Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.994
    Kardioloski pregled e 1000 den ,a ortoped 900den, jas bev vo ponedelnikot i tolku plativ .. i plus ima besplaten pregled za majkata posle 40ti den taka nekako bese. @VioletMK Otvori na stranata na Remedika pisuva se podetalno...
     
    На VioletMK му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Да има и гинеколошки преглед што влегува во цената на 6 недели контрола
     
  3. Dimitrula@&6

    Dimitrula@&6 Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Zdravo majki dali ke moze da spodeli nekoj iskistvo za vo Sante, 33ta nedela sum i se razmisluvam za tamu i mnogu bi mi znacelo spodeleno iskistvo od nekoja potaze porodena
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.784
    Допаѓања:
    325.086
    Пол:
    Женски
    Додека беба спие да споделам моето искуство со Систина,можеби некому ке му послужи :)

    -Хигиената им е врвна.Се менува редовно постелнина,крпи.Имате за вас се .Од спавача до папучки,влошки,шампон,четка.Вода и сокови нонстоп ви носат.Храната е исто сосем солидна.Имате чај,супа,овошје,пилешко месо,ориз,мафини,торта,риба,салати.Се е свежо и уредно спакувано.Прибор за секој оброк ви носат нов за една употреба.

    -педијатрите се ок.Два пати на ден идат да дадат извештај за бебчето како е.Од сите досега Антони е најрасположен за муабет и прашања.

    -сестрите која од која …Нит за доење објаснуваат,ниту бебе идат да земат за да јадеш или спиеш малце.Ако ги викнеш ок ако не може цел ден да ти ја остават без да прашат дали е гладна.Првиот ден одма после операција ми ја донесоа.Бебе плаче им се јавувам да ја земат дека јас свежо оперирана неможам да станам.Ми вика сега е родена мора да плаче .И не ја зедоа .
    За терапија идат боцкат ама не кажуваат шо боцкаат.

    -Болничарките свака им част.Они ти висат над глава за се.Ама буквално за се.Бањаат,влошки ти менуваат прв ден,со марамици те бришат,те соблекуваат.

    На прием пријавувате што носите во ташна.Мене ме прашаа каква марка моб имаш :o :D

    За болки редовно боцкаат.За тие шо неможат навечер да нанкаат даваат дијазепам :D

    У глобала се е добро сем сестрите :^) несакам такви нафурани и незаинтресирани особи.Јас со царски дојдов во четвтрок,петок ме оперираа,утре си одам дома :)
     
    Последна измена: 12 септември 2021
    На Mihaela123456, Sandra Di Kazmo, baby 5 и 21 други им се допаѓа ова.
  5. Santaa

    Santaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    357
    Пол:
    Женски
    Живо и здраво да ви е бебе, најважно се поминало во ред :)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.119
    Пол:
    Женски
    Честитки за бебушот :l:
    Исто беше со сестрите и пред 5 години, мрзи , живци скинав со нив, ептен незаинтересирани, гледам не се сменило ништо :( а јас прво дете врска си немав од ништо, битно за АД она што им беше најлесно објаснија како да го растварам, за доење јок, ништо.
     
    Последна измена: 12 септември 2021
    На Anaskopje, joy1, Bupalu и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bupalu

    Bupalu Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    Јас имав друго искуство.. помагаа со доење, болничарките навистина се супер, од сестрите зависи кој ќе ти се погоди .. мене ми се случи ги земаа за вакцина бебињата и на цимерката количката од бебето беше плава (она имаше машко црно крупно) ја вратија со моето бебе внатре(мн мало бело женско) и нејзе и го оставија :/ реагиравме и двете си ги знаеме бебињата, не може да ги смешаат зошто имаат нараквици одма им ставаат нели ама сепак беше вознемирувачко во моментот ......
    од искуството до сега знам дека треба да препрашувам и да прашувам се што ме интересира сами некогаш нема да ти кажат и кога ќе донесат некоја инфузија или лек што треба да се пие или дава без разлика дали за мене или детето обавезно да го проверам дали е со нејзино име И за нејзе...... и такво нешто ни се случи па не убедуваа дека немало врска името по друго ги воделе ..небитно..
    Како и да е повторно би одбрала приватна бидејќи веќе ти е познато колку толку што може да очекуваш, навистина е чисто храна сокови цело време има тазе , мене па бебето мн малце ми го носеа дека беше мала и мораше да пие вештачко одма и плус со царски немав сеуште млеко.
     
