Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    8.361
    Пол:
    Женски
    Вакво генерализирање и ставање на цел државно вработен персонал во ист кош е срамота. На ГАК се најдобрите специјалисти гинеколози и неонаталози. ГАК е универзитетска клиника на која работат професори.
    Моментално сум 37ма недела, на прегледи на ГАК одам од 20та недела, кога имав ковид и не 4000, 10000 евра не ти обезбедуваат преглед на приватно како трудница со ковид. 4 месеци веќе сум следена на ГАК и освен неснаодливоста, неинформираноста на пациентките и расправањето зошто не ги примаат без упат не сум забележала друг испад, особено не од вработен на ГАК , било сестра или доктор.
    Никогаш не би помислила да му давам пари на Орце Камчев во пералната за пара, за ако не дај боже нешто згусне да ме натоварат во комбе и мене и бебе и да не пратат на ГАК, иако цената на тамошниот престој можам да ја платам со две месечни плати.
    На крајот на денот секој си знае каде си ги троши сопствените пари и каде мисли дека ќе добие најстручна услуга ама вакво генерализирање и кажување дека касапеле на државно е тотално несоодветно и пред се навредливо како за докторите така и за пациентките кои се одлучиле за пораѓање во државна болница. Поздрав
     
    На Annath, Sofi.ja, elimkd и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Ама тука имаш навреди и за тие што одлучиле на приватно, па како џабе фрлале пари, истата услуга ќе ја добиеле и во државно. Пак мешање во туѓ џеб. А реално да збориме ужасно државно здравство имаме луѓе, не заебавајте. Да, сум била на гак и ок се, фини службенички, чат пат некоја докторка ама ти докторот на пораѓај го гледаш, па каков сака нека е професор, негата е важна и таа која остава трауми.
    Во ред е кај и да се породиш, секој со својата одлука и џеб ама стварно веќе аман од комплексите.
    Касапница е тежок збор, не знам како е навистина зашто не сум раѓала таму ама убаво искуство имаат само тие што среќата ги послужила да родат побрзо, барем во мое опкружување.
    И ајде доста кажувате, споредувате во оваа тема, си има друга тема за тоа.
     
    На Sofi.ja, barby, IRBBB и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    8.361
    Пол:
    Женски
    Јас не кажав никаква навреда ниту пак се мешав во туѓ џеб. Баш напротив си кажав за себе и реков дека секој за себе си знае најдобро.
    Воедно, пишав за докторите на ГАК, бидејќи госпоѓата напишала дека докторите крпеле пациентки како свињи, не пишала за негата.
    Точно е дека државното здравство не е на ниво на кое би требало да биде ама генерализирање и вадење од памет поосетливи трудници, со изјави дека се касапи и се крпи како на ветеринар е небулозно.
    Во однос на коментарот "аман веќе со коплексите" не би знаела на што алудирате. Поздрав
     
    На Danicka00 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Мајстори сте да превртите кој што кажал еј :)

    Јас кажав дека МОИТЕ блиски се крпени, и тие самите тоа го кажуваат. И јас сама си кажувам дека ме третирале како стока, ко да им згрешил нешто чоек... се дерат сестрите вреѓаат мислиш си им утепал некој.

    Многу осетливи сте вие бе. И јас сум трудна ама ај ќе се лажеме да не се вознемири некоја преосетлива трудница.
     
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Се зависи на каков ќе налеташ али реално во приватна работат доктори што се веќе излезени со искуство од клиника и ие истите доктори на почеток "крпеле" како знаат и умеат. Конкретно другарка што се породи ја шиеше специјалист без присуство на доктор во корона време и што ако тоа не е во ред сошено, зборам за природен пораѓај! И коментар од стилот" еј ти толкаво дете роди па сега анестезија бараш". Вакви коментари не се потребни искрено. Државна болница треба да е обезбедена со се од нега на родилките, бебињата, хигиена, доење итн. Јас не сум задоволна од ГАК конкретно зошто прво ќе ме спремеа за киретажа" мислејќи дека е вонматерично", а врска немаше и друга работа за еден извештај за клексани чекав саат време и не завршив работа ми рекоа да дојдам друг ден зошто немало доктор,мизерија. Пак ќе кажам сите што се доктори по приватните се учеле на клиника и тоа на пациенти како сите нас и од кога се усовршиле отишле во приватна да работат.
     
