Здраво девојки, Ми треба препорака за доктор од Ремедика (водење бременост и породување). Иако ги исчитав скоро сите мислења за докторите, пак имам двоумење, па ако има некоја тазе женка што има искуство, би била благодарна. Прва бременост, премногу страв и паника, ми треба некој ем стручен ем смирен и емпатичен.
Повеќе пати сум дала препорака да не се повторувам, само ќе кажам повеќето се стручни и смирени. Ги запознав скоро сите на визита, немаше некој што ми остави лош впечаток. И стварно верувај нема потреба од паника. Од прием до излез во ниеден момент не си сама, поддршка има цело време, сите се смирени и насмеани (освен една постара многу сериозна сестра), анестезија имаш како избор, ништо не треба од дома да носиш и итен пораѓај да е. На самиот пораѓај има многу персонал во сала (јас дека на царски бев, па затоа), те држат за рака од аплицирањето на анестезија до пораѓај, ти прават муабет, те смируваат, со еден збор раѓаш во една убава и пријатна атмосфера. Опушти се, се ќе биде во ред. Со лесно
Котларова би ти ја препорачала јас природно се породив буквално викам како мајка до мене беше. Смирена позитивна ме држеше за рака...другото се како што ти пиша јана. Кој и да одбереш нема да згрешиш. Едино Хаџи лега не ми остави некој добар впечаток он беше дежурен кога ме примија
И јас се распрашував за Иванов пред некое време во некоја од темите, членките што ми вратија имаа генерално добро искуство. Ама ако има некоја да сподели плус како поминала со докторот, би било супер можда е само мој впечаток, ама приметувам дека другите доктори од Систина повеќе ги зборат/преферираат на форумов, се прашувам зошто. Мене докторот ми се виде сосем океј кога бев на преглед кај него.
Првото дете го родив со царски, беше карлично завртено и тесна карлица. Сега ова исто така е карлично,иако има време да се сврти, поради карлицата не се баш оптимисти дека може природно (ова е мислење од повекето лекари и пред 5 години и сега) Стравот нормално е присутен,дека е операција. Искрено имам веке пишувано дека немав проблеми со првото царски во смисол на болка, задоволна сум и од болницата,туку онака си имам страв во мене,веројатно сите го имаме кој повеќе кој помалку. Паничар сум јас по карактер
Јас само него не го запознав Сите други ми оставија убав впечаток смирени, насмеани, позитивни, секој страв да ти го земат. Ефремовски така малку намќорест ми се виде, ама само еднаш на кратко го видов додека раѓав во сала влезе пошо беше на смена, ама тогаш не бев при себе па не сум компетентна заклучоци да давам За Котларова исто како што кажа @Milkiway баш како мајка. До мене остана цел пораѓај не ме остави сама ни минута иако бев и со акушерка во соба цело време. Имам пишувано многу за неа во темава ама стварно неможам да најдам соодветни зборови за пофалба и благодарност за таа докторка.
Ефремовски е памукче И он има таков сериозен израз, а кога отвори уста душо, пиле, мила, ја ваква Многу е стручен, искусен, мислам од Чаир е дојден во Ремедика.
Да а Е незнам не збореше, влезе само онака, или може збореше ама не слушав тогаш не бев во состојба ништо да пратам Од тие што ми идеа на визита Др Јане исто така ми остави мн убав впечаток, ама не сум слушнала некој да оди кај него за скрининг. За скрининзи знам ги препорачуваат само Котларова, Афродита и Елена Петрова
Да, Јане исто е супер он ме прими за пораѓај. А Афродита освен што ме мава јако по џеб, ништо посебно според мене.
Афродита е одлична, скрининг детален ми направи во бременост кажува се што ќе прашаш објаснува, ме породи со царски , сум била и за проблем што ме мачел долго време со една терапија го реши, моето искуство е многу позитивно
Mene mi go ima kazano na drugarka mi sestra ona bremenost vodela ja porodil I den denes si odi kaj nego, non stop se konsultira za sto treba, ima pofalni zborovi za nego a gledam I deka biografijata mu e solidna covekot bil na nekolku edukacii sto znaci vo tek e so vremeto vlosuva vo sebe, jas uste se mislam za nego no njaverojatno ke zakazam pregled pa definitivno posle pregled ke odlucam za vodenje bremenost I poradjaj.
Mnogu retko ako si so prva carski da e so vtoro prirodno I'm odi kako protokol toa da ne se raspuka kao zidot na matkata koga ke dobies bolki I od napor vaka carski se zakazuva vo vreme pred da dobies bolki za da se izbegne toa, neznam moze I ke najdes doktor koj bi se nafatil za vtoro prirodno ama epten retki se tie.
@ariel30 ќе ја тагнам @monik55 кај неа пробуваа за второто природно ама на крај пак царски заврши.Се надевам ќе види ќе ти пише што како.
Грешна информација имаш. Границата царски природмо по протокол е 18 месеци. Систина, Гак, Ремедика со сигурност пораѓаат природно после царски. Чаир автоматски прават повторно царски зашто незнам. Гак од искуство знам Ремедика и Систина од пријателки а и тука на форумот има исто искуства. Јас добив природни болки се отворив скроз, бебе скроз пуштено само да искочи но кај мене се деси обилно крварење кое буквално за минута се најдов во сала. Болките ги добив многу брзо и се отворив многу брзо се на се де заврши за 3 саати да успееше природно ќе беше и за многу помалце. Јас сакав царски по моја иницијатива докторката ми викаше цело време природно да одиме. Откако спонатно ги добив болките и се отворив си реков и така се отворив одиме на природно. Со полна 38 веќе закажуваат порано нема шанси,освен ако нема индикација.
Незнам од што беше крварењето,кога го прашав главниот доктор на смена дали ќе биде се во ред ми одговори до да не брзаше да останеш трудна толку брзо после царски може ќе беше добро. Тоа мислам го кажа за да се огради и ми набие вина бидејки го чекавме подолго за да дојде ме види и даде одобрение за царски. Без дозвола од главниот доктор на смена несмеат да прават царски. Мислам дека не беше причина претходниот царски,докторот што ме породи отпосле не сакаше да ми каже рече само нее битно што и како било.
А коментарот на докторот Јас баш прашував една докторка за природно по царски, ми рече нема никаков проблем се додека процесот иде природно, без провокации и форсирање. Сигурно се свесни и спремни докторите за ризикот.
Mislam deka minimum 18 meseci od carski do sledna bremenost e preporacano vreme so toa sto od porod do porod bi bilo poveke od 2 godini, barem taka e so moi bliski vo srbija konkretno Belgrad I'm Imat kazano doktorive sto gi poradjale da ne dojde do pukanje na zid Kade sto prethodno Imat Rez, e sea ovde sto znam bliski koi se so carski Imat napraveno I pogolema razlika pa se so carski I pi vtor pat edna drugarka ima prv carski vtoro prirodno na Gak no pogolema razlika medju decata 3 godini no maka vide da najde vrski na Gak po vtor pat prirodno, na kraj kraeva dosta faktori Ima kako porodot ke tece. Jas sleden pat ke go prasam doktorot vo odnos na ovaa prasanje vo Sistina.