Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Majra

    Majra Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2016
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Не знам да ви кажам како е принципот на работа сега во Систина. Задоволна сум од неа лично, сепак, зависи што вие барате од вашиот доктор.. мене ми беше важно да не е некој кој ќе ме терети со безброј непотребни прегледи, да не е некој кој создава паника кај пациентите, да е достапен за консултација во било кое време. Она ми ја водеше бременоста и можам да кажам дека се ова исполни, добро поминавме. Најдобро е да се јавите да ја побарате и со неа веднаш да го разговарате тоа дали ќе е достапна на повик. Во Ремедика беше, тоа многу ме растерети.
     
    На Momina solza и viva.la.vida им се допаѓа ова.
  2. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Izvini vaka ama ves se menja sekoj den a cisto sumnjam deka postelnina doma menjas sekoj den.
    Veruvam deka ne si zadovolna od prestojot ama tvoevo pisuvano e nerealno za mene
     
    На Coco31, kostovaivana, LucyLu и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Читам и само мислам колку јас ништо не заприметувам.
    Може на ибица во хилтон ко ке одам мастта има да му ја вадам и да цепидлачам ама пак ке пишам што очекувања имате од болница?
    Да ке платиш за твојата грижа што се грижат најдобрите доктори што добиваш лекарства каде што да државна можеш само да ги посакаш.
    Е сегаа сестрите не ви чинеле мочката како ја туривале.
    Срамота е да го напишите... очигледно добро сте одмарале додека спијало бебето.
    Друго знаете воопшто што значи некој да не се грижи за вас тие денови кога најмногу ви треба помош?
    Сигурно не.
    Не викам да се величат систина или ремедика во ситуацијава ама очигледно одите да барате замерки и да кукате како потрошивте пари.
    Штом вие и вашето бебе сте добри живи и здрави тоа е најбитно.
    Има луѓе даваат пари само да кажат да сликаат и да раскажуваат дека се породиле во приватна болница а има и такви кои ке ги дадат и последните пари само зарди довербата на докторот.
    Е затоа немаме здравство. Бидејќи нели ги лапнаа најдобрите доктори.
     
    На S.o.F.i, S.12.G, Anomis11 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. LucyLu

    LucyLu Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2019
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Да не навлегувам во детали но и мене навистина ми е нереално. Ти поскоро си од мене ете, јас пред 3 месеци бев и се си беше под конец. Се имаше во тоалетот екстра оставено, чисто ептен... Сум пишувала јас презадоволна сум ова што е пишано што знам... Ајде негде да згрешат нешто ситно но буквално се, баш чудно
     
    На Pacient srna и mace89 им се допаѓа ова.
  5. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.201
    Пол:
    Женски
    Jas realno ke ti kazam koga davam 2000 evra za poragaj ke sakam se da bide perfektno i postelnini I se
     
    На МииБо, Kaja991 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  6. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    21.438
    Незнам дали и во двете болници имате искуство ,но и те како услугата во Систина е нешто .За Ремедика незнам ,немам искуство .
    Прв пат се породив во 2017та а втор пат сега во февруари 2021.
    И од двата престоја сум задоволна и благодарна на сестрите и целиот персонал ,а особено вториот пат кога буквално те прашуваат 5 пати дали да ти го отворат сокчето да се напиеш и зошто не.Ако сакаш за 5 минути викни ме ќе ти го отворам и ќе ти ставам.
    Буквално неколку пати ме праша дали да ми го отвори сокот ,и реков не сакам сега подоцна јас сама ќе си го отворам кога ќе сакам...
    Буквално жена ме однесе и ми помогна да се избањам и облечам.И не само првиот ден ,и вториот и се додека имаш потреба од тоа.
    Ако не ти сменат постелнина само кажи им ,и веднаш го прават тоа.
    Услугата е врвна и на ниво.
    На повик ,нормално е да не можат секогаш да дојдат веднаш ,сепак има и други родилки , во одредено и различно време се дава терапија на сите ,и сл.
    За помошта за доење.Првиот пат толку ме масираа на градите ,ми се плачеше од болка но не ме оставија ниту еден момент кога ми надоаѓаше млекото.Ми носеа топли тетра пелени ,и ме учеа како да го дојам бебе.

    Немам зошто да ги фалам ,сметам дека се прескапи дури и безобразно скапи како за во држава со толку ниски примања, но навистина би било грев да се пожалам од било што.

    Всушност, таков третман треба да има секоја родилка и во секоја здравствена установа ,вклучувајќи ги и државните болници.Ама ,кај нас тоа ни на сон.Сите знаеме како е ,како се однесуваат сестрите па и докторите.
     
    На Anomis11, Milaаа991, tina2018 и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Исто е и во ремедика де и јас два пати таму раѓав.
    Е сега систина имаат помодерен дезен на спаваќа а во ремедика демоде им биле, не биле за сликање. Знаеш дека слики на големо се ставаат.
    Не биле тач постелнините него бели клот без да знаат дека бел чаршав е протокол бидејќи само така можеш да процениш чистота на чаршавот.
    И тоа сестрите може не им се обрајќаат со почитувана и сл...
    Дека знаеш ние бидејќи плајќаме па мора на глава да им се качиме како сами да сме во цела болница.
     
