Жал ми е за таквото искуство. Не е за оправдување, но да не беше гужва? Јас кога се пораѓав пола од собите празни беа и јас бев сама во соба. 7-8 бебиња дали имаше вкупно. Ептен ми беа на тацна на секое, и за доење и за се што ми требаше. Првиот ден имаше повеќе родилки и се осеќаше дека е гужва, баш тука пишував се жалев, побаав аналгетик ме болеше раната од епизиотомија и не ми донесоа ме заборавија, ама после изглеа вториот третиот ден се намали и беа ептен услужливи, одма доаѓаа, ни минутка не чекав откако ќе притиснев копче. Јас имам преубаво искуство. Е сеа јас природно бев не ми требаше помош околу мене, ама околу бебето, доење, чиста спавача 2-3 пати во денот ми носеа, влошки, гаќи по цело пакување ми оставаа в соба, пумпа за одмолзување исто, термофори за масажа на гради, па и фен ми донесоа да се исфенирам. Додека доев ми висеа над мене буквално, ми покажуваа позиции, ми ги проверуваа нон стоп градите. Храната ја носат од ресторани и од пекара. Не беше wow ама солидно беше.
А дали е дозволен влез на сопругот кога ќе те примат и за посети по породување? За Ремедика прашувам и ја
Баш ми е жал што си имала вакво искуство. Јас сум дури бесна и многу разочарана кога ќе прочитам вакво нешто. Ниту во ниедна болница, без разлика приватна/државна, мајките кои си го даваат животот за да донесат на свет бебенце, ги третираат вака и без никаква нега и помош, кои на почеток и те како се неопходни! Јас сум разочарана од Ремедика, тоа не ми личи пред се на приватна установа. За нивните пари што ги земаат, ништо не даваат! Се сеќавам јас кога лежев со нивна избледена портокалова изгужвана спавача и во апартман кој дааалеку е од апартман(во гак се посредени) се чудев зошто толку пари мора да плаќам. За разлика од Систина, каде се буквално во гинекологија им е организирано, чисто, имаш жена која доаѓа три пати да чисти и фрла ѓубре и носи се што ти е потребно! Ова се може банални работи, но тука правам споредба со цените. Ремедика и Систина имаат исти цени, а услуга скроз различна. Барем кога плаќам толку многу, сакам се да биде под контрола и секогаш да има некој тука за мене кога ми е потребен. Ремедика да ги спушти дупло цените, ќе биде ок за услугата што ја нуди, вака катастрофа се...
Jas se porodiv vo sante, minatiot mesec sakam da spodelam iskustvo za tie sto prasuvaa.Me porodi dr.Elma od timot za poroduvajje sum zadovolna no se preostanato im e katastrofa,sestrite neprofesionalni,tie na pult nemam zborovi pojma nemaat stoni da gi prasas,najmnogu me iznervira delot okolu plajkanjeto ne kazuvaat sto mu pravele na bebeto iako 100pati im kazav sakam da znam i ja kraj samo ti kazuvaat tolku si dolzen bez faktura za istoto pobarav ne mi dadoa faktura usno samo toa e praveno za bebeto,a dokaz? Mn neprofesionalni raboti imaat stignavme do tocka da se raspravamr zasto ni fiskalna ne izdavaat ..
Јас сум презадоволна од Плодност,иако беше многу гужва кога се породив си наоѓаа баланс,посебни сестри за тебе,за беба,хигиеничарки,стварно се беше одлично,докторката и тимот што ме породуваше исто така,се породив спонтано и плативме 65.400 ден. и не жалам ни за 1 денар што го потрошивме.
Толку беа отприлика и овој пат. Не станува збор за гужва туку за култура и професионалност. Не дека којзнае што очекував, иако за многу плаќаме таму.. ама кога на лошата услуга се надоврзува и лош однос од поединци тогаш веќе не е за толерирање.
Сеуште се истите спавачи Не се сменило многу, освен ценовникот. Најмал проблем е тоа, да не зборам дека мокрачата од испразнетите катетри сестрите ја истураа во тоалетот како што се истура вода некој кога патува па оди после тоа користи тоалет. И дека од 'дали треба нешто' првиот ден, стигнавме до стрес тест последниот кога една од сестрите ми кажа да ми го земе детето зашто ми било легнато на мојот чаршав а јас таму нозе сум ставала. Чаршафот кој сама си го сменив баш да не е валкан, и нозете со кои детето секако ќе се сретне дома. Истата таа ми остави вената да ми прокрвари и коагулира преку ноќ зашто ја мрзеше да ми смени лепенка околу канилата а старата беше водена и лабава. Пак ќе речам, многу ситници се собираат и искуството станува непријатно. Следно како што препорачав на членките, ќе си размислувам за државно.. веќе не знам ни во систина дали би одела. За парите што ги оставаме таму, сме работеле и сме виделе мака. Можеби има некој на кој овие суми му се смешни па не се замара. Мене ме мисли се што би можела да потрошам на детето да го давам непотребно за некое безобразно лице да вади плата а јас да бројам денови додека да ме пуштат дома како у затвор да сум била.
