Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. ariel30

    ariel30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    300
    Знам, имаме пишувано и тебе и сите кои споделивте искуство за таму ве измалтретирав во лп за условите. Се мислев и за Систина,ама премногу пари е. Е сега точно за тоа не се штеди ама сепак...Мене искрено и до 1000 евра да е ми е ок,многу ми е важен односот и помошта од сестрите по операцијата,а претходниот пат барем во тој дел воопшто немав никаква замерка. Се запознав и со Елма, многу убав впечаток ми остави. Рано е уште за капар и таа самата ми го кажа тоа,планирам дури наредниот месец да идам и да оставам за да сум сигурна. Па дај Боже да е се во ред. Инаку на интернет читав и за болницата во Тетово каде сега е Јегени, многу позитивни коментари,а 1200 евра е буквално со се вклучено. Ама далеку е Тетово :)
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.325
    Допаѓања:
    33.663
    Пол:
    Женски
    А за плодност си размислувала?
    Дупло пониски се цените од систина/ремедика за породување.
     
  3. ariel30

    ariel30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    300
    Искрено не,од каде што живеам Битола е 200 км подалеку,Скопје 100 :) Нема логика да одам дури Битола
     
  4. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.325
    Допаѓања:
    33.663
    Пол:
    Женски
    Како мислиш, само сакав да ти кажам за цените дека таму е поевтино, а условите се предобри. Од персонал па сѐ понатаму.
     
    На Lili4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lili4e

    Lili4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.555
    Пол:
    Женски
    За Плодност и јас сакав да и препорачам на @ariel30 но знам не е од Ск, далеку и е мн, а за таму нема збор, нема незадоволни. Инаку точно ти е тоа, грижата од сестрите ти е битна за тебе и бебе, ќе ја најдеш ваму секако, овој пат многу се грижеа сестрите за мене, ни 5 мин не ме оставија со болка. И многу се на број, насекое идат да те проверат.
    Со првото Јегени ме породи, знам дека е Тетово, но ја имаш Елма сега, нема да згрешиш! Со лесно :)
     
    На ariel30 и IRBBB им се допаѓа ова.
  6. ariel30

    ariel30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    300
    Ти благодарам @Lili4e многу. За плодност и јас искрено немам слушнато лош збор,штета што само во Битола имаат болница. Колку е таму царски,чисто за споредба
     
    На Lili4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Inavond

    Inavond Активен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2021
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
  8. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    8.840
    Пол:
    Женски
    4000 од ден е плус за бебе, а за мајката 3000 во Ремедика, јас толку платив
     
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    328.625
    Пол:
    Женски
    Јас во Систина не платив ни денар повеќе од што беше пишано на пакетот.120000 кошташе царскиот и толку и плативме.А примав клексани 3 дена,инфузии 4 дена за болки.За бебето направиа некој тест за тироида и тест за генетски заболувања(така разбрав) кој се праќа во Турција.Ама валда се тоа си влегува во цената на пакетот.
     
    На Brpbrp, еурокрем, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.251
    Допаѓања:
    19.035
    Озбилно? Ама да не има врска за што. На цимерката дојдоа баш и ја бев таму и рекоа 5000д за неа и 6000 ден за бебе за жолтица. 1 ден останаа
     
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.757
    Пол:
    Женски
    Веројатно заради сончањето плаќаат поскапо. Ама нема логика за мајката да е поскапо не ја кварцаат неа.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    8.840
    Пол:
    Женски
    Баш фактурата ми падна во раце пред малку и видов. Само дел од фактурата за бебето што доплаќав дека другото ми го покри осигурувањето и ја немам дома цела, и пишува ден на интензивна за бебе 4000 денари. Пошо во инкубатор беше 2 дена тоа екстра го наплатиле, 2 дена х 4000= 8000 за тоа и плус уште неколку испитувања за крвна група, ехо на колкови и не знам што беше друго вкупно 11.000 за бебе сум доплатила. А за мене беше плус 3000 од ден тогаш така ми кажаа
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  13. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    4.021
    А колку чини точно царски во Ремедика ?
    Највероватно така ќе биде и кај мене, бев на контрола и ништо не прашав.(facepalm)
    Наредна недела сум пак и ќе почнеме со цтг, капар колку се остава ?
    :)
     
  14. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.251
    Допаѓања:
    19.035
    Апартман е 5000од ден а она остана во соба за 2 така да ептен чудно @Lovebug01 си формулираат некако цени затоа нигде не сретнав фиксен ценовник
     
    На Lovebug01 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.757
    Пол:
    Женски
    Затоа што си крадат како им одговара. Да има држава и регултива нема да е така.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    9.234
    Пол:
    Женски
    Попладне ќе одам и јас на преглед и јас ќе прашам точно и детално па ќе ти пишам ЛП. Јас прашав на пулт, прашав и сестра и две различни цени ми кажаа.
    Така да најточно инфо очекувај до вечер:D
     
    На marijamarkoska и S.o.F.i им се допаѓа ова.
  17. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    3.278
    Дали тазе мајка може да пише кратко како изгледа договорен царски во приватна? Кога се договара дата?
     
  18. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    8.840
    Пол:
    Женски
    Е може да е заради кварцњњето поскапо, мојата беше само под надзор без терапии, веројатно затоа и помала цена.
     
    На Milkiway и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  19. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    4.021
    Хаха добро е барем си прашала, јас како утка.:D
    Важи ќе те чекам да ме известиш што ќе ти кажат.:)
    Дали почнуваш со цтг или само преглед е?
    :)
     
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    328.625
    Пол:
    Женски
    заклучена си за приватна

    Јас во 37 ма се договорив финално со Петровска за датум.Среда ковид тест ми правиа таму,четврток вечерта кај 7 прием,петок во 10 сабајле ме породиа(38 ma недела се породив)
     
    На Ljubova му/ѝ се допаѓа ова.