Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Elena878

    Elena878 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    Цената е иста како за едно бебе. Пред 6 месеци 115 000 ден.- со царски 5 дена. Ние останавме уште 2 дена плус од предвиденото. За секој ден плус се плаќа по 5000, значи од ден за сите нас тројца по 15 000. Дополнително на ова се плаќа и ковид тест и нешто лабараторија. На крај плативме кога излагавме околу 160 000
     
  2. Madam S

    Madam S Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2020
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,

    неделава влегувам во 9 месец и почнуваат да ми навираат прашања за породување. Планирам да се породувам во Ремедика кај Др. Јован Ефремовски.

    Дали некоја од вас има искуство со него.

    Воедно, дали можеш порано да излезеш од болница, секако, доколку се е како што треба?
     
  3. natasam

    natasam Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    630
    Да, после царски во Систина ми рекоа ден порано може да си одам, ама јас не сакав :)
     
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Јас сум задоволна од него.
    Прашав за идење порано дома, ми рекоа може ама нема потреба. Да останам, да заздравам и да се спремам за дома за грижа на бебето.
     
    На Маја Т и Madam S им се допаѓа ова.
  5. Little Pony

    Little Pony Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2016
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Здраво,може да ми кажете за Систина на договорен термин за царски, дали дента те примаат и прават потребни подготовки или треба да отидеш некој ден порано за подготовка,(пр. ковид тест и тн..) па пота одиш на закажаниот термин за царски?:inlove:
     
  6. охриѓанка

    охриѓанка Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2017
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    549
    Пол:
    Женски
    Јас имав договорен за петок, средата ми земаа брис за ковид тест околу пладне, а ме примија четвртокот околу 18. Со лесно!
     
    На Little Pony му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Balerina90

    Balerina90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Јас во Ремедика заминав еден ден порано, по моја желба.
     
    На Madam S му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    4.105
    Пол:
    Женски
    А цената е иста и ако си отидеш порано или ти намалија?
     
  9. Madam S

    Madam S Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2020
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Фала @Jana06 и @Balerina90

    Ваљда не знам што ме чека па го поставувам прашањево, но од сегашна перспектива мислам дека ќе полудам толку време затворена
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    4.105
    Пол:
    Женски
    Мамички што треба да се спакува во торбицата за во болница? Јас планирам во Ремедика да се пораѓам па ме интресира што да си подготвам
     
    На kostovaivana и brm_brm им се допаѓа ова.
  11. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Ista e cenata mislam posto paket e. A za torbicata nisto ne ti treba...ne e torbica tasna e:D
    Punjac, kozmetika i obleka za iskacanje ako sakas druga. Za bebe ke ti donesat. Jas si nosev i nescafe 3vo1 i moja solja poso me boli glava bez kafe sabajle. Sestrite mi nosea voda zovriena. Doduse se ponudija i kafe da mi napraat ama nemase potreba. Isto si nosev i oves od sto citav tuka deka oves i jogurt e dobro za mleko ama jadenje sekako nema da ti fali.
    Gaki, silikonska bradavica, krema za bradavici, pumpa, kafetini, spavaci, peskiri se oni obezbeduvaat....drugo ne znam sto bi trebalo.
    I vloski za gradite moze da tecat koa ke si odis ama i tie moze da ti gi kupat od aptekata

    Da se dopunam znam bockas kleksani....tie ke ti gi obezbedat tamu i ne se naplateni ekstra vo smetkata vo paketot se. Bas za tie denovi da ne trcas za refundacija
     
    На S.o.F.i, natasam, Madam S и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Хааај
    Сакам да замолам некоја која е породена во санте да ми пише што треба да спакувам за таму за мене и за бебчо
    Имам уште месец дена до термин но сакам да почнам да се спремам
     
  13. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    4.105
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу за деталното објаснување:hug: Се ќе си имам во предвид :mm: Супер штом и клексаните се покриени. А прслучиња за доење треба ли да носам? Баш ми текна и на тоа :D
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Цицките на мегдан ќе ти бидат додека си таму :D Ни гаќи, ни прслук, ништо само по спавача. Тие ќе ти даваат гаќи колку што ти треба за една употреба колку влошката да ја држи. Буквално ништо не ти треба освен еден несесер за лична хигиена и полнач со подолг кабел. И да зафали нешто, можат да ти донесат од дома во секое време.
     
