Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.994
    Bravo za napisanoto..I vo vremeto na nasite majki da imalo privatno i tie ke se poragale tamu ama nemale kutrite izbor i zatoa trpele se i svasta po drzavnite.. neka ne se sporeduva toa vreme i ova vreme , nikoja od nas ne e ligla site sme superheroi , kako moze da gi narekuvaat zenite ligli be sto nosat zivot vo sebe i sto sekoja ima razlicna bremenost nekoja lesna nekoja teska..Kako ne im e sram ne znam, realno... Kao nasite majki ne ofkale ,ne plakale od bolki , pa sekoja zena razlicno ja trpi bolkata i taa sto se deri kao r ligla onaa drugata sto kuti ne e..No comment za nekoi komentari na zeni na forumot.. ona sigurno znae baba i kako i dali se macela na niva da raga dete, i kako se osekala..
     
    На Anaroz1, saki13, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.685
    Допаѓања:
    139.362
    Искрено, се извинувам што упаѓам, ама олабавете малку. Јас пред да се породам со ќерка ми, пред 5 години, читајќи ја темава уплав добив. Имаше исти вакви препукувања. Се е во ред, изнесувајте мислења, ама коментари од типот "ќе видиш како ќе те закрпат", ќе видиш што ќе ти се случи и сл" не морате овде да ги пишувате. И да, ќе речете кој се плаши не мора да чита овде.
    Ама па, има овде коментари и совети и искуства кои добро би и дошле на секоја теудница пред пораѓај.

    Друга работа, факт е дека во државните болници е хаос. Еве јас, колку и да сум воздржана, со второто ( а и со првото дете) се породив на ГАК. Со врски. Иако со врски ме побудалеа. Докторот така малку по сериозен, па ми се скара дека не сум знаела да напнувам, а јас од страв се губев. Но, акушерките беа супер. Ме гледаа дека се тресам од страв и ме смируваа. Една акушерка на крај (Господ здравје да и даде), ми помогна да дадам убаво напон и да се породам.
    Е сега бебево ми се роди со 3 пати замотана папочна врвца околу врат, хематом на глава и од што ми го пукнале водењакот на главчето имаше 2 линии ко изгребано, кои зараснаа.
    Имаше проблем со тромбоцити, примаше имуноглобулини.
    Но, педијатарот испадна доста инаетчика и правеле работи кои испаднаа погрешни. Давале трансфузија веројатно без претходна консултација со хематолог, се објаснувавме таму цело време. Ми покажуваа за доење, но не сите. Другото беше ок.
    Кога не префрлија на Клиника докторката кажа дека имало доста пропусти од ГАК заради кои не можеа да интервенираат одма.
    Друга работа е што педијатарот, се инаетеше и нејќеше да дозволи да не префрлат на Клиника, демек она ќе го решела проблемот. На крај, нејзина колешка педијатар, рече јас веќе не го дозволувам ова и вие ќе одите на Клиника.

    И да, кога дојде една докторка да ми ја сооошти дијагнозата на бебево, која ми ја кажаа на 5тиот ден (а пола ден претходно педијатарот ми викаше да се спремам за дома), докторката толку драматично го кажа тоа ко да дојде да ми соопшти жална вест. И ден денес и го памтам изразот на лицето и гестикулациите со раце. И цимеркава до мене заплака од нејзината глума. Отпосле сите доктори се сложија дека нејзиниот начин на соопштување бил со доста непотребна драма.

    Се на се, детево фала богу ми е живо и здраво.

    И да, кога веќе не знаевме што да правиме бевме решени да бараме финансии и да се префрламе во Систина. Но, еден пријател на мм разговарал со хематолог од таму и докторката рекла да бараме да не префрлат на Клиника зошто и таму се многу добри докторите, а ваму нема да можеме д издржиме финансиски.

    Така да, се на се секој со своето мислење, секој со својата издржливост, страв и сл. Сакав и јас во приватна болница да се пораѓам, ама чеатите преглефи на ориватно, Нифти тестот и другите трошоци ми го пореметија планот.
     
    На Anaksunamoon, S.o.F.i, Sofi.ja и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    14.544
    Пол:
    Женски
    100 евра на ден нега за тебе и за бебето,врвна нега,толкави суми на ден се по хотели само за преспивање.
    Ич не ми беше битно кој ќе ме породи,епидуралот и негата ми беа најбитни и не е точно дека те гледаат како банкомати,барем не во Плодност и плативме 65.000 што е значително помалку од Систина и Ремедика.
     
    На Liu, Kaja991, saki13 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.753
    Пол:
    Женски
    65.000 е природен пораѓај? Во другите приватни како се движат цените?
     
  5. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    14.544
    Пол:
    Женски
    95.000 е мислам,ние немавме ништо плус терапии и плативме точно 65.400 и презадоволна сум,за мене беше прекрасно искуство и спомен.
     
