Јас кажав дека и јас би отишла во приватна да имав повеќе пари. Зошто непотребно се дига тензија дека на државно е кланица а пациентите се стадо или свињи? Ретко кој оди државно од мерак. Ама сега со искуството кое го имав за второ и да имам пари пак би одела државно. Бев исплашена дека на дежавно е ужас а не е. Читав и јас дека прават не знам што ама не правеле. Некоја трудница што чита и нема пари за приватно ке се јаде што и како ке биде со неа и бебето затоа што овде се тврди дека пораѓај во државна болница е најлошо нешто што може да ти се случи. Кога ке престанат членките со драми дека раѓаш на државно и ти прети смрт тогаш и јас нема да пишувам за негативните искуства во приватните. И таму работат луѓе кои прават грешки.
Е тоа си го прават комплексите. Имав колешка на работа, лошо помина на пораѓај во Чаир ама сите ги убедуваше дека супер е на државно и да не си фрламе пари на приватно. И вака ко слеп за стап ќе се фати за една реченица или збор и ќе вергла до утре.
Па тоа е поентата, секоја што има можност би избрала приватна пред државна. Само не знам ако ете си била во приватна како тогаш немаше да ти сметаат пропустите со доењето, индикации за царски и сл. Значи сепак би избрала. Трудница не мора тука да прочита за да исплаши, буквално од секаде и од се може да се испаничи. Форум е и секоја ќе напише што мисли, која се плаши нека не чита. Искуството сега не ти се чини страшно дека царски си била, да си раѓала со денови како мои другарки уште трауми ќе имаш. Една ја имам после 6 години не може да се накани за второ. Пак ќе речам, такви се породувањата, болките се тие, сите жени поминале низ истото ама види бре однос на сестри во странство, види кај нас. Коза да ми рече во таков момент кога сакам главата од ѕид да ја мавам стварно ќе ја треснам од земја. Или класиците 'убав ти беше сексот, сеа плачи' и 'ти мислиш лесно се станува мајка', абе само моќ да имам да видиш кај ќе се најдат. Е тоа е тоа што ме нервира. Пропусти има секаде и ќе има, луѓе сме и се случуваат грешки. Само што кај нас ретко кој одговара пред закон ама затоа за напад на лекар направија измени.
Ние 10 родилки бевме и замисли сите ги чекаа за природно ја не знам од каде ви е тоа дека инсистираат за царски само. На приватно плаќаш џошто е приватно, зошто бркате и плаќате доктори да ве пораѓаат за природно? Или страв ви е од исход на специјализант или необразован доктор? На приватно имаат и понова апаратура и знаење додека на државно не можат да видат едно вгнездување во матка. Ти кажувам дека јас сум била на државно и тие специјалистите ќе ми извадеа и јајник и туба и сала дури спремија да ме носат ради сомневање на ектопична бременост среќа имав некоја постара докторка што се симна па им кажа дека е вгнездено во матка. Можев и без деца да останам. И да пак би одела на приватно да раѓам зошто се доволно образовани и се дообразуваат докторите по приватните за разлика од државното што не му е гајле дали ти ќе родиш или не.
Абе имам пријателки што работат на клиника, нормално дека можат да средат кој сакаат да ги пораѓа и пак сите родија во систина. На мој другар мајка му е главна сестра на оддел и ја прати снаа и на приватно, нејќеше да чуе таму да се пораѓа. Џабе праиме муабет. Вергла членката 2 дена за пак на крај да рече дека сака приватно. Сеа ќе се јави и пак ќе збори за крпењето и свињите
Со некои членки нема резон да се дискутира. Затоа нема да продолжам да реплицирам. Поздрав и со лесно.
Јас мислам дека никој не прави драми за државно,туку споделуваат искуство. И јас сум на истото мислење дека приватна клиника и државна не се споредуваат. Супер е што си имала позитивно искуство на државна,браво. И верувај ми дека се што си прочитала од членките дека ги навредуваат, дека не им обрнуваат внимание, дека буквално има членки кои МОЛАТ за царски,е навистина така! И да не се лажеме,ако не ги почастиш докторите и сестрите со 300-400 евра не те гледаат. Супер ако ти си исклучок. Јас пред 5 години го родив првото детенце во Санте, а тоа е болницата за која највеке зборуваат дека форсираат царски,имаше 4 родилки околу мене кои рагаа природно. Еве јас имав компликации,ми кажаа мора царски,и имав тешка операција,имам пишувано во породилни,ама пак сум задоволна. Сепак е тоа болница,операција,моето тело кое не реагираше баш така како што требаше. Дали имало некаква грешка нивна, боже мој,луге сме,тоа никогаш нема да го знам. Ама зборувам за односот кој го имаа,за љубезноста,за тоа дека докторката 5 пати во ден влегуваше да ме види,за трпеливоста додека се исправам за нозе,за ЧОВЕЧКИОТ ОДНОС е тоа го нема во државна. И за систина исто така не се согласувам дека се нула,со апаратурата која ја имаат и способноста на персоналот таму. Да се надоврзам, за преглед во државна 8 месец чекав саат и пол.На крај појдов во Санте,па така и се одлучив за таму. Тоа првин не е хумано,не знам дали е уште така,ама 3 жени кои беа пред мене со врски,си влегоа без термин. Беше почеток на декември и беше ужасно ЛАДНО. Да не ги споредуваме ни условите,ни персоналот и нивниот однос. Коментаров беше мое мислење,и никоја не треба да се плаши од рагање на државна,сепак еве има луге со позитивни искуства.
