Некој што има визит карта од др. Бојаџиев од Систина може ли во лична порака да ми ја прати, за тел.бр.ми треба. Се јавив во Систина, да сум одела од шалтер да ја земам на трети спрат , да бев во Ск не беше проблем.. Месец дена кај него бев на контроли ама во целата збрка сум ја загубила.
A da li nekoj znae primer kolkava e cena ako nedaj boze nekoj se porodi predvreme pa deteto e vo inkubator primer toa se dosta denovi nekoj I po cel mesec treba da bide kako gi zasmetuvat denovite ?
Lele mnogu e jas planiram vo Sistina da se poradjam ama ako bebusot predvreme nesto nedaj boze, pak ke kazam nedaj boze, nemozam tolku da si dozvolam za poradjaj mozam ama ova 500 evra kd den nemozam.
Јас низ форумов сретнав дека е 300€ од ден, ама за сигурно најдобро е да прашаш. Можеби може да се транспортира бебчето на државна
Да прескапо е ама само они имаат најдобри услови за предвремено родени бебиња .. те молам не мисли на тоа иако знам дека сите трудници не фаќаат такви црни мисли ама ќе изгураме сите до крај
Тоа зависи од состојбата на детето,колку е критично и каква нега ке му треба, не се 'стандардни' цени од ден
Јас платив најмногу од сите изгледа 91 400ден. Ама бебе имаше проблеми, прегледи многу што секако се доплаќаа. Инаку ако беше се во ред од прилика ќе платев околу 86 000ден. За Плодност нема збор. Болницата е совршена, се ново, чисто и се чисти редовно. Сестрите се и тие совршени. Поддршка цело време, првите станување, браво мајка, силна мама и слично. Достапни во секое време, дури нудат помош за туширање,сменување влошка и слично. За бебе исто сестра достапна цело време, го земат и носат кога сакаш ти. Што ми беше најбитно редовно ме известуваа за состојбата на бебето, какви проблеми да имаше, мене ми беше објаснето на најубав начин. Секој кој ќе се одлучи за таму, нема да згреши. И за друга бременост ми одела, зошто оваа заврши добро благодарение на нив, му го спасија животот на моето бебе Знам дека праша само за цената, ама да споделам искуство, ќе се најди на некоја трудница.
Mislam deka toa e cena za na neonatalna, znaci za predvremeno rodedi bebinja na koi im treba epten posebna nega. Po forumov imam procitano deka inkubator e 100 evra od den. Najverojatno se zavisi od potrebite za bebeto.
И со првата и со оваа сега (ме породуваше) и ќе ме породува и кај него одам цело време се вика Зоранчо Петановски и сум задоволна.
Мамички од наредната недела почнувам со прегледи 36та недела во ремедика каде што и ќе се пораѓам. Сакав да ве прашам за тие што веќе сте почнале со прегледи во 9ти месец таму или сте тазе породени, дали ковид тест прават пред породувањето или би ми правеле наредна недела кога почнувам со прегледи?
Ќе се вмешам во разговорот.Најдобрата нега и апаратура за прематурчиња е на ГАК.Ова го кажува некој со лично искуство и некој што слепо им веруваше на приватните болници.Со Господ напред се ќе биде добро
Не знам навистина тоа го имам слушнато а и не би сакала да мислам или планирам нешто такво , само позитивни мисли
Летово се породив таму, за цтг прегледите не ти треба тест. За породување негативен пцр тест најмногу 2 недели или 10 дена го важеа не сум сигурна. Дури не мораш кај нив да го правиш, јас си закажав преку матичната докторка и бесплатно на државно го направив. Како и да е се ќе ти објаснат сестрите прељубезни се Со лесно нека ти е
Дали сеуште има фризер во Систина за пред излегување што фенира? @joy1 мислам дека ти скоро се породи таму