    На Snowflake92, tina2018 и anastasijaki им се допаѓа ова.
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.119
    Пол:
    Женски
    Би одела пак најмногу заради докторот и тоа што мм беше цело време со мене и за време на пораѓајот. Јас бев природно па не ми требаше помош за станување или нешто друго ама болничарките се супер ако нешто ми затребаше, но сестрите ужас, не само овие на неонатологија, и на делот за гинекологија имам правено интервенции и истиот проблем и таму беше, чудни, мрзливи, неуслужливи.
     
    На Bupalu му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.579
    Допаѓања:
    10.810
    Пол:
    Женски
    ^ Истиот проблем со сестрите пред 5 год го имав во Санте, она што ме зачуди од тоа што сестрите воопшто не беа стручни, познавања за нив кои требаше да ги знаат не им беа познати како папочето на бебето, никогаш не би се вратила таму.
    Здравје за следна бременост сакав Систина ама гледам и таму иста песна..
     
    На Bupalu му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Зависи, јас супер пројдов во Систина и таму научив да го дојам бебето, а врска немав од ништо. И во Санте сигурно сега има океј сестри, сепак се менува персонал.
     
    На Bupalu му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Исто и јас сум породена во Систина со двете, и првито и второто, мене многу ми помогнаа сестрите со доење, со првото да не бев таму, ќе се откажев сигурно од доење, фатив мастит, качив температура, многу ми беше трауматично искуство, ама многу ми помогнаа, ми ги разбија каналите си почнав да си дојам како што треба. Меѓутоа бев решена да дојам по секоја цена. Сестрата што ме стискаше ми рече јас ќе ти ги разбијам каналите ама е многу болно, најчесто вика не ми дозволуваат. И стварно беше многу болно, ама издржав. Им звонев цело време да ми го носат бебе и да ми го местат за цицање да фати и цело време ми помагаа, зошто со првото не знаев ништо. По сто пати да им звонев си доаѓаа. За второто си знаев се и не ми требаше помош за доењето и полесно беше се. За другите работи се сложувам, јас сум презадоволна од третманот и услуга.
     
    На Bupalu му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Јас па во Санте бев задоволна од услугата и сестрите(пред 2.5г) .Изгледа како ќе се погоде:D
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.932
    Допаѓања:
    123.484
    Аман бе :(
    Ај не си првородка, знаеш отприлика како р, ама за првосестрите се најбитни у целава приказна :(
    Шо знам ја би се пожалила ( ако не сега , на крај)
    Да не беа сестрите во Ремедика , мене прво дете немам поима, ќе споулавев :worried:
     
  14. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.117
    Допаѓања:
    40.320
    Очигледно е многу сменето од пред скоро 4 години кога раѓав јас
     
  15. Matea94

    Matea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    452
    Мамички, добар доктор во Систина од искуства? Јас сум 8ма недела и сепак одлучив едно ради короната, друго ради хигиена да терам во приватна клиника па би сакала да прочитам искуства со доктори? Палчевски, Дракулевски ?
     
