Kaj Simonida planiram , vcera mojot maticen ginekolog mi dade broj od nejze i mi kaza da i se javam da se dogovorime.. Pa denes ke se javam da zakazam ..
Za simonoida ne znam koga e na odmor,jas za Efremovski prasuvav ama on e na odmor od 1 vi do 10 ti a bash togas mi e termin , pa sega se mislam za vtora opcija
Jas vcera se slusnav so Simonida i e ovde pa zakazavme pregled vo Sabota.Jas dosta citav za nejze ovde po forumot a i plus moi poznanicki se imaat poroduvano kaj nea i do sega ne slusnav los zbor za doktorkata.Mene uste od prva koga gi listav doktorite na web sajtot na Remedika nekako me privlece neato kon nejze ne znam kako da objasnam i znaev uste na start deka kaj nea sakam da se poragam, ako ne bese taa slobodna ke go baram i jas Efremovski toj mi bese vtorata opcija Razmisli si koj da ti bide doktor i procitaj iskustva od dr majki na forumot za istiot..
Jas se imam porodeno vo Remedika sama bev vo soba pred poragaj , mislam deka site se sami vo soba pred poragjaj .
Во предродилна сала мислиш или ? Во Систина си сам, а собите се со по два кревето. Ако ти се погоди ќе бидеш сама,ако не ќе бидете две. Ние бевме две од вечерта, и двете закажан царски за нареден ден
Инаку еве ви најнова информација сите вие кои што сакате да знаете дали може сопругот да присуствува во сала за време на пораѓај во Ремедика, може со негативен ковид тест или приложено дека се има вакцинирано против ковид. Јас денес бев да закажам пораѓај во ремедика ја прашав докторката и ете тоа ми го кажа...
Да да и јас прашав ми кажаа негативен covid тест но да се пази не од брзите тестови туку PCR тест,тебе како ти кажаа?
Исто и мене, ПЦР тест задолжително. Во сала може, е сега не прашав дали може пред да влезам во сала за породување тој да биде кај мене во соба, затоа што не верувам дека мојот сопруг ќе влезе во сала да гледа како се пораѓам хахаа. вака барем да биди со мене во соба,А после породување ми кажаа нема посета во соба само ќе може да го види бебето преку стакло во посебен одел што е за бебиња
И јас не прашав а баш сакам сопругот да е до мене дури имам болку ,после на самиот чин на порагај не сакам да е со мене во соба.На следно оденје ке прашам па ке пишам
Некаде како да прочитав по две во соба, а јас не сакам. Во Санте со син ми се порагав сама бев во соба, ама за второ здравје таму не сакам, па затоа си разгледувам опции дали Систина или Ремедика. Ти благодарам
Па во соба мислев пред да не однесат во сала за порагај, јас со првото бев со провокација, па бев во соба од сабајле од 8 до вечер до 8, па после во сала, кај некои оди побрзо кај мене не беше баш.
Јас да си го кажам моето искуство со породување во Систина. Не знам дали некој имал такво искуство но јас ќе направам споредба на услугите од пред три години и сега. Значи, пред три години услугата им беше врв, бев презадоволна и од условите и од услугите од доктор, медицински сестри, неонатолози...буквално од се. Заради тоа сега отидов пак во Систина. Услугите не беа ни пола од тоа пред три години. Не знам дали заради пандемијата или нешто друго е во прашање, беше невидена гужва, се чекаше по повеќе од пола саат на закажано ЦТГ, денот пред прием, два саати чекав за ЦТГ, лабораторија и анестезиолог. Породувањето помина супер. Неонатологија беше катастрофа за разлика од пред три години. Тогаш го носеа бебето веднаш штом ќе побараш, сега се чекаше и по саат време да дојде сестра било за носење бебе или за да го земат. Тогаш поминуваше неонатолог секое утро, поминуваа педијатри за слух, ортопед, сестри во секое време, за разлика од сега кога еднаш помина само неонатолог и толку. Деновите за престој се скратени. Тогаш беа 4 ноќи, сега 3 ( со царски). Средства за хигиена тогаш имаше колку сакаш (влошки, мрежести гаќи...) , сега требаше да им бараш да донесат. Патронажна сестра нема сега. Посета немаше никаква јас кога се породив. Во еден ден не пуштија 12 родилки. Имав чувство дека сакаат побрзо да ослободат место за други жени. Наплатата исто катастрофа. Чекање цел саат за да платиш. Цените им се качени а услугите за никаде. Искрено многу се разочарав сега, а од други слушнав дека слично било и во Ремедика. Пациент сум таму 8 години и искрено не знам дали пак би отишла таму за било каква услуга, со оглед на тоа дека плаќаш висока цена а не добиваш усуга на ниво. Можеби некој нема да се сложи со моето мислење, сепак тоа е моето искуство. До лани некој да ме прашаше за мислење, ќе кажев се најубаво за Систина, што не е случај сега. Се надевам ќе ги подобрат услугите, инаку ако продолжат вака сигурно ќе ги изгубат пациентите. Извинете за долгиот пост!
Мои другарки што беа државно сите се породени итен царски поради докторски грешки и нивно чекање и неасистирање на време. Една од нив едвај преживеа во Чаир, и имаше само едно бедно извинете од докторот. На другата исто во Чаир едвај го спасија бебето, му паѓа пулс, она онесвестена а они чекаат надвор кафе пијат дур да се отвори 10cm. Уште две од нив беа со сепса од "чистите" инструменти. Бебиња со инфекции од инкубаторите. А за раните од царски да не зборам, сите крпени ко свињи. За односот на вработените нема ни да коментирам. Сите знаеме. Не 2000 евра, 4000 ќе платам ако треба на приватно. И да златна, супер мајка ќе бидам. Тоа што здравството ни е КАТАСТРОФА и јас моето бебе ќе го раѓам приватно не ме прави лоша мајка, баш напротив. Јас не ги навредив пациентките туку персоналот на државна што сите знаме како се понашаат. И мене ме третирале така затоа и сум избегала на приватно. Засрами се од коментарот!!!
Примери со другарки не се релевантни, моите сите се природно породени и немале никаква мака. Од бокс во соба смаи можеле да одат. Тешко ли е да разбереш дека 2000 евра се многу пари. Јас дадов за матични клетки ама немав 4000 за плус приватно да раѓам. Со врски и честења беше супер. А многу жени си кажуваат дека без ништо поминале супер. Не е фер да драмиш затоа што многу жени ке раѓаат на државно. Плус тоа што го опишала членката е како на државно со врски.