    На Anomis11, Milaаа991, tina2018 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Имам искуство со двете болници, само во Систина не сум била на одделение туку за прегледи и секогаш револтирана сум си одела од таму. Затоа големо не, на тие цени за обична консултација, па уште односот никаков. Е сега, може мене така ми се погодило исто како членката погоре што се пожали од Ремедика, а јас имав сосема различно искуство.
    Во Ремедика одам над 10години заради две докторки кои ми помогнале ненормално многу и секаде кај што сум ги препорачала презадоволни се. Пораѓајот исто помина скоро совршено, имав одличен третман и за следно дете ако биде природно би платила пак таму само за епидуралот.
    2000евра е премногу, па каков сака нека е односот и 10 пати да ме праша за сокчето.
    А точно и дека некои жени имаат превисоки очекувања, мислам болница е, идеме на пораѓај, не знам што повеќе може да се очекува? Одиш со ташна, не пакуваш ништо, безболен пораѓај, ти доаѓаат со едно притискање на тастер, улошки ти мењаат, гаќи ти облекуваат, те носат под туш и те чекаат пред врата, ти го чуваат бебето додека спиеш и да не набројувам до утре навистина не знам што треба повеќе.
    Ете Нетфликс може ми фалеше.
     
    На tina2018, AnonimnaDevojka, Nikolina35 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    21.438
    @Jana06 ете истото го мислиме , но те цитирав поради тоа што имаше напишано дека услугата не е ништо посебно.
    За мене ,и според мене -Е.
    И не сум од тие што сметам дека треба 5 пати да ме праша дали да ми стави сок ,само затоа што плаќам толку пари.
    Сум решила да ги платам никој не ме натерал со сила ,ама нереални очекувања немам и можеби затоа сум задоволна и благодарна од персоналот , после пораѓај.
    @Happyinlove , ете погоре кажав , услугата е таа каква што е ,и според мене е апсолутно во ред, но секогаш ќе има некој на кого нема да му е погодено, баш поради некои нереални очекувања поради парите кои ги дава.
     
    На Anomis11, Coco31, Happyinlove и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    14.544
    Пол:
    Женски
    На се погоре само нема да се сложам дека заради докторите одиме приватно и дека најдобрите доктори заминале таму,на државно има врвни доктори,на некои односот им е полош на некои не,генерално условите се нечовечки само ради тоа отидов приватно,ич не ми беше битен докторот,накрај пак не ме породи тој кај што одев бидејќи баш тие 2 дена не беше тука.
    Најбитен е епидуралот,односот на персоналот и постпородилната нега.
     
    На tina2018, Lili4e, Coco31 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    Така е, се сложувам. Има прекрасни доктори на државно, само во условите нема споредба. И односот како што си пишала, знае да е различен во државна и приватна. Конкретно за гинекологија не знам баш за докторите на државно, зошто немам мн искуство освен за обичен пап и мн од квалитетните точно е дека се на приватни клиники, но генерално е така. :)
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.201
    Пол:
    Женски
    Zavisi Ima kvalitetni doktori i na drzavno no realno sega da treba da se porodam ako imam uslovi bi izbrala privatno radi losiot tretman vo strumickata bolnica sto go dobiv pred 2 I. pol god mnogu loso si pominav tamu i zatoa ja nemam ni spodeleno mojata porodilna prikazna
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    14.544
    Пол:
    Женски
    Јас сум одела кај Тофоски,човекот е прекрасен,исто кај Илиевски во Чаир,тој ме оперираше,секогаш достапен на телефон,фин и приступачен,злато од човек,немам коментар,додека пак пример Петановски од Ремедика на seen ме оставаше на вибер кога му пишав а сам ми даде број :) тоа е моето искуство,државните болници си имаат квалитетни кадри,само преоптеретеноста и условите во кои работат се проблем.
     
    На tina2018, natasam, Happyinlove и 4 други им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.310
    Пол:
    Женски
    И на државна ти мењаат улошки, не седат жените во крв таму, нема потреба да се преувеличува.
     
    На RumShtangla, tina2018, abc1234 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    Те разбирам дека условите најчесто се лоши, на повеќето места во државно. Жал ми за искуството.

    @Stressed Out особено тие што се за плодност се такви, иако на приватно. Зошто мн пациентки има, а тие се толку на број, па или им е смачено или си земаат слобода. Мн убаво знам за што ми зборуваш. И да, секако дека и меѓу нив има убави исклучоци.
     
    На Meckicja и Stressed Out им се допаѓа ова.
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Не преувеличив ништо, си кажувам како поминав. Ете мењале и во државна, од кај да знам, во секоја тема се жалите дека сестра немате видено.
     
    На Anomis11, kukla21 и Kaja991 им се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.310
    Пол:
    Женски
    Можеби откако ке ти го донесат бебето не доаѓаат бидејќи е гужва, каде попрво да одат. Ама додека си со катетар мора да те гледаат.
     
  18. steffriss

    steffriss Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    1.449
    Здраво едно прашање да не знаете дали работи денеска Ремедика за прегледи бидејќи нели е празник неработен ден?Имам закажано за преглед јаврно уште минатата недела но ништо тогаш не мии рекоја фали работаат само ми закажаа во толу и толку часот.Сега вртам на нивниот тел но никој не ми се јавува
     
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    За празници има дежурен лекар. За цтг си или контрола?
     
  20. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    4.101
    Пол:
    Женски
    Денес си работат најнормално како во работен ден. Полна е болницата, баш прееска бев на ЦТГ