    На Bilka5T и Bupalu им се допаѓа ова.
  16. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.117
    Допаѓања:
    40.320
    Дракулевски не можам да го разберам што зборува, Палчевски ме пораѓаше и можам најтопло да го препорачам. Петровска ме водеше со двете деца, престручна е во таа област
     
    На Bilka5T и Matea94 им се допаѓа ова.
  17. derjus

    derjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2018
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    зависи има различни сестри јас оред 2,5 години систина убаво поминав ама имаше и ароганти сестри бебето повеќе го чуваа тие за да се одмарам и за градиве ми помогнаа ми донесоа да се измолзам нагло ми дојде многу млеко сега сум 8 ми месец здравје пак таму ќе се породам јас ум задоволна од услугата.
     
  18. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Пред да се породам многу се двоумев дали државно дали приватно си викав многу пари е не ќе го раѓам кралот :rofl:, но форумов ми беше клучен за да се одлучам, затоа чувстувам должност да споделам искуство во Ремедика. :)

    Не жалам ниту за еден денар потрошен таму. :nod:
    Тргнавме со природно породување по моја желба иако бебушко беше крупен и недоволно спуштен. Во ниту еден момент немаше инсистирање од страна на докторката Котларова за царски. Прељубезни беа сите од анестезиолози до сестри. Пред да ми стават епидуралната анестезија се убаво школски ми објаснија и на 10 мин поминуваше сестра да ме види во собата за подготовка. Сепак на крај завршив царски и во салата презадоволна сум од целиот тим. Позитивна атмосфера до максимум, една од сестрите дури и за рака ме држеше поддршка да ми даде.
    Во периодот после породување уште повеќе сум задоволна. Се породив попладнето, вечерта ми го донесоа бебуш да се погушкаме и сами дојдоа да го земат за да се одморам. Во првиот ден и првото станување по царскиот сестрата ко свое дете ме гледаше, дури и ме истушира на нејзино инсистирање за мене да ми олесни. Тоа е момент што многу ме трогна искрено.
    Достапни беа сестрите во секое време, љубезни, насмеани. Ако не заѕвониш подолго време за да побараш нешто, знаеа сами да влезат за да прашаат дали треба нешто.
    Хигиена на врвно ниво, храната одлична. Во секое време достапни чисти спавачи, влошки, подлоги.
    Последните денови не учеа како да ги поставуваме бебуши за доење и имаше индивидуална обука за тоа како да бањаш новороденче.
    Од болница излегов со огромна самодоверба во врска со бебуш иако во живот сум немала контакт со мали бебиња.
    Се на се прекрасно искуство, уште 10 деца да имам сите таму би ги родила. :D
    Со лесно идни мамички:l:
     
    На Pea, Campanula, Ljubova и 23 други им се допаѓа ова.
  19. ariel30

    ariel30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    300
    Девојки би сакала и јас да споделам искуство со д-р Димчев од Систина. Ужас! Имав закажано втор скрининг, и по сите пофалби овде очекував да видам професионалец. Но! Првиот коментар имаш премногу сало, како очекуваш да видам нешто?! Не се бранам, далеку од тоа, јас сум крупна жена, но немам качено ни кг а сум 23 недела и имам 85 кг. Ништо воопшто не зборуваше, не ми објасни ни збор. Прашав дали е се ок со оглед дека на првото правев амницинтеза, за ова немав ризик. Ми вели што да ти правам во 22 недела бе, да ти гарантирам дека нема да родиш дете со даун? Луге плачејки излегов буквално. Досега со Петровска имав мн добар однос и ми е мака што не ја избрав неа. Сакав да оставам и капар за да ја водам бременоста, прашав и дали мора царски, дека првото е со царски, ми рече а што мислиш ти? Не дека е тоа хотел па треба да ме тинтрат, ама не очекував ваков нечовечки однос
     
    На Madam S, Keri, Bupalu и 2 други им се допаѓа ова.
  20. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.078
    Допаѓања:
    3.805
    Пол:
    Женски
    Јас сум 88 кг. За втор скриниг сум на ГАК па ќе ти кажам импресии. Не се секирај, и ние дебелите ќе ослабеме со децава у раце.
     
    На Bupalu, majavel1 и S.o.F.i им се допаѓа ова.