Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.755
    Пол:
    Женски
    Мене ми ставија трамадол на пораѓајот, ама освен зашеметеност, друго дејство немаше.
    Болките јас си ги истрпив, ама тие напоните ми беа страшни. Мислев ќе пукнам.
     
    Последна измена: 3 август 2021
    На Jana06 и tina2018 им се допаѓа ова.
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.755
    Пол:
    Женски
    Имам пишувано за болките од епизиотомијата после првиот пораѓај. Скоро 2 месеци јаки болки имав, не можев да одам убаво. Кај мене изгледа беше алергија на конците, затоа на вториот пораѓај не ме сечеа. После првиот пораѓај имав и јаки главоболки, ми пречеше светлината, имав и болки во половината, не можев да се свијам. Многу ми беше страв да не се повтори истото. Не знам зошто ми беше така
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Кој колку сака нека не се слага, во приватните болници плаќаш енормни суми за третман, среденост и врвна услуга и ништо повеќе, те гледаат како банкомат. А тоа дека нема врвни гинеколози на државна е чиста глупост, има и те како и секоја им чест
     
    На Trpkovska му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Има и на државно ама кој има среќа да му се падне добар доктор, а при тоа и да не плати. И на државно добрите доктори имаат ценовник што не би требало да е така. Сите здравствени работници ги гледаат пациентите како банкомати без разлика државно или приватно.
     
    На Anaroz1, sikica7, KuklickaSk и 4 други им се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Во право си не велам не без пари нема здравје како велат, ама не можеш да се биеш в гради по секоја цена да величиш пораѓај во приватна болница, логички на таа енормна цена очекуваш и ти следува третман, хигиена и други тракатанци на ниво, ама дека нема врвни гинеколози на државна со тоа никако не се слагам, и вистина е тоа во приватниве секој комплициран случај веднаш го праќаат на државна.
    И дали сите до еден гинеколози во приватниве се врвни доктори штом велиш да имаш среќа на државна да ти се падне добар доктор? Еве во мојот случај гинеколог во приватна болница во првата бременост ми ја утна терапијата, кога отидов на државна за киретажа се чудеа што ми препишале …
     
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.309
    Пол:
    Женски
    Персоналот се однесува така а жените се глупи што не зеле кредит да родат во приватна. Читај малку меѓу редови.

    Значи на државно кој оди нека се плаши, нека се пишува се и сешто, а за во приавтните да не се исплашат случајно. Абе ајде.

    Секоја втора пишува дека на државно ме да умреш ако раѓаш, прво заради стручноста на докторите оделе на приватно.
     
  7. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Само ти го сфати тоа така. Членката напиша дека ги третираат пациентите како стока што 90% е точно. Тебе ти одговараше да “читаш меѓу редови” и да пронајдеш причина да ја нападнеш.
    има секаде пропусти ама кога ставеш на вага пропусти од приватни и државни… нема потреба од коментар овде :)
    Вистината е дека секој кој ги има парите или се снајде да ги добие оди на приватно.
     
    На Sofi.ja, cresa-jagoda, Silvii и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се коментира надвор од темата, не би требало да продолжи дискусијата, за свои пари кој каде сака ќе си се пораѓа и тоа си е личен избор и можност на секоја родилка. Тука треба да споделуваме искуства од породување во приватна болница, искуства со доктори и слично. Јас лично се пораѓав во приватна, и пораѓајот и се што следи после тоа не ми е воопшто трауматично искуство, иако имав тежок природен пораѓај, тоа ми беше желба и докторот ме чекаше 18 саати за да се породам и успеав.
     
    На mssuniquee, flower30, tina2018 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Па добро, ајде да се согласиме дека е индивидуално, различен ни е прагот на толеранција на болка. Јас на пример никогаш повеќе не би сакала да ја осетам таа болка, со две раце одма ќе потпишам за епидурална или царски.
    Мене лично ме болеше првите 3 дена кога се исправав, а вака немав некои потешкотии, искрено супер поминав. Цимерката исто супер помина природно породена, прворотка се породи за ептен брзо, не стигнаа епидурална да и стават. Имаш случаи природно породени со болки од сечење и шиење, имаш случаи супер поминале на царски и обратно.
     