    На IRBBB, elimkd, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Колку што знам во систина и ремедика природен пораѓај е 85.000, царски 120.000.
    Во плодност сега природен е над 70.000...

    Нека ме исправи некој ако е сменето нешто....
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    14.544
    Пол:
    Женски
    Епа се породив во мај :) не верувам дека се сменати цените.
     
  8. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Јас сега чув скоро ги дигнале и во ремедика царски 125.000 ама сама не сум прашала...
    Затоа реков кој знае сигурно нека ме исправи
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Систина и Ремедика исти цени имаат за пораѓај.

    За се не се оди приватно т. е. за секој оддел.
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.309
    Пол:
    Женски
    Е како за пораѓај ке ве трауматизираат а на други оддели не? За пораѓај се зема креди за други болести не? За бременост нема ехо за други потреби има ехо апарати.
    Не сте ми јасни со поделбиве.
     
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Е вака (оф топик сум знам ама да одговорам).
    На орл во државна кога бев со малиот ме маткаа со саати во време на корона, па не работи апаратчето, па мора да спие за да го прегледаме (а они урлаат низ цело одделение, се довикуваат, лупаат врати како дома да се), се додека следниот ден не отиде маж ми спремен за кавга, па магично ме пуштија и мене, сите шепотат, се е прекрасно (иако претходниот ден ми најавија дека ако бебето не спие ќе викнат анестезиолог да го успијат). Поминавме супер, а и немавме друг избор зашто тој апарат го има само на клиника (никаде на друго место во Мк).

    8ми септември, мм треба да вади жолчка. Не можеш да сопреш доктор во болницата само да го прашаш нешто, а не да најдеш термин за операција. Од неколку обиди (докторот се спрема за пензија, докторот е на пауза, докторот е на операција) исто магично по платени 200-300евра не памтам веќе, го оперираа. После тоа сестра не можеше да се најде колку и да викаш по ходникот, мораш да идеш до собичката, па да ти се развика што мајка бараш да стануваш од кревет и тек тогаш можеби ќе дојде. Го молев да одиме во приватна ама не му се давале пари за него, помина ама тој си знае како.

    Имам уште неколку примери за лечење на државно, некаде стварно без врски сум поминала како што треба, некаде не ни помислувам да одам без некој повик. Затоа и се одјавив од нашата фирма зашто нема поента да плаќам здравствено, кога можам приватно да го плаќам осигурувањето.
     
    На mssuniquee, Brpbrp, elenaklasik и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Lili4e

    Lili4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.555
    Пол:
    Женски
    Јас будала со кој памет сите прегледи на приватно ги одев, кога дојде за Приска реков ќе одам на државно. Кој ѓавол ме натера!

    Налет нервози, чекање, превртување очи, намќори сите, ко дома да си му пошол неканет,па кога дојде да ми зема мерки докторката, си праеше муабети со сестрата. Пази, ме мери, застанува со ехото в раце, ја прашува нешто сестрата, и по 5 мин запишува што измерила. Мене во тие неколку мин за ќерките ми кажа збор два, а баш ме заболе - и кога излегоа резултатите од памет се извадив. Ради тоа бев приморана Нифти да правам ( а бев сигурна дека се е во ред со бебе) Затоа фино поштено си појдов ко госпожа на приватно и се породив. И тестот го направив..

    Парите ко пари ќе се заработат, ќе се потрошат, но моето позитивно искуство ќе си го имам цел живот. А за грешните мерки на дотичната гак докторка - не коментирам повеќе!
     
    На Anaroz1, Kaja991, Brpbrp и 8 други им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.784
    Допаѓања:
    325.088
    Пол:
    Женски
    Јас цела бременост ја водам во Систина.Освен што чекам доста иако закажано од се др сум овој пат мн задоволна.Изненадена сум од Петровска мн.Очекував дека ке пеглаат со пари ама не.Жената сама ми рече брисеви да си направам кај мене во Гв на државно за да не давам пари за џабе кај нив.Исто и крвни слики никогаш не настојувала тоа да биде во нивната клиника.Прашав за приска рече нема потреба.Еве можеше да ми земат плус 3-4000 за приска ама беше фер и кажа дека е џабе фрлање пари.Прашав и за ехо кај др.Драшко дали плус да идам и за тоа ми рече дека ако има индикација она ке каже ако не нема потреба да се оди.Од таа страна искочи мн ферски.

    Инаку незнам кои се тие тешки детски случаи коа се праќаат на клиника.Систина го имаат најдобриот и уствари единствениот кардио хирург детски (др.Чадикоски) и имаат најдобар детски хирург на наши простори(Др.Симеонов).Најчесто за жал се праќаат заради цената на инкубатор после раѓање,која реално е огромна.
    10000 ден е од ден на интенизвна за бебче и не секој може да си дозволи .

