Jas pravev nedela dena pred da se porodam.PCR 2500den go plativ i mi vazese samo edna nedela , a jas se porodiv tocno den pred da mi istece otkako me fatija kontrakcii nekade pred da vlezam vo porodilna sala.mi.napravija brz test i 1400den mi.pisuva vo ozbstajot deka e..A sppntaniot poragaj 85 000den, za drugo ne sum plakala nisto, mi zemm bris od grada imav nekoja bakterija vo mleko ne mi naplatoja nisto za toa.vo ovaa cena imas 3 besplatni pregledi za bebe kaj pesijater i eden za tebe posle 40ti den, toa e se na se..
@ariel30 не се вознемирувај, него треба да му е срам што се дрзнува така да се однесува со трудница. И јас се запрепастив од неговиот однос. Он беше еден од лекарите што ме прегледуваа пред да се донесе одлука за прекин на бременоста, бебенцето ми беше со тешка срцева аномалија. Кај него ми беше последниот преглед и веќе беше извесно што ќе се случува, ама не смееше да си дозволи да се понаша така.. Јас цела уплакана и во шок му објаснувам зошто сум таму, а он ми вика 'И шо сака сеа Чадиковски, да не планира ова да го оперира? Ова ти е апсолутно за прекин, легни ај ќе те видам.' После го прашувам докторе може ли да ме советувате како е најдобро да се направи прекинот, со царски или природно. Он ми вика 'Абе каков царски, апсурд е мртов плод да вадиме со царски од тебе'. Значи однос и емпатија нула. За стручен не викам дека не е, ама не е секогаш само тоа доволно. Затоа најдобро направи си уште еден скрининг на друго место за да се смириш и батали го него, не се оптеретувај. Со среќа и ти посакувам лесна бременост и здраво бебенце.
Значи доста работи се сменале од јас кога бев. Тогаш pcr се правеше некаде околу 38 недела и имаше 2 недели важност. Ако истечеше (пример да надминев термин) ќе требаше да се правам уште еден. Друго ништо не бараа. Инаку да, прегледите од педијатар во првиот месец и гинеколошкиот преглед, контролата што е на 40 дена, се во пакетот. Мислам дека не наплаќаат ни за мајката некоја екстра анализа ако треба, како брисот кај тебе, ама за бебето ми се чини сѐ се доплаќаше. Баш знам за крвна група за бебето, што мораше да се испита пошо сум 0-, заради инјекцијата што требаше да ја примам, беше дополнително 1500 денари. @Bella_Stella ужас, значи јас се нервирам кај што те читам. Абе не смеат така да се понашаат никаде, ни на државно, со трудници кои и онака на сѐ се чувствителни. А не па на приватно еден тон пари кај што оставаме.
@Lovebug01 има среќа што јас во тие моменти не знаев кај се наоѓам од целиот хаос што ми се случи, инаку би пријавила под итно такво и слично несоодветно понашање. Си имаа неколку пропусти во Систина што таква болница не смее да си ги дозволи. Го гледав умртвувањето на бебето, ни да ме покријат, ништо. Тие слики ден денес не ми излегуваат од глава. Дур чекав да ме качат на пораѓај во соба ми дојде ортопед да ме поучи како со бебето дома. Викам имате грешка, јас имав фетоцид, нема да имам бебе. Се закопа во земја, не знаеше кај да фати. Не смеат такви грешки да си дозволат, сепак се сметаат за реномирана болница, за парите ич да не збориме. Од друго немам поплаки, се потрудија максимално да се породам природно иако тешко се отварав. Дадоа се од себе и за тоа сум им вечно благодарна. Во иднина ако даде Бог да се пораѓам пак би одела таму пошто повеќе се позитивни него негативни условите и искуствата. А и реално пошто нема каде на друго место..