    На KuklickaSk, tina2018 и Katerina94 им се допаѓа ова.
  10. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    2.618
    Се чудам како раѓале по 10 деца нашине баби и здрави прави на нозе одма застанувале! Ни епидурал ни приватна болница не виделе! Ај доста се жалите и кукате демек нашите мајки приватно не раѓале!
     
    На Trpkovska и Bebe2021 им се допаѓа ова.
  11. ariel30

    ariel30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    300
    Ај те молам направи споредба со процент на мртвородени деца од периодот на нашите баби, со процент на жените кои не го издржале породувањето па завршило со смртен исход? Не дека сега нема ризик,ама тогаш бил многу поголем. Ако не па да се вратиме дома да рагаме за да бидиме ко нашите баби. Медицината оди напред,само ние “ не сакаме“ да го прифатиме тоа,подобро болка ке си трпиме,ако побараш помош да ти се олеснат маките не си мајка. И дали твоето мислење е само за гранка од медицината? Да не користиме современи медицински технологии затоа што во времето на нашите баби ете тоа не било откриено.
    И да се надоврзам на еден коментар од членка погоре,имав ризичен царски,траеше 4 часа,и не знам колку дополнителни кесиња крв примав затоа што неможеа да го сопрат крварењето. Никој,ама во ни еден момент не кажа дека ке ме префрлат во државна. И ова за Санте го кажувам, а тек за Систина или Ремедика каде имаат специјалисти од секоја област. Овие коментари ми се лечење комплекси.
     
    На Anaroz1, cresa-jagoda, mssuniquee и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Па не виделе оти немало на времето, не оти ако имало др опции немало да ги одберат.
    Се споделуваат искуства на форум, ако не ти одговара не читај. :hai:
     
    На Ivana-Iva.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ariel30

    ariel30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    300
    Па види подобро ко банкомат да те гледаат, ете во приватните спрема нас “банкоматите“ се однесуваат човечки. Во државните, жените се коза,крава, слаба затоа што плаче од болка, и ред други навреди. Така да подобро како банкомат,отколку како животно. Или можеби лажат жениве кога пишуваат за навредите кои ги добиваат?!
     
    На Kaja991, cresa-jagoda, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.224
    Допаѓања:
    169.836
    Пол:
    Женски
    Ме изненади малку твојов коментар.
    Нашите мајки и баби Не оделе ниту на скрининзи ( ние правиме список од 10 најдобри доктори па одлучуваме кај ќе идеме), за клексан немале ни чуено, работеле трудни по ниви ( нас на одмор ни е страв да идеме), метилирани фолати било мисловна именка...
    Бираме доктори за секој еден различен преглед...

    Добро е што медицината оди напред и ни го овозможува сето ова.

    Јас здравје планирам на државно да се пораѓам.
    Не од финансиски проблем, сосем друго е во прашање.
    Но третманот кој се добива во приватните е сосема поразличен од оној во државна.
    Не треба да е така, но да се надеваме дека и тоа ќе се промени....еден ден.:)
     