    На Silvii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Не ти се обратив тебе директно, само ти го цитирав делот зa да се надоврзам. Гледам нов член си, веројатно не знаеш дека тука е пракса да се нападнат жените породени во приватна болница во тема која е наменета за тоа.
     
    На LucyLu му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Јас сега го увидов ова и не го знаев ама ич не сум изненадена. Фала
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.309
    Пол:
    Женски
    Јас никого не напаѓам пред некој да каже дека жени породени на државно се стока. И крпени како свињи.
    И да знаат кој за што земал кредит. Ама излишно е да се објаснуваме. Не е прв пат да се дискутира за ова и преувеличува.
     
  9. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Да те прашам уште нешто пошо од уста не го извади ова дека сум рекла крпени ко свињи..

    Исто така кажав дека другарка ми едвај преживеа а другата бебенцето ќе го изгубеше поради докторски грешки.. уште две со сепса од чисти инструменти, или ова не е важно? Само важно е што сум рекла дека се крпени? :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.309
    Пол:
    Женски
    Слични пропусти знам кои се направени во приватните. Едната жена со месеци се опоравуваше. И сега што?
     
  11. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    Кога ќе почнете да го фалите државното здравство, како ние да сме од Марс паднати па не знаеме како е... Пред 6 години лежев 10 дена на патолошка и индуциран царски. Ме фати продолжен викенд, кадар немаше, едната докторка ја заклучија канцеларијата каде што беше ехото за следење доплери и отишла на викенд, клуч најдоа наредниот ден. Што се однесува на прогнозата за мене се промашија, нејсе тоа, операцијата помина релативно добро, ама резот ми е многу голем и многу високо, што лани кога повторно се породив царски, докторите во Санте се чудеа зошто таков рез, зошто толку високо. Сечеејќи ме овојпат заради лошо направен рез се задржаа подолго да го извадат бебето и малку аспирираше вода (среќа не беше заматена) и после на крпењето го поместија резот подолу и ме средија д-р Бранко и д-р Елма (фала Богу). Инаку во државна ме крпеше специјализнат и тоа не ми пречи воопшто, напротив тие треба да учат и лечат во иднина. Ме нервира неорганизираност, дрскост, безобразлук на дел од кадарот. Таму ако некој е фин како да е аутсајдер. Инаку на Гак имав луѓе што ми се наоѓаа, ама сепак некогаш не е до врските. Затоа лани се породив приватно. И без разлика дали е приватно или државно, ако некоја има мака секаде ќе помине лошо и со трауми, само последиците се важни после. Лесен пораѓај ќе биде лесен и на приватно и на државно.
     
    На IRBBB, Lili4e, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    8.361
    Пол:
    Женски
    Тоа е веќе друг муабет. Алал нека им е паметот на тие што напаѓаат други за сопствен избор.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Добро ти си прошла како да си била на Малдиви, во ред разбравме. И уште неколку што и знаеш добро прошле. Али 90% од нас знаат каква е и негата и пораѓајот и какви се специјализанти и доктори има! На памет никој не збори или од ракав истресени зборови, може и на некоја друга ќе и се погоди супер да и е али на други 10 не. И општо во државно никој не се замара за пациентите не само на ГАК.
     
    На Silvii и Camille84 им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.309
    Пол:
    Женски
    Навреда е да кажеш дека жените се стока, свињи, одат во кланица.
    Јас на форум имам прочитано дека е ужас. Далеку од идеално е ама разберете дека немаат сите по 2000 евра за три дена.

    Тие специјализанти утре ке бидат доктори и ке пораѓаат мои деца, твои на сите нас. Мора да научат. Нема да се вечни докторите во систина и ремедика.

    И во прочуените приватни има фатени доктори кои унакажаа жена, по утнат царски три недели лежеше со катетар дома.

    Сте се запнале со тие приватни како рози да цветаат.

    Да не зборам колку неуспешни приказни со доење има заради нивни пропусти.
     
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Ти не давај ако немаш има луѓе се снаоѓаат и даваат. Да не споредуваме државно со приватно те молам. Да гледаме во проценти колку има задоволни од приватни и државно дефинитивно во државно нема да има толку задоволни луѓе. И на државно се вртат неколку доктори на прсти да ги изброиш и ги плаќаш упола од приватно за само тие дате породат. Зошто сите бараат врски меѓу кои и ти си една од нив?

