Jas bev kaj Dimitrov super sum zadovolna. 2 nedeli po carski usisavav i dzogirav doma, bebeto uste tamu si go drzev vo race i setav niz soba. E sea ne znam dali vodi prirodni bremenosti,jas so ivf bev
2 ипол години ми се разлика и на Гак се породив. Тотално без врски бев да беше тоа така директ во сала ќе ме носеа. Може ете секој со искуството Коментарот на докторот беше дно. Па уште кога ќе го прочитам тука како е фален и најстручен аха важи.
Јас имам другарка на која првото и беше царски, а после роди уште две природно. Така да не се плаши, уживај во бременоста па при крајот ќе видите како ќе биде состојбата, доколку може природно може да пробаш. Исто и јас како тебе се плашев од царски и не сакав воопшто, па фала богу се породив природно, но ако мораше царски нема бегање. Ние женските сме многу јаки, издржуваме се
Колку земат за преглед вагинално и ехо за преглед во Систина и Ремедика, не зборувам за после 36 недела, за рутинска контрола?
Здраво, ми треба препорака за водење на бременост и породување во Систина, се мислам за доктор Гордана Петровска, дали некој има искуство кај неа?
Каде? Ремедика толку плати? Да не правеше и крвна слика покрај бетата? Не ми се верува 2500 да е само бета, премногу е тоа
Премногу е. Овде во Скопје во приватните лаборатории бета колку што знам е 700ден. А ехо зависи која болница и кој доктор. Ехо во Ремедика плаќам 1500 ден или 1800ден зависи како ќе и текне на докторката ама со години одам кај неа. Сега скоро бев кај друга докторка исто во Ремедика и ми наплати 2900 И ова е премногу. Во Систина исто околу 2500 имам платено пред неколку години.
Нели имаат утврден ценовник по кој се водат? И Ремедика и Систина... Што прегледуваат на прв пренатален, само ехо? Гледам јас паралелно ќе водам бременост кај матичен и приватно
Имаат ценовник, но секој доктор си ја изготвува сметката и ти ја дава, може да ти намали ако си редовен пациент. Контролите пример не се наплаќаат, а има доктори што ќе ти наплатат. Овие цени ти ги кажувам и трудна кога бев и претходно. За во бременост, само скрининзите ги плаќав поскапо, инаку секој друг преглед таа ми беше цената 1500ден. Многу пати сум била резултати да ми прочита и ќе прашам дали може на кратко да го видам бебето и тоа ехо не ми го наплаќа. Ама ова многу зависи од докторот. Во Систина немам доктор кај што одам редовно и не можам да кажам ама Ремедика одам на гинеколог, на ендокринолог, малиот го носам на педијатар и пулмолог кога е болен и така плаќам, контролите никогаш не ми ги наплатиле.
Ремедика основен гинеколошки преглед ехо е 1500 ден. УЗ преглед (обичен преглед, не скрининг) во бременост е 2500. Е сега неколку пати на прегледите додека бев бремена и мене ми наплатија 1500 зошто докторката така назначила и таму кај што ги издаваат сметките според назначеното автоматски излегува сумата што треба да се плати.
Па овие суми што ги кажавте за Систина и Ремедика се ок, мислам скапо е и ова, не дека не, нели не е за сечиј џеб, убаво би било за секој да може да си дозволи ама 4 000 ден само за ехо е прескапо реално. Два пати во недела да мораш на преглед тоа се 8000 ден
Јас овие суми ги кажав за приватна ординација во Штип, не за Систина и Ремедика. Зборам дека јас сега платив 5 000 и треба уште еднаш да одам оваа недела и ќе ме фати 10 000,ако е без бета, 9000 За два пати неделно, а знаеме дека на почеток на бременост почесто одиме. Ама ајде здравје да има, нешто кога се мора тоа е.
A sto ima dva pati nedelno da te gleda ako si bremena ? Ako. Si pravela beta posle nedela dve ides na eho ako e pozitivna. A beta ja proveruvas 3 pati na sekoj vtor den dali pravilno se duplira.
Тогаш ти се исплаќа и кола да палиш ако си од Штип и да дојдеш Скопје да ги направиш прегледите А зашто не одиш на државно со упат од матичен? Тие првите прегледи ништо посебно не се само ќе мерат должина на плодот и гледаат срцева акција дали има… а бета сигурно во државно испитуваат и нема ништо да платиш. Јас на почеток одев кај матичен, од 12 недела почнав Ремедика. Не сум правела бета ама ниеден преглед од тие првите кај матичниот не платив.