Се почесто слушам за ризик за предвремено раѓање и јас сум една од нив од 29та лежам, го квачам. И докторов ми кажуваше процентот многу е рипнат, господ знае зошто.... Бебиња се раѓаат и во 26та недела и ги спасуваат... а они во твојот случај 32ра недела незнаеле што.. има начини да се спречи предвремено породување.. мизерија
Јас целата бременост ја водев кај матичната, а за скрининзи одев на гак. Еднаш се случи да не мрда бебче неколку денови, продолжен викенд се погоди, едвај чекав да дојди понеделник за да одам кај матичната. И се јавив на телефон и кога и кажав ми рече под итно да одам на гак, бидејќи е втора смена, да не губам време да ја чекам, зошто ако не дај Боже се работи за замотана папочна врвца џабе ќе одам кога амбулантски не може да се направи ништо. Заминав на гак, во ургентната амбуланта, влегов со плачење целата растревожена и им раскажав. Сестрата ми рече 'да си одиш кај матичната. Нека те прегледа таа, па ако е папчаник, ќе ти даде упат за тука'. Ги молев да ме прегледаат. Не знаев шо да направам и дремев пред амбуланта. Мноогу жени што дојдоа после мене, со врски влегоа пред мене. Понемоќно и побезпомошно не сум се чувствувала никогаш. Да скратам, на крај една специјализантка, Господ здравје да ѝ даде (мислам дека Ева се викаше) ме прими, ме прегледа и беше најфина на цел свет. Ми посвети време, внимание и ми објасни убаво сѐ. Насмеана излегов од таму. Фала му на Бога што сѐ беше во ред, не сакам да мислам што можеше да се случи инаку додека чекав. Се породив во Плодност, зошто сум од Битола. Тука ни на крај памет не ми падна за породување на државно. Можеби гак/Чаир да, ама битолската болница не, не и не (од сите мои искуства и искуствата на сите што ги знам). Во однос на чинот на породувањето мислам дека нема улога каде ќе се породиш (ако се изземе епидуралот). И салите на државно и тие на приватно се стерилизирани, персоналот стручен и обучен. Ама тие 3 дена на болница мене ми се најубавото искуство во животот. Лежев сама в соба, со 24/7 сестра на располагање за мене и за бебе. После породување сестра ми помогна да станам од кревет и да одам во тоалет. Таа ми помогна да ги слечам и да ги облечам гаќите, буквално. Инсистираше да ми помогни за туширање, ама среќа, успеав сама. Кога не барав никој подолго време, сами идеа да прашаат дали имам потреба од нешто. На секоја смена на сестрите идеа да се претстават кои се, да кажат дека им почнува смената и ни се на располагање мене и на бебе. Тие ме научија да дојам. Ми го местеа бебето на града. Кога ми надојде млеко, една од сестрите ми помагаше во масажа и ми покажа како да се измолзувам. Ми дадоа и електрична пумпа и за цело тоа време сестрата стоеше покрај мене. Во целиот престој на болница, на бебето му дадоа вкупно 30мл ад (на 2 пати по 15мл). Ова го споделувам чисто за да доловам колку се трудеа да успеам со доење. Пред одење ми покажаа како се капи бебето, како се облекува и куп совети потребни за почеток. Овој третман во ниедна државна болница немаше да го имам, па дури и татко ми министер за здравство да беше. За жал. Платив ~65.000 денари. Не се малку пари, ама многу повеќе имаме вложено за здравствено, горе-долу за џабе, кога за 90% од проблемите пак на приватно одиме. Бев во можност за да се породам на приватно, се надевам дека и за наредни деца ќе сум. И навистина посакувам секоја родилка да е во можност, барем додека не почне државното здравство да функционира како што треба, ако некогаш почне.
Баш ме изненади ова за во државна, на гинекологија првата врата лево? Мене ме примија без проблем, јес да прво треба сестрата да ја поминеш таа е превртувачката на очи ама после имав убав преглед, млади доктори беа сите. Јас отидов со болки памтам во 16та недела и ми вика 'Е добро де, сите имаат болки, ти првпат осеќаш?' алооо трудна сум, повраќам со денови, сакам доктор да ме види. Почекав некое време ама ме примија. Вториот пат на 01.01. рано сабајле бев, честитки за нова година и сите беа расположени. Инаку, преубаво ти е искуството во Плодност, слично беше и моето.
Да, прва врата лево. Сега ми е пред очи фацата на сестрата. И мислам дека никогаш нема да ја заборавам. Како улава ги молев да им речат да ме примат внатре сите што влегуваа (пациенти, болничари, специјализанти..). Ама реков, докторката најпрекрасна на свет-од преглед, однос, сѐ. Само поради севкупното искуство ако уште еднаш требаше/би требало во иднина да одам на ургентна амбуланта на гак, фино поштено ќе си платам на приватно само за да не го врвам уште еднаш истиот стрес, па макар и јадела леб и сол. Мило ми е мама што и ти си со убаво искуство од породување. Дај Боже сите мајки да имаат убави спомени.
Море срам и арам да им е. Да си ги фрлат тие белите наметки и да си ги изгорат дипломите! Многу се револтирам оти има различни нечовечни третмани кон бремени жени и родилки. Крајно нехуман однос некои доктори/сестри покажуваат, а даваат заклетва за морално и етичко однесување и работење. Ниту една жена не заслужува неубав третман, а најмалку во моменти кога е најранлива. И да не им е денот на докторот или сестрата, има коректен соземен и човечен однос да се возврати. Јас се породив во Плодност, убаво беше, ако треба и кредит земам за нареден пат, ама во државно не би се упатила. Бебе раѓам, не одам на терање овци на пасење.
