Ја како што разбрав имале состанок пред некој ден на којшто требало да се одлучи за ова. Ама не препрашав што се случило.
Кај Петрова бевме во август, за вториот скрининг. Можеби сепак затегнале мерки. Ама пак ќе речам, ако е само општ протокол или „за секој случај“, тогаш бар за пораѓај, со вакцина и негативен пцр би требало бар таткото да го пуштаат, не мора никој друг, ни посети ни ништо, јасно е дека е ризично. И тоа во споредбата со Систина не ми е баш логично, или има сериозна опасност или е само претпазливост, секако дека и во Систина и било која болница не би ризикувале ако е сериозно опасно, вака делува дека е на добра волја на докторот. И тоа не е ок, да знам дека може да биде до мене, ама дека докторката не сака, само ради принцип. Мислам дека со негативен пцр направен истиот ден нема зошто некој да вика: „не може ризично е“. Ама може најлесно им е да објават општа забрана и да не се замараат.
Не го пуштија ни кај другиов доктор маж ми. Сестрите збрани во собче 5 души трачарат без маски ! а на мене ми вика протокол. Во Систина и на посети пуштаат. Нека следат конкуренција малку
Здраво мајки, Во Ре Медика деновите по породувањето се престојува сама во соба или со останати родилки?
Здраво,пред се нека ти е живо и здраво бебенцето. И јас планирам да се пораѓам кај доктор Петровска па ме интересира како помина? Јас сум 35та недела, но ми рече дека има шанси са предвремено породување и примив инекции за зреење на плодот, докторката беше навистина добра ми рече барем да истераме до 37ма недела.
фала Јас имам убаво искуство и од Гордана и од самиот царски.Кај 10:10 наутро ме внесоа во сала а во 10:45 малата се роди.Работат тимски,брзо и организирано мн,не ни сетив кога заврши се.Болки не осетив ич за време на операција.Катетер ти ставаат во сала,спинална анестезија примив(будна бев) ,муабет ми правеа цело време.После ме префрлија околу час и пол во