Немам здраватвено осигурување, секако ќе плаќам приватно. Има голема веројатност да мора царски да одам, па ме интересираше како се закажува. Петрова од ремедика? Како си задоволна?
Ќе си избереш доктор што сакаш да те породи.Он ке одлучи кога е време бебето да се вади.Кај мене Петровска запиша во компјутер датум,па ми даде извештај и и кажа на сестрата дека ќе бидам со царски.После сестрата ми даде инструкции кога да идам,што да носам и слично.
Дали знаеш зошто со договорен царски ги пораѓаат во оваа недела? Секаде е таква пракса, зошто не чекаат до крај?
Како ми кажат така, начелно телефонски кога се слушнав со докторката ми рече не би требало да си за ЦТГ ама преглед ќе направиме па и ЦТГ ако треба.
незнам навистина.Сите и јас што ги познавам со договорен царски ги пораѓаат 38 ма недела вообичаено.Кај мене бебето беше замотано и околу папочната врвка два пати ,така да добро и што не чекавме.
Spored mojot ginekolog (Lozankovski) nema potreba poveke da sedi bebe, on ednas mi kaza demek 38ma nedela e najidealna. Isto mi ima kazano deka on ne saka bebe da sedi poveke od 40ta nedela, demek nisto ne se slucuva, a postelkata pocnuva da staree. Taka sto, ova so carskiov vo 38ma sigurno e poradi medicinska pricina.
Ако не ти е проблем сподели го и тука инфото. Рано ми е уште ама следам тука информации и искуства, а здравје би идела и јас Ремедика. Фала
Женски, Вака е со цените Спонтано породување 85.000 кај сите доктори. Породување со царски рез 125.000 кај Др. Димитров и уште еден доктор не слушнав убаво (мислам Петановски не ме фаќајте за збор за вториот) А кај сите останати царски рез е 115.000. 6.000 се остава капар кога ќе почнете со ЦТГ. Се прави и ковид тест, само го признаваат од кај нив. За трошоци плус минус ми рекоа од 2 до 3 илјади ако треба нешто плус за бебе. За спонтано породување во болница сте ден на прием +3 дена За царски, ден на прием + 4 дена. Се надевам дека ви помогнав.
Да одлично. Фала за инфо. Мене на телефон ми рекоа 115.000 е за царски, а кај Димитров е 6.000 поскапо. Вака испаѓа 10.000 поскапо.
Има сеуште време но планот ми е да се пораѓам во систина. Па ме интересира дали во цената се вклучени и прегледите пред породување или износот се однесува само за породувањето?
@ariel30 Мила јас се породив царски во Плодност,мал е зборот да кажам презадоволна од се од хигиена, грижа,професионалност,доктори,јасболка не осетив и уште 10 деца да можам да имам уште 10 пати ќе се одлучам за Плодност. Инаку за царски платив 87 600