Јас не кажав дека на државно е сјајно. Со врски и ме гледаа ама креветите се тие собите тие. Ама мора да се има во обзир дека голем дел од жените немаат пари за приватно. Се збори за кредити и се и сешто како да се 200 евра а не 2000. Јас бев преплашена за пораѓај на државно ама можам слободно да кажам дека не е страшно. И без врски се поминува добро. Наместо да олабават тие вреѓаат жени дека биле стока и свињи. Паметот им е... Плус им велам дека секаде се прават грешки, не се докторите таму магионичари ама кој да разбере, сум се ситела...
Во приватното не смеат сестрите да повишат тон, а не пак да те извреѓаат оти одма ќе ги избркаат. Истите сестри да се во државно, нема да се замарат толку со пациентите и затоа е така како што е. Никој не се замара да го подобри јавното здравство и затоа има секакви пропусти,почнувајќи од партиските вработувања па натаму. Да се подобрат условите и да има санкции за непрофесионално однесување, ќе биде подруго.
Па ете тоа е муабетот. Што здраврството наше е отидено во неповрат. Како може да се дозволи да имаат стари кревети,крвави пижами, нечисти инструменти? Не велам дека баш секаде е така,ама читајки нагоре по коментарите на членките, таков впечаток имам. На крајот од денот, зошто да не пријавиш нехуман однос? Зошто нема таква можност?! Доколку малку условите се подобри,доколку сестрите/докторите можат да добијат пријава за навредите кои ги упатуаат, или не стручноста, бројот на породувања драстично ке се намали во приватните. На крајот ако не им е убаво во средината во која работат,не се задоволни од условите,платата не знам што зошто не си заминат?! (и сестри и доктори) Зошто да исфрлаат фрустрации врз жена која тој период е релативно кревка,измешани чувства на страв, хормони полудени?! Зошто некој да ја навредува и споредува со коза,крава и сл. Никогаш не сфатив како може жена на жена тоа да го каже. На крајот бараат мито/пари за работата која треба да ја завршат и за која се платени од наш џеб.
Не, не ги навреди жените туку рече дека персоналот така се однесува со нив. После тоа, ти се дрзна да и кажеш каква мајка ќе биде заради тоа што го пишала. Ти не кажуваш дека секаде се прават грешки туку 'ама и во приватните прават грешки, оваа роднина, онаа роднина'. И тука малку го извади од контекст, реков дека изгледаш од страна како да се ситиш. Како да ти се уклучува некој аларм кога некоја ќе напише пропуст од приватна. 2000 евра се точно, не 200 и ти ако ги немаш, друга ги има. Наводно, реплицираш за да не се исплашат другите трудници, а пишуваш колку лошо поминале жените во приватна болница. Не ти е гајле дали ќе се исплашат жените што ќе раѓаат во приватна? Ти си знаеш од која причина плукаш по приватните ама очигледно е.
Zasto gi isprevrtuvate rabotite , ne e ubavo taka, zenata ne rece deka zenite bile stoka i svinji tuku deka personalot se ponasa sprema pacientite taka, sto e i tocno za zal, ne samo na Gak opsto sekade.
И приватните имаат подобри доктори од државните Секако правиме муабет за поединци, не генерално. Сакам да кажам, кога одиме на приватно, одиме кај веќе докажани доктори. Исто и на државно. Затоа не треба вакви генерализации. А за другото, пак не се согласувам. Оди види во другите теми колку ги има што се договараат за царски без индикација со потплата на доктор. Колешка моја така се породи, страв ѝ било од природен. Се договори со доктор и се породи со договорен царски без индикации. Јас на пример скоро 3 дена бев со болки во приватна болница и ме чекаа да се породам природно. На крај царски завршив. Сега некој ќе рече намерно така ме оставиле за да ми наплатат плус денови, па кога ќе видиш, некогаш крајот не се наоѓа на оваа тема.
Поима нема што збори па се закачи за тоа и го филуваше секое следно пишување. Ние 20 аспекти прокоментиравме секој со свој став нормално, она не знае што..
Да има во државна епидурална, ќе се намалат договорените царски. Сега некој ќе рече и при царски има болки, ама тие со овие при природен пораѓај не можат да бидат исти.
Jas sum so dva carski i se soglasuvam, bolki imav otposle, a cimerkata rakata ja grizase od bolki dodeka da ja odnesat vo rodilna sala..ona istrpe bolki i pred i posle i za vreme na raganjeto .
Тоа го вергламе цело време, епидуралната е клучната работа, а после односот. Не е поентата да ги браниме болниците како на татковците да се, туку да бидеме реални. А овие па кога ќе почнат да скокаат за договорен царски, тие па кој да ги разбере кој им е проблемот со туѓо тело. За болки од царски ќе ти стават аналгетик ама за породилни болки нема спас т.е. има, епидурална се вика ама ние не сме заслужиле таков третман.
Па не баш. Јас требаше да се породам природно и си ги трпев болките добри 3 часа пред да побарам епидурал После неколку часа завршив со итен царски поради папочната врвца на бебето. Можам да кажам со сигурност дека пре би трпела болки од природен отколку болките од царскиот после раѓање кои траат со недели, па не можеш да креваш и едвај се движиш првите денови. Во најранливиот период си со најголеми болки пост царски рез.