Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Значи моите примери не се релевантни а твоите што поминале супер се релевантни :)

    Тоа дека е многу пари е глуп муабет.
    И мене породувањето ќе ме кошта повеќе од 4 мои плати. И овие 9 месеци тргав пари за истото. И ако не успеев да тргнам ќе доземев кредит ако треба.

    Луѓево зимаат кредити за одмори, праат свадби од 10.000 евра, праат мекици колку пола свадба, имаат ајфони од 1200 евра а после тоа се породуваат државно пошто многу било 2000 евра за пораѓај.

    Како и да е, секој со својот став нормално. На пример ти си дала пари за матични клетки што цел свет знае дека е превара.

    А за тоа што ми го кажа лично мене погоре преиспитај се малку. Поздрав.
     
    На Anaroz1, kostovaivana, Chuchanov и 6 други им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.310
    Пол:
    Женски
    Ти кажа дека на државно ги третираат како стока.

    Твоите 4 примери не се релевантни затоа што секој ден раѓаат по најмалку 4 жени.

    Јас знам жени кои ги осакатија на приватно. Ги осакатија и им наплатија 3000 евра.
     
  3. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Како и да е, јас кажав свое мислење од свое искуство и искуство на мои блиски. Ти кажи си свое. Не ми кажувај мене јас каква мајка ќе бидам.

    Ти сама што си се најде навредена од мојот коментар е твој проблем а ти мене ме навреди лично.
     
  4. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.246
    Допаѓања:
    170.017
    Пол:
    Женски
    Како изгледа тоа- закрпена како свиња?!:(
     
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Ќе пуштат специјализант(нормално и тие треба да бидат доктори некогаш) и те крпи како знае и умее :) има некои до толку не писмени што внатрешен слој со надворешен на една роднина и го сошија. Али тоа е индивидуално каков ќе ти се погоди.

    Предноста на приватните е што покажуваат техники на доење имаш и пристап до силиконски брадавици, пумпа итн. Додека во државно кога ќе се породиш ќе ти го остаат детето цел ден со тебе па снајди се како знаеш и умееш. И нема потреба од частење на медицински персонал во државно, за што да ги частиме за успешно завршена операција, дека сме живи? Ако треба и 10 000 евра ќе ги најдам ама споредба не може да се направи никаква со приватна и државна болница.

    Јас лани се породив во Систина и супер пројдов немав никакви замерки, пречисто беше и се ми беше достапно. Бебето нон стоп ми го носеа кога и да им заѕвонев. Топла вода за чајот и што упорни беа за доењето на секој можен начин и успеаа во тоа. :)
     
    На cresa-jagoda и Silvii им се допаѓа ова.
  6. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    @Brpbrp одлично ти објасни. Кожа набрана преклопена како кога праам ручек полнето пилешко или свинско па го фаќам со чечкалици фушарски колку да држи.

    Буквално така.

    Тие рани што сум ги видела од царски од систина се тенка линија што од кога ќе заздрави, ја нема!

    И на крај краева не е за раната. Туку дека ние носиме живот на светов, сите имаме различни бремености и лесни и тешки...и не заслужуваме некоја искомплексирана сестра или докторка да си ги истура фрустрациите на нас.
    А тие што мислите дека треба да частите за да ве третираат ко чоек, секоја чест!
     
    На Anaroz1, Orchidea, Lili4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.737
    Допаѓања:
    145.159
    Замисли јас ваква тенка линија, лепена, имам од државна. Малтене скроз избледена е после 3ипол години.
    Ај престанете со тој надмен однос од приватните и како таму се е сјајно, а на државно касапница!
     
    На Annath, Sofi.ja, flower30 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Замислувам и така и треба да биде!

    Никој не збори надмено ниту па некој некого може да убеди...
    Во секоја нормална земја државното е во најмала рака како систина, а приватните им се бог да чува.
    Ние тука само коментираме за приватно ко да е којзнае што, а е нормална болница.

    И не касапница само гинекологија за жал..
     
    Последна измена: 2 август 2021
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.737
    Допаѓања:
    145.159
    Да, треба работа во државното здравство. Ама вакви тврдења дека е касапница, а повеќе од 70% од жените се породени таму. Не се ни искасапени ни толку истрауматизирани како што се прикажува.
    Се согласувам дека тоа треба да биде нормална услуга секаде, а не да плаќаш. Ама касапница не е. Јас немам таков впечаток. А докторите кои се во Систина, се дојдени од државно. Значи истите касапи. А грешки колку сакаш има и таму и ваму. Секој со среќата.
     
