓање во Чаир, се породила ли некоја деновиве? Ја сум на крај па чисто ме интересира ради коронава дали е уште преполно....
Леле сега како што ве читам само се замислувам и ме фаќа страв, многу се мислев каде за пораѓај и закажав преглед во Санте за понеделник. За првото толку не се мислев, сега многу ми ја пофалија докторката, и ради хигиената одам таму. Сега пак нема сон да ме фати, само се предомислувам а влегувам во 36 та наредна недела
Не ми беше намерата таква, сепак имаш време. Оди на прегледот ништо не губиш. Јас лично посигурна би се осеќала во Чаир иако не сум стапнала таму. Од тука и од познанички само убави зборови слушам, како за нега така и за хигиената. Реално, ако веќе давам пари за пораѓај ќе ги дадам во Ремедика или Систина. Зборев и со гинеколог пред да се породам и исто ми рече 'само немој Санте', во смисла не дај боже нешто да тргне наопаку нема време и персонал за брза реакција.
Систина еве 2-3 мајки што споделија искуство, по 130.000 плаќаат, многу ми е тоа, Санте некоја пиша до 50.000 е. Ај налет и пари и се, сигурноста е битна
Не да е многу, премногу е. Ги плаќаш удобствата што државна болница не може да ти ги пружи затоа можеш и апартман да си платиш во Чаир ќе те фати 150-200евра зависи и пак добро да поминеш. Ти си знаеш најдобро, распрашај се и одлучи си, ние овде можеме само да збориме секоја за себе.
Zdravo..a kolku plativte vkupno za poroduvanjeto ili E isto Kako za edno bebce,I kolku Dena ostanavte vo bolnica..me interesira bidejki I jas nosam bliznaci I mi ja isfalija mnogu bolnicata
130.000 за царски се зборува? Јас во Систина платив 68 000 спонтано породување, лежев 1 ден повеќе зошто мислев дека нешто не е во ред па бев на преглед и ме оставија да лежам, утредента се породив. Плус крвна група испитаа на бебето и примив инекција Rogam . И после тоа на 40 дена имаш контрола на бебето за слух и напредок. Сега мислам дека се намалени цените за породување во Систина. Побарај пакети за породување и разгледај ги цените.
Таа цена сигурно пред 4-5 години си ја платила. Сега и Ремедика и Систина се 115000 за царски и 85000 за природно.
Нивна патронажна сестра доаѓа само ако имаат во таа општина од кај што си. Во мојот случај немаа патронажна сестра па си барав од општинската болница. Е сега ради короната дали имаат посета незнам.
Не се намалени, напротив зголемени. Царски 115.000+6.000 ковид тест ми кажаа на тел+1200 крвна слика, и плус лаб услуги на некои им наплаќаат, не знам многу ми се виде. За спонтано 85.000 плус истово....
За секој ден ли ковид тест рачунале, многу некако... Мене што примив инфузија пред некое време, мораше да ме качат горе кај родилките па не можеше без тест, ми направија и истиот наплатија 1200ден, од тие брзите (со брис од нос и грло). Стварно некако не се со цените фиксни, или бар таков ми е впечатокот...
Затоа не можам да се одлучам за пораѓај, наместо во оваа ситуација малку од малку да намалат тие зголемуваат. Не си на чисто, ќе планираш една цена на крај плус 20% поскапо ќе излезе - многу ми е