Добро е, барем поопуштено да се осеќам сега кога на тоа помислам Во Санте кога се порагав имаше ама ми кажаа не се во употреба или така нешто ама тогаш не ми ни требаше па не се замарав со тоа. Сега не би се порагала таму па искрено ни не прашувам дали се пуштени.
Во ремедика не постоеше можност. И пред 2 години кога имаше епидемија на морбили воопшто не пуштаа деца на ппсета. А сега со ситуаацијава си барав апартман да може детето барем на кратко да ми го донесат немаше шанси. А за возрасен пред пандемијава ако си сам во апартман дозволуваа придружба
Не сум од скоро, пред 5 год се породив кај Кипроска, мислам дека подобрите доктори сите се разбегаа. Инаку и јас бев природно, со мала доза на епидурал, имав лесна бременост и лесен порагај. Наредно порагање здравје Ремедика или Систина, имам пишувано искуство со сестри, доктори во Санте.
@Umm affan Сега сестрите ептен им се посветени, ги има многу, пружат нега. За доктори има пак: Адамова, Палашевска, Елма, Синан, Божидар итн.
Da jas sakam kaj Elma sakam da zakazam ovie denovi 33 nedela sum pa sakav da vidam vase mislenje za sante so prvoto se porodiv vo drzavna i nemam.ubavo iskustvo zatoa sakam sega privatno
Fala mnogu dali e vistina deka vo paketot pisuva 550 evra plus 50 evra neznam za sto nema veze 600 evra nekae.ama mng sto bile tamu vikat deka koga iskacat im lupat po 700 800 evra da platat dali stvarno e taka dali bez tboe prasanaje moze oni dasi pravat plys kontroli za da na kraj ti platat poveke pari toa me interesira
ме интересира тие што се породиле со договорен царски рез во Систина, дали кога ќе ти закажат стварно тогаш те породуваат или тоа е само прием па чекаш со саати за да стигнеш по распоред
На мене ми кажаа да отидам вечерта пред денот на договорен царски меѓутоа на мое барање ми дозволија да отидам сабајлето. Искрено сметав дека нема потреба да спијам таму и некако ми беше по океј да отидам сабајлето. Ми рекоа само да не јадам и да не пијам течности вечерот пред тоа. Сабајлето ме примија околу 7 и потоа следеа некои испитувања кои задолжително ги прават како крвна слика, крв група,цтг, клизма итн (све тоа си е вклучено во цената). Во суштина најверојатно ке треба да почекаш неколку часови ( во мојов случај 4 часа беа) додека да поминат тие подготвителни работи. Така да додека поминат тие ке ти летне и времето со тоа и потоа ќе дојде на ред породување.
И јас да се пријавам . Ако можеш пиши ми и на мене. Сакав да те прашам и дали знаеш во санте дали може да се бира како сакаш да се породиш ( природно или царски)?
Да, точно е. Антибиотик за бебето за два дена 13000ден плус , кислородна подршка 6000ден од тие што ги кажаа 550еур кај мене испадна 800 и нешто
Па добро, ама антибиотик не даваат на сите, исто и кислородна подршка. Барем јас мислам така, не знам.
И мене ми наплатија повеќе, имав закажан царски рез, мислам дека беше 850 евра понуда, на искачање плативме околу 1200 евра, кислородна подршка, па фототерапија, антибиотици, крвна слика за мене една, за бебето неколку, инекции фраксепарин за мене. И реков на сестрата да ми даде спецификација и не ми даде само ми прочита, сопругот не беше во фазон да се расправа, инаку јас ќе се бунев што не ги кажаа овие работи кога оставив капар и не не известија за цените. Ова не се случува кај секој. Инаку многу сум задоволна од стручниот дел на докторот и на сестрите.
исто и мене на испуштање само ми ги прочитаа ставките од компјутер иначе не ги пишува во фактурата. Глупости.