    На Annath, Sofi.ja, elimkd и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Така е. СИТЕ скоро се излезени докторите од државно. И скоро сиот едар кадар го земаа приватните.
    Никој не сака ни да работи ни да се лечи во такви услови.
     
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.737
    Допаѓања:
    145.159
    Во какви услови? :D
    Јас се породив во државна во внатрешноста. Во најнормални услови.
     
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.630
    Допаѓања:
    35.229
    Пол:
    Женски
    Really? Заради условите отидоа докториве или заради плати?
    Толку од хуманоста...

    И... многу ми е интересен феноменов со споредбиве, демек зимаат кредити за одмор, за ова, за она, ама за породување не... неодговорни родители се оние кои не сакаат да плаќаат приватно породување, а.... ако недај боже треба детето да остане во болница, веднаш го префрлаат на детска клиника „одговорниве„ во кланицата (поголемиот дел)
    хм...хм...
     
    На Annath, Sofi.ja, flower30 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Добро. Не знам кој е твојот репер за нормални услови. Јас зборам за условите во Скопје.
     
    Последна измена: 2 август 2021
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.137
    Допаѓања:
    88.272
    Пол:
    Женски
    Државно имаат и подобри доктори од приватните.:mm:
    Да се разбереме, во приватно се оди заради царски по договор и епидурал.;)
     
    На Annath, teddy85, Sofi.ja и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Фино што го спомна делов со детската клиника. Инкубаторите се нови донација од пред неколку години и успееа да ги сведат на нивото на кое е цела државна.

    Влези во темата каде мајки кажуваат за бебчињата што морало да останат на детска клиника во инкубаторите.

    Сите со инфекции од инкубаторите и не ни знаат како им напредуваат бебињата, им спуштаат телефон!
     
    На barby и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. ar.in

    ar.in Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Гледам дека мојот коментар предизвикал лавина од коментари. Целта не ми беше да споредуваме државно со приватно. Кој каде ќе се породи е личен избор. Јас само ги сппоредив условите во истата болница од пред три години и сега. Значи иста болница, исти доктори, треба да бидат и услугите исти (не беа за жал). Можеби сето тоа е поради пандемијата, не знам, заради зголемениот обем на работс. Меѓутоа, треба да се примаат онолку пациенти колку што има капацитет и персонал болницата, а не да се буткаме таму, да чекаме со часови, да се нервираме во моментот кога треба да сме релаксирани и да го чекаме најубавиот момент во животот, да станеме мајки и да донесеме на свет прекрасно бебче. Поздрав до сите и нека ни е вечен празникот св.Илија!
     
    На Lili4e, Slonce91, marijamarkoska и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    А во кој свет златна остана да бркаш врски и да потплаќаш за епидурал? Дали се тоа нормални услови во 21 век?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.310
    Пол:
    Женски
    Ало жено како да мислам дека ке воспиташ дете како што треба кога велиш не третирале како стадо и не шиеле како свињи?

    Немам јас комплекси што родив на државно, ни па сум навредена. Срам ми е за тебе.


    После 2 години линијата скоро не се ни гледа. Ама врв си со описот на раните.
     
    На Annath и elimkd им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.630
    Допаѓања:
    35.229
    Пол:
    Женски
    Ај, нека е и вака како што викаш... Зошто тогаш „одговорните„ мајки кои се породуваат на приватно ги оставаат таму дечињата? За породување имаат пари, ама за децата не?
    Глупаво ви е споредувањево и етикетирањево... Толку од муабетов...
    А за детска клиника... едно чудо дечиња се спасени таму, дајте ве молам не зборете глупости |(
    А во Систина рози цветаат, бактерија е мисловна именка таму :nod: Ама затоа, по грешка ампутираат десна, месо лева нога и слични утки.. Упс...
     
    На Annath, marijamarkoska и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  20. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Ги носат затоа што во систина инкубатор е од 300 до 600 евра од ден!
    И јас за малку ќе се породев во 29та недела и жива се избезумив пошто ќе немав пари да платам 2 месеци за бебето. Пак ќе ти кажам влези во темата и прочитај што се случува со бебињата таму
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.