    На S.o.F.i, natasam, Madam S и 6 други им се допаѓа ова.
  15. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    4.105
    Пол:
    Женски
    Фала ти :hug: Баш ми е полесно вака кога има некој да сподели:sun:
     
    На kostovaivana и Jana06 им се допаѓа ова.
  16. Balerina90

    Balerina90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Не ми намалија, иста цена си е.
     
    На mace89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dee*Tee

    Dee*Tee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Кај мене ситно се бројат деновите до порагај во Ремедика, ти прашувај само после, а јас ќе споделувам искуства :D
     
    На kostovaivana, Маја Т и mace89 им се допаѓа ова.
  18. Majra

    Majra Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2016
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Тазе сум породена и не сум во состојба да пишувам подетално, односно нрмам време. Се породив во Ремедика, доаѓањето дома го чекав како празник.
    На сите што размислуваат дали да одат таму или на државно, би им препорачала да си стават некој денар у џеб и да си одат во чаир. Во моментов, Ремедика е прескапа државна. Ако не и бетар, ако зборувам за односот на поедини луца од персоналот. Ќе ви кажат не носете ништо.. точно, ако сакате да седите тазе породена во прљава спавача три дена, или со надојдено млеко изнакапани и да бркате кој да ви донесе за пресоблекување после туширање. Те пресоблекуваат првите два дена, менуваат постелнина.. и наеднаш не можеш да добиеш сестра ни на тастер. Чест на исклучоци, имаше две прекрасни сестри кои правеа некој баланс на лошата слика што ја затекнав. Обични мрежести гаќи кога побаравме ни кажаа ќе донесат ама да видат дали има. Дали има! Приватна болница со 2000е наплата на услугата. Да не зборувам за лошата поддршка во делот доење, и пак ќе го спомнам ужасниот однос на некои од сестрите.. за тазе родилка таква средина не е добра. За храната нема да коментирам многу бидејќи не сум сигурна на кој принцип даваат мени, но ќе напоменам дека во пет дена една овошка ме видовме, освен на слика на соковите што ни ги даваа. Тие што се пораѓале со царски знаат колку помоп и поддршка треба во првите денови па и покасно.. никоја жена не би сакала да треба да трпи некаков стрес покрај тој што неминовно доаѓа со чинот на раѓање. За себе можам да кажам дека не сум личност која очекува да и служат за платеното. Дотолку што и покрај физичката исцрпеност сама си собирав ѓубре после себе, си пребришував,си земав и сменував чаршав и сл. се во првите денови кога не знаеш каде попрво те боли и кога уште катетар по себе влечиш.Најболно беше што си станував да го земам детето.. пак ќе кажам, кој поминал низ ова знае дека не е лесно неколку пати да станеш да подигнеш дете па да станеш да си земеш нешто од неговото креветче.. сестрите доаѓаа ги оставаа децата и си одеа.. како те затекнале во таа положба ќе те остават.. а од раната можно е да не можеш и рака да подигнеш а не да си земеш и да се наместиш со детето.
    Многу работи, многу забелешки како што кажав, а немам време за се. Следно ќе знам дека се исплати да дадеш пари на сестри во државниве, барем ќе можеш да очекуваш помош. Ваму за платата не им се работи. Тоа имам засега да кажам, за жал мојата проценка при изборот на болница беше погрешна. Секако, ова е лично мислење. Со лесно на сите
     
    На Freyja, Lolipop796, Anomis11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.673
    Допаѓања:
    18.330
    Пол:
    Женски
    Жал ми е за таквото искуство, сигурно си платила на приватно за да добиеш третман соодветен за парите а да не бркаш сестри на државно.
    Читав дека им ги намалиле платите за 300 евра, па веројатно тоа е објаснување за односот.
     
  20. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    4.105
    Пол:
    Женски
    Аман бе па колку плата они земале до сега ако им намалиле 300 евра:^) Луѓе со факултети цел месец работат за 300 евра и се задоволни(facepalm)
     
    На kukla21 и Majra им се допаѓа ова.