Секоја родилка треба да има услов нормално да се породи во државна установа, а од таму многу пријателки не се одлучуваат на друго детенце. Жалосно е тоа. Се породив во Октомври во Систина и се молев ковид тестот да биде негативен.
Леле што се не ќе прочита човек. Срам да им е, бремена жена под стрес да оставиш да чека пред врата Искуството мое е од битолската болница. И тоа прв пат одев таму. Се во Плодност правев. Толку нестручни, некултурни доктори/сестри немам сретнато никаде во друга болница. За Плодност се сложувам потполно. Породувањето ми е еден од најубавите моменти во животот благодарение на нив. Јас со царски дека, толку помагање, трпение, поддршка не се доплаќа со пари. Дома си дојдов опоравена скроз, да можам да се грижам за бебе целосно. Бебето под надзор, внимание, прегледи детални, се што треба. Не да те пуштат дома така и да е касно после за се. Не жалам ни денар даден таму, и дупло би дала за сонцето мое што ме грее секој ден
Така е. Тоа заборавив да го дополнам- од таму излегов подготвена и полна со самодоверба да се грижам сама за моето бебе. Еве уште малку 3 месеци ќе направи, ниеднаш со маж ми не сме побарале помош од страна. Тоа ниедни пари не го доплаќаат.
Јас првиот пат кога чекав бев рана бременост 5та недела ама имав исцедок кафен нон стоп и преку ред влезе една 8ми месец трудна крварела и ја внеле во амбулантата и саат и пол чекавме сите дури и гужва се направи па ја однесоа во сала. И одма после нејзе јас на ред и што да видам кондомот фрлен тука под столче и тоа што имало крв си седеше и и прегледуваа така пациенти. Ништо немаше да се случи ако дојдеше некоја да стерилизира таму просторија и од тогаш кажав за државна НЕ. Муабетот беше за пример вадење крајници супер оддел чист и среден на клиника и добри доктори и сестри. Оддел за трансфузиологија ниту систина ниту ремедика можат да му парираат на Јани тоа е Факт! Затоа и кажав не се сите за на приватно работи. @MilaSs12
Моја колешка прокрваре и тоа обилно.Отиде итно на ГАК.Таму на патолошка.Побездушен однос не сум слушнала,она ги моли за помош они и викаат жено помири се готово ова е спонтан,го изгуби бебето.Арно ама не било така.Она имала три плода.Сабајлето слушаат срце,си има реакција.Се установи дека само едно бебе се изборило,нажалост другите две не успеале.Си роди здрава права ќерка.Ама неетички е да и се свртиш на жена и да и речеш не замарај и онака го изгуби бебето. Од друга страна ја два пати се породив во Чаир.Немам којзнае какво сјајно искуство,ама не беше ни лошо.И ниту еднаш не ми се обратиле со погрдни зборови.Дури првиот пат докторот ми рече абе ти немаш болки,зошто не викаш?Нели дојде да раѓаш.И се изнасмеавме.
Исто и јас ја водам цела бременост во систина. само позитивно искуство, еднаш отидов на ГАК за преглед како итен случај чекав 2 саати со врски за ехо да ми направат да видат дали е се во ред со бебчето, на крај си ја земав книшката и си отидов... ни на крај на памет не ми паѓа да се пораѓам таму...
Здраво,сакам да прашам за искуство во Ремедика породување со епидурална и со спинал лајт? Која е разликата?Како поминавте? Ви благодарам.
Јас бев со спинална, царски рез, не чувствуваш од половина надолу и не можеш да се помрднеш. А претходниот ден, кога мр примија ми ставија епидурал и имав прејаки контракции, но ништо. Но можев да се движам, само болка не чувствував. Е сега оваа спинал лајт не знам каква е, нешто ново е? Со лесно
Девојки знае ли некоја што прават ако тестот испадне позитивен? Знам дека праќаат на клиника.. Ама дали прво ги пораѓаат на приватно па после, или и за самиот пораѓај праќаат на клиника? Како поминуваат деновите, само тоа мислам, да не ме пратат таму
Луге џабе се расправаме ама дека здравството е океј не е, жално е што мора да тропаме на вратите на приватните. И никој од што има пари за фрлање не оди во приватна да се порага. Има и добри искуства на некои ама за жал повеќето се лоши од државна. Јас позитивни од државна овде ги читам, а од искуство на другарките ниту една, две од нив се откажаа за второ дете поради траумата и стресот што го поминаа за жал.
А која е поентата ако некоја пациентка е корона позитивна да ја праќаат на ГАК? Сложени случеви не се за на приватно, кога веќе некој уплатил сума за да се пораѓа таму?
Така им е наложено од Гак, освен на инсистирање на пациентот и потпис дека ќе го продолжи лекувањето таму. А сите знаеме какви суми бараат за лечење од корона во приватните
Јас најискрено одвај ќе го платам пораѓај от, дај боже да е се како што треба само.. Имам другарки и со добро и со лошо искуство од државно. Јас лично немам искуство со пораѓај, ама имам со чекање по 5-6 саати за преглед од 2мин, дерење од страна на сестрите (секоја чест на докторите, за нив само позитивно). Додека чекав доаѓа жена испаничена, не мрдало бебето 2 дена, сестрата и вика без упат можеш само да се сликаш, среќа докторката ја слушна и одма ја прими.. Така да, второ, трето дете..правам само кога ќе соберам за пораѓај во систина