    И разбери дека доктори од приватно се учеле на луѓе како нас и се усовршиле. И се надоградуваат тие доктори по приватните болници. Колку успешни бремености имало по приватните за разлика од државно што не знаат на едно обично ехо да гледаат во амбуланта. Се тоа што го има во приватните треба да го има и во државните установи ама полесно е седи кафето испиј го и не се замарај со ништо.

    И не пробувај да убедуваш дека државно е подобро од приватно. НЕМОЈ.
     
  16. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Јас сум една од тие неуспешно доење поради пропуст нивен во Ремедика. Уште си враќам филм што ќе беше и како ќе беше ако знаев повеќе работи и јас самата, но и ако ми се погодија сестрите бидејќи читав многу дека оние кои сакаат де посветени 100% да ти помогнат и да те научат. Ни Д од доење не ме научија!! Овде пд форум научив, но касно.
    а за државна снаа ми лично претрпе хорор каде една мед сестра и рече “што ме гледаш како коза” пред породување. Снаата на снаа ми за малку ќе починеше бидејќи и оставија дел од постелката внатре.
    Не знам што да кажам… буквално како ќе ти се погоди!
     
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Цццццц (facepalm) Да земеш да ја треснеш од земја, глупача.

    Инаку, што вика @Brpbrp не знаат на ехо да гледаат, може и ќе бидат подобри доктори ако имаат подобра опрема. Она ехото на Гак доле за итни случаи е од пред два века. Бев два пати и ништо не можеа да видат, онака на слепо збореа. Првиот пат трудна отидов, докторот не можеше срцето на бебето да му го најде, од памет ме извади.

    Ете мајка ми има родено 3 пати во државна болница. Првиот пат со мене 3 дена мачење вика никој не те погледнува додека не се отвориш 10 прсти, вториот пат одлично поминала дека ја родила сестра ми буквално за 10 минути, третиот пат очекувале најлесно да помине, а заврши на итен царски со куп лекарски грешки и последици по бебето.

    Само да имаа почовечки однос во државните и епидурална, приватните ќе беа празни.
     
    На eli25, IRBBB, Stressed Out и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Ама немој ти се молам да ги вреѓаш сестрите дека се глупачи. Што ако и рекла не ме глеј ко коза.
    Како тоа немале човечки однос. Ќе се вознемири некоја осетлива членка од овие изјави па.

    Па врски ќе побараш за епидурална во 21 век. Тууу ама сте...
     
    На oblace1, Didi*** и Jana06 им се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.309
    Пол:
    Женски
    Кој кажа дека државно е подобро од приватно??? Си умислувате работи кои не сум ги пишала. Услови. Доктори и на државно се фантастични. Некои доктори нема да се продадат за систина и ремедика.

    Разбери дека и на приватно прават грешки. Пред 3 месеци на роднина и направија грешка да 3 недели дома со катетар беше. Уште има проблеми.
    И на приватно работат луѓе кои грешат. И таму умираат бебиња.

    Прават царски за пари без индикации да не им заврши смена.

    Кажу каде на приватно има пораѓај за 400 евра?
    Прочитај погоре какви грешки прават и во приватните.
    Дури и членка сама кажа дека систина сега е нула во споредба со пред 3 години.

    Како ке ти се погоди.
     
  20. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Какви врски и да фатиш епидурална нема, страшно.

    Мила, докторите не се продаваат. Не знам зошто толку одбивност и толкава енергија во напад на други доктори и болници, не те разбирам. Како и за сите нас кои работиме други професии, така и за докторите мотивација се парите и градење на кариера.
    Знаеш кој доктор не отишол во подобра болница за подобра плата? Тој што не добил добра понуда. Зошто доктор од Чаир би идел во Систина кога од пораѓај со врски зима 300евра, плус основна плата, плус дежурства? Таа плата ни Ремедика, ни Систина ќе му ја дадат.
    Од страна изгледа како да се ситиш на тие што лошо поминале во приватна болница. За болници збориме, не за хотели. Отишле од мака, од страв од државното здравство.
    Уште илјада лоши приказни да ми кажеш од приватна болница пак ќе одам зашто пак шансите се помали. Значи збориме за пораѓај, не за обични прегледи, за испитувања, за тешко забременување.
     
    На IRBBB, Didi***, Lili4e и 4 други им се допаѓа ова.