Kolku sto znam kateterot sekade vo wc solja se istura...tvoja mocka vo tvoja solja ne gledam kade e problemot. I onaka dur imas kateter vo toalet ne odis, a se cisti sekoj den proagase cistacka barem jas koga bev vo april. Za sestrite i jas ist vpecatok dobiv deka ima sto sakaat stvarno da ti ucinat i so zadovolstvo si ja rabotat rabotata i takvi koi edvaj cekaat smena da im zavrsi. Ne e dobro vakov vpecatok sto imas ama citajki te mislam deka nekako ne ti e jasno sto da ocekuvas, sepak e toa bolnica. Za lepenkata ke si ja viknes ke ti smeni ne e do tebe da znae sto se desilo toa e normlano so kanila sto stoi poveke dena i mene ne mi izdrza taa edna pogotovo bebe sto drzis i ja izmestuvas. Mene sestrite na sekoe stiskanje na tasterot mi doagaa. Si mozela i porano doma da si odis i da ne bilo se ok t.e. da smetale medicinski deka treba da sedis toa e.bolnica ne zatvor tvoe e kako sakas da si pravis. Posledniot den za edukacija realno ne e potreben da go sedis, jas ostanav aj prvo dete ama slednoto ke si odam sto ke sedam jasno mi e. Inaku i doma bebe na nas carsaf direkt ne stavam prvo ima pelenka nejzina pa bebe ama toa si e individualna rabota
Штета што сите најдобри специјалисти и доктори си отидоа од државните институции, и најмногу ради нив и одиме и плаќаме толку голема сума.
Во Ремедика од секогаш било како во државна болница. Јас се оперирав таму во ноември 2014, и тогаш беше ужас. Да не заборам за дневната болница, каде што жени што прават ин витро, после трансфер, се во иста просторија со стари дедовци кои што биле за некоја интервенција на простата или сл. и нон стоп викаат по сестрите. Од секогаш е било ужас таму, мислам дека никогаш и нема да има подобрување. Не можеш да споредиш Ремедика и Систина во никој случај. Ни по хигиена, ни по однесување на персонал, ни по храната. Навистина нема споредба, некој може само за инат да збори.
Prosirena e, ima posebna dnevna bolnica za ivf zeni ne e veke se na kup. A i jas so prvoto ja nacekav taa dnevna stvarnk bese uzas
И двете болници се арни, цени ненормални, услуга ништо посебно и на двете места, да не се лажеме. Сите одиме за конкретен доктор, човечки однос и епидурал. За тоа се сосема доволни 40к-50к денари. Се друго што доплаќаме е премногу. А дали нечив ѕид е кречен пред 2 или 5 години, дали доручекот е пециво или мусли, дали ми дале торба на идење се глупости кои ги коментираме зашто сме преплатиле. Реално, воопшто не е важно (барем мене). Додека државните се понашаат така како што се понашаат, овие ќе си печалат. За второ што знам, ако е пак царски ќе одам Чаир, не гледам голема потреба да одам во приватна освен ако имам вишок пари. Во Систина не би идела сигурно.
И дома моја мокрача оди во тоалет па не ја истурам од два метри висина и да капи од сите страни на шољата. Дома кога чистам шољата е исчистена и внатре и надвор, не гледам капки мокрача после тоа. Да не заборавиме дека ако еден пациент е со катетар друг може не е, значи сепак некој го користи тоалетот. Што се однесува на чаршавот, не ми е срам да кажам дека имам слобода да го спуштам детето на наш чаршав дома. Постелнина менувам колку и вешот, секогаш е испрана на 90 степени и на истата се седнува само со соодветна облека и бањати.. значи не е дека детето го оставам на под. Точно, користам чаршави и тетра пелени секасе каде што го легнувам детето но тоа не значи дека забораваме на хигиената во останатиот простор. Да не заборавиме дека бебињата брзо почнуваат да лазат и допираат се наоколу, така што излишно ќе е да се држат во стерилна средина пред тоа. Да не зборам дека повеќето бебиња ги чека престој во градинка каде секако нема да им се тресат како ние дома. И конечно, да не испуштам да спомнам дека во болница по два три дена беа во иста облека, помошните перничиња со животинчиња што ги носеа на количките и од под ги враќаа и ги врзуваа назад, не ги променуваа па јас ставив моја навлака за да можам ако имам потреба да ја користам при доење.. кебенцата исто така, во 4 дена со исти навлаки ни ги носеа, сите сестри ги префатија, еднаш свртено вака следно свртено така.. Се на се, ве молам немојте лекција по хигиена, ниту што да очекувам од болница. Пак ќе кажам, за тие пари најмалку што може е да обрнат внимание на основни работи и да се погрижат персоналот да им е внимателно избран. Не ми е прв пат да имам канила во рака, знам дека може да е непријатно.. но непријатно од нечие внимание и мрзливост да ми промени лепенка.. да не продолжувам.