    Пропусти секаде има и ќе има.Ама не е на одмет на државно малце да си поработат на односот со пациентите(било кој одд).Фрустарции нека си лечат на друго место.А не на луѓе кои дошле помош да бараат.Од кејф никој не лежи таму.Кај страв од исходот па уште некој да те третира како да си му стапнал на рана…
     
    На i13dk, gjoker4e, TarantulaA и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Истото искуство го имам. Цела бременост ја водам во Систина, многу прегледи не ми се наплатени. И за брисеви ми викале кај матичната да си правам ако сакам.

    Јас не сакав кај неа да одам, брисевите во систина ги правев па не ми го наплатија скринингот од 4000...
    Многу коректно и изненадувачки настапиле во многу ситуации што не сум очекувала од приватно.

    На почетокот кога пратевме фоликули со Лазаревски немав денар платено додека не потврдивме бременост па кога ми препиша терапија си платив преглед 2500 ден.

    Сега од 33/34та недела исто ништо немам платено ни прегледи ни цтг, на секои 5 дена сум таму... некогаш и на пократко.


    А ова за интензивната не е 10.000. Таа нега што е за ептен прерано родени е 600 евра од ден. Колку е понапредно предвреме родено се намалува цената до 300 евра од ден. Зависи дали диши бебето самостојно, рефлекси за хранење и сл.

    Инаку во цела бременост еднаш се наканив државно да одам за Torch испитување да правам и ми рекоа немаме реагенси со месеци нема ни да имаме во блиска иднина и во авицена си платив 3500.
     
    Последна измена: 4 август 2021
    На cresa-jagoda, Moce19, Oneo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    @Lili4e Исто како тебе, сите прегледи на приватно, еднаш на државно и ќе завршеше бременоста трагично.
    Имав болки, контракции, се. Поблиску државната, плус сама бев и немав време да размислувам. Ме прегледаа и вика готова си за пораѓај, ама бебето не може да преживее. На сестрата и вика спремај ја за царски, сабајле. Ме однесе во една соба, сама цела ноќ да умирам од болка, никој не дојде да види дали сум жива, не па да ми дадат нешто за болки.
    Сабајле други две докторки на смена. Ме прегледаа и тие, истото го кажаа. Чекај вика во соба ќе те викниме за царски.
    Господ памет ми даде, им реков сакам да си одам. Дрски тие, оди ама пак ако се вратиш со болки нема да те примаме. Се потпишав и заминав.
    На приватно раскажав се, се смееа тие. Викаа 21ви век да усмртиш здраво и право бебе. Таму се среди се.
    Уште се чудам и се прашувам зошто ако тие не можеа да направат ништо за бебето , зошто не ме пратија на пример на државно Скопје.
    Сега ми иди да го земам бебето и да им појдам, да го видат како можело да преживее.
    Ова го пишувам само да споделам искуство, за ако се најде некоја во иста ситуација како мојата. Дека не е крај.
    Платив големи суми на пари и за лежењето дури имав болки и за пораѓај. Ама животот на моето бебе немаше цена.
    Едно време размислував и за пораѓај во државно, ама после оваа случка не верувам дека ќе влезам повторно во градската болница.
     
    На Anaroz1, cresa-jagoda, TarantulaA и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Лелеее :hug: Се наежив.
     
    На cresa-jagoda и Oneo им се допаѓа ова.
  17. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Многу слично и се случи на братучетка ми пред една недела.

    Си сакаше во Чаир, ја фатија болки , отиде таму дур стигне веќе сериозни болки биле брзо се отварала и таа што била у Чаир и рекла на другата сестра "ај носете ја оваа нека не ми вика тука".

    Ја оставиле у соба никој немало и рекле нема доктор.
    Маж и прашал доктор кога ќе дојде, што се случува. Таа му рекла мислиш само жена ти се пораѓа, ќе чека.

    Собирање парталите, потпишале и да ги нема, правец Систина со 8 прста отворена.
     
    На cresa-jagoda, TarantulaA, Brpbrp и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    Лелелелеел.. без осет се дека се работи за бремена жена и животот на двајцата зависи од нив.
    Заборавив горе да пиша. Моите беа предвремени болки па затоа не можело да преживее.Некаде бев 32-33г.н.
    Ама и за тоа имало начин да се среди.
     
    На cresa-jagoda и IRBBB им се допаѓа ова.
  19. Silvii

    Silvii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Па што ако е 32 недели. Еве го комшичево е родено во 32ра, ни еден ден не беше во инкубатор. Си го донесоа дома како да е во полн термин родено.
     
    На cresa-jagoda и Oneo им се допаѓа ова.
  20. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    Да, знам за многу деца што преживеале, ама изгледа докториве не знаат.
    Мене од ко ми се смирија болките, го носев до крај, 3дена пред термин се роди.
     
    На cresa-jagoda, Kitten и IRBBB им се допаѓа ова.