Za Kovid testot bese prvo taka, vo 38ma nedela naoraviv ama ne kaj niv mozese bilo deka mi kazaa i imase vaznost 2 nedeli, plus tatkoto so negativen test mozese da prisustbuva na poragaj,no poradi novite merki i golemiot br na zarazeni gi smenija pravilata, baraa test star ne poveke od 1 nedela i plus ne davaa prisustvo na nikok osven tatkoto sto go vide bebeto preku staklo i toa e toa. Namalen i e teatot barem na 2500den
Го пријавив јас инаку докторот, им пишав за се што се случи, па нека читаат сите. Далеку од тоа дека нешто очекувам од поплаката, ама барем ми олесна. Првото дете го родив во Санте, дури и сега прашував членки овде од групава како е сега таму, ама никој така не се однесуваше, нспротив,а нели систина се "далеку по реномирана болница"
Како и да е, не вреди заради него да си создаваш стрес. Не ти е потребен, опушти се и уживај си во бременоста. Ако мислиш дека тоа ќе те смири направи уште еден скрининг кај друг доктор и уживај.
Mene pa pred 2 ipol godini epten ubav pregled mi napravi se ubavo gledase Ama prethodno partal ne napravi so maz mi kako vise sme Bile stari ( a nie po 31 g so za mene ne e prestaro) I ni se derese kako za skrininzi sme idele Kaj nego da ne gleda Dali imalo ili nemalo anomalii....
Божеее за мои пари ќе ми се понаша. Ма ич. Со мене беше ок, ама во последно време само поплаки има за него .
Ве читам за Димчев и не можам да си поверувам. Искрено толку пати се запрашав дали згрешив што ниту еднаш не отидов кај него на скрининг зашто константно сите ми го фалеа, а и на форумов читав исто само пофалби. Ама после овие коментари ич не ми е криво. Стварно ми е жал што имал таков однос спрема вас. Срамота.
мене па ме чуди..Јас бев кај него за првиот скрининг и баш убаво и си поминав .Бев сремна дека не збори многу ама напротив беше многу зборлив дента.Прегледот ми беше долг околу 30 минутки.кој знае што се дешава
и јас ум задоволна од др от во прва бременост не зборуваше многу ама тоа што е битно за бебе кажува, сега во втората бременост повеќе зборуваше исто кажа тоа што е битно, најважно е да ни се здрави и живи бебињата со лесно на сите.
Катастрофа, без разлика и 200кг да си не смее да си даде за право да навредува бре. Каков е тој начин. Страшно
Мене дури ми "здосади" малку од долгиот преглед. Све по два пати дури ми кажуваше. На почетокот само малку ми се "развика" зошто јас имам обичај дур ме прегледува доктор у очи да го гледам, сакам од поглед да му читам Требало на екранот горе да гледам, фактички во бебето Значи кај докторот супер пројдов, ама односот на сестрите и таа на шалтер администратор ли е што ли е , воопшто не ме бендиса. Горе на 5тии на ивф одделот каде каде се пољубезни и пофини. Овие долу многу занесени некако.
И јас исто до сега задоволна од него , и првата бременост тој ми ја водеше ,сега и втората. Прегледите се стандард кратки , но имам доверба и се доволни да му верувам. Жалам за негативното искуство, тоа не смее да се дозволи,сите би можеле да се најдеме на ваше место.. Во последно втеме нема ред, закажуваш преглед а чекаш мин 20,30 минути..
Алал да ви е на убавите искуства. Ама било кој доктор, особено доктор од негов калибар не смее да си дозволи однесувањето да му се базира на тоа каков му е денот.
Јас се размислував за Петровска, да ми ја следи бременоста на крај и да ме пораѓа. Има причина зошто не те пораѓала, кога веќе те следела?
Не дојде. Првиот пат веројатно не и се доаѓало сред ноќ (не памтам точни зборови) вториот пат немаше време
Девојкиии како што го раскажав негативното,ред е да го раскажам и позитивното искуство. Имено по поплаката денес ми се јавија од Систина,ми понудија да го повторам вториот скрининг бесплатно кај доктор Дракулевски. Не го знам докторот искрено ама многу ме изненадија со постапката затоа што не ја очекував. Во секој случај мило ми е што барем постои институција каде ги земаат во предвид поплаките и негативните искуства. Ке одам затоа што секако сакав да го повторам прегледот,да ми е мирна душичката