Si rabotat regular jas sabajle bev na pedijatar eve sea i na ginekolog...ovie denovi se super nema mnogu guzva
во Систина не се истура во шољата. Во патка го истураат и си го носат. пази па да не се тач во Систина За 2000 еур јас и те како очекувам да ми се на располагање. Точно, болница е, ама плаќаш екстра за услуга. Јас не сум баш најзадоволна од Систина овој пат. Имаше супер сестри, ама Неонатологија кои ми беа топ прошлиот пат, сега беа со намален персонал и беа на гурање. Имав чувство дека ај второ ми е, па као си знаеш како треба. многу пари за нешто што треба да е нормално.
Ubav den vi posakuvam na site Sakam da prasham okolu cenite za ragjanje vo Sistina kolku e, a kolku vo Remedika ve molam spodelete iskustva
Vo remedika carski e 115.000 plus nekoi 2000 imase za bebe eho na sluh i kolkovi. Korona testot e ekstra ama ne mora kaj niv da go pravis, jas od drzavno im odnesov.
Мојот доктор двете бремености ми ги водеше и ме породи со двете деца. Прекрасен човек и доктор. Толку сигурно се чуствував. Можев во било кое време од денот да му звонам. Со првото зо последен момемт одевме на природен пораѓај, еднаш не рече царски. Тоа што на крај итно морав царски е друго. И со двете викаше, мајка, ќе чекаме, бебе кога е спремно тогаш, не брзаме Ради операција на папочни кила морав и вториот пат царски. Резовите не се познаваат. И првииот и вториот пат си отидовме ден порано
Не е сега 118000 за царски во Ремедика? Јас мислам толку платив пред година. Како и да е, јас бев презадоволна од доктор, од сестри, од се вкупно. Тоа што го плаќаш, тоа и го добиваш. Најдобри услови. Се оперираше брат ми еднаш во државна и еднаш во Ремедика и до утре можам да Ви набројувам кои се разликите. Во приватниве го плаќаш она што треба да е “нормално” во државните, ама не е така за жал, со чест на исклучоци. Не ми е битна ни постелнина, ни дали сокчето ми го нудат 10 пати (дури и незгодно би ми било), туку да е чисто, да има културен однос, да не молиш за ништо и да ти бидат на располагање кога имаш потреба од нешто.
Razlikata ti se oni sluh na bebe i eho na kolkovi sto ne te ni prasuvaat dali da gi pravat ama pa koj ke rece ne
Zdravo majki, Nosam bliznacinja, deckoto pocina, taka da ne se zemavme, rano mi e za poroduvanje,sekako ke se porodam vo remedika kaj Simonida,sakam da prasam samo dali koga ke se porodis na bebinjata im stavaat alkicki i dali prasuvaat za imeto i prezimeto na bebeto vo bolnica ili ne? I neznam sto treba da napravam bidejki sakam da nosat negovo prezime... Vi blagodaram
Жалам многу за тоа што се случило Ставаат алкички, кај мене стоеше новороденче на ( име презиме мое) За име на излегување одлучивме но не е задолжително. Во однос на другото прашање ќе ја прашам мајка ми која работи во управа за водење на матични книги и ќе ти пишам.
Ti blagodaram mnogu❤️ Bas mi znaci da dobijam informacija. Duri se mislam i jas da go smenam moeto prezime, za da oni imaat negovo prezime...
Na alkata vo Remedika ima samo brojce, a na krevetceto ima oznaka so ime na bebe, rodilni dimenzii i ime na majkata. Kaj mene na tatkoto ne bese pisano jas im barav da mi pisat posto si go zemav toa za doma. Bas mi e zal za toa sto ti se slucilo ama ova so promenata na prezimeto e komplicirano ne znam bas kako bi go izvela kaj nas. Mislam deka ke treba da si go smenis kako po licen izbor pa otkako ke smenis ti da smenis i na decata za da ne ti bidat neprijaveni. Moj sovet pocni si postapka, ne znam do kade si vo bremenosta
Млада, пријатна е. За нега не знам, и водење бременост, мене сега ми дојде на визита-смирена ми се виде!
Јас мами излегов денес од болница, живи здрави и среќни сме, тоа е најбитно. Ме прашавте многу за услови и цена во Санте плус - пишува царски дека е 850€ да, но има многу дополнителни трошоци. Јас се на се платив 82.000 ден, па сега видете
Генерално сум задоволна, нега за мајка и бебе супер, идат сестри насекое, без болки не те оставаат воопшто. Пријатни се сите! Хигиена одлична. Посета дозволена со негстивен тест, сам си во соба - мене и тоа ми беше битно, се изнаспав 3 дена
Во приватните болници дали има како во странство соба односно пансион ако сакаш со тебе некој од твоите да спие после порагај, на пример првото детенце , знам дека звучи лудо, сеуште не сум ни бремена ама само во тоа ми е паметот, а син ми не е да речеш мал, ама со никој не сака да спие, додуша и јас некако не можам тие денови без него, уште сега ми навираат солзи Леле не ми се смејте , знам дека е чудно и јас не верував дека во ова ќе се претворам