    На Bella_Stella, Anaroz1, Kaja991 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Не се сите врвни во приватните аи затоа имаш избор и го избираш докторот не ти паѓа било кој. А во државно треба да го молиш добриот доктор за да биде тука и нормално ќе ти каже сума одредена за да биде тука за џабе не доаѓа. Додека во приватна го плаќаш третманот и избегнуваш од тоа да те нарекуваат со погрдни зборови и се ти е достапно.
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Види душо јас до сега да не се почудам немам оф речено одам на работа секој ден по 8 часа, живееме сами домашните обврски си ги извршувам сама мм работи по 12ч, некоја голема помош немам, и ако ми е вака секогаш би можела и 5 да износам ама сум тек 4ти месец, уредна бременост поуредна не може да биде ама пред мене се уште 5 месеци и пораѓај. Толерирам болка ама не ја познавам болката за пораѓај и спремна сум да издржам без анестезија, ама ако тргне нешто наопаку ќе прифатам се и царски и анезтезии и провокации се живо и диво. Тоа што јас немам мака и работам ко коњ без престан на работа и дома, не ме прави појака од некоја која цел ден лежи, бидејќи моето тело ми вели дека можам ама телото на друга вели не можеш лежи и тоа треба да се почитува. И нормално дека ќе се пораѓам во приватна па и ако сака нека ме гледаат како најголем банкомат, знам точно за што плаќам и многу ми е жал за жени кои не можат да си го дозволат тој третман оти секоја родилка и мајка заслужува најдобо. Јас ќе се пораѓам во Плодност имам можност, имам веќе и докторка и ни една секунда не се размислив бидејќи што се однесува до мене на државната болница во Битола можат слободно да и го стават клучот барем нема да се лажиме дека имаме болница. А да фаќам врски тајно да пуштам пликови со пари по доктори и да се тресам дали докторот со извинение ќе ме заеби или не, нема шанса. Можеби да бев во Скопје ќе си одберев некоја од државните клиники бидејќи светлосни години се понапред од нашето дувло тако звано болница.
     
    На Anaroz1, Kaja991, Ivana-Iva.94 и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Наместо да сме благодарни што живееме во време каде што медицината оди напред ќе се навраќаме во камено време.Кој каде сака и како сака ќе се пораѓа,секој си ги знае можностите кои ги има дома.А да се суди и да се навредува нема потреба
     
    На S.o.F.i, Anaroz1, Kaja991 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.840
    Допаѓања:
    13.442
    Se poragjav na klinika. Nikoj ne me narece krava ili svinja. Nemav epidural, no daj olabavete so toa deka vregjaat drzavno. Za vtoro sekako bi odela privatno, samo za epidural.
     
  19. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.994
    Se soglasuvam so tebe @Brpbrp , i na drzavno ima dobri ama isto taka sakaat pari ,kaj nas vo bolnica od kaj so sum jas 200evra ako ne si platis doktor ne ti ni doaga da te poraga nitu pak da te pogkedne cenata im e tolku odis nadvor od bolnica na skriano mesto im gi davas parite i posle te gkedaat, a zosto e toa taka neli e drzabno neli cel zivot gi plakame nie sto plakame zdravstvo.Da ne pravam muabet kolku se samo vulgarni sestri i doktori vo drzavni.Zsnite begaat od poragaj od drzavno samo poradi nekukturata na personalot i toa sto e realno prilicno necisto..Plati si na privatno barem ke znaes deka ke dobies dobra nega i cist carsav a ne krv lokni na nego.. Tuka na drzavno pa od kade im plakas pari pa plus i podaroci baraat pa i biraat sto.. tamu kao ne ne gkedaat kao bankomat neli.. ne sporeduvajte privatno so drzavno ke ve molam.. jas veruvam deka sekoja zena na ovoj svet da ima dobolno finansii da si dozvoli poragaj vo privatna klinika NIKOJA nema da stapne vo drzavna da se poraga,NIKOJA..
     
    На Anaroz1, IRBBB, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.950
    Допаѓања:
    26.302
    Ако треба да биде, наопаку може да тргне и на државно и на приватно. Разликата е во тоа што во 90% од случаите кога не иде ништо наопаку, на приватно не си одиш истрауматизиран од пораѓај.
    Гледам по мене, гледам по блиски другарки. Јас немам никаква траума од пораѓај на дете од 4500гр, иако бев со масовно крварење со царски.
    Другарка од ГАК, со сите можни врски на договорен царски заради лоша позиција, ја држеа природно да се породи. На крај пак се породи со царски, бебето има мала деформација на главчето ради лоша позиција во стомак, што ќе му помине со тек на време. Знаете која е најголемата траума? Што кога се роди малото и кажаа само бебето има деформитет без ништо друго да и кажат. Изгуби млеко од стрес, бркаше доктори по ходници да и кажат што не е во ред и на крај самоиницијативно правеше испитувања во ману и во приватна болница. Бебето е во ред, траумата останува.
     
    На Sofi.ja, cresa-jagoda и flower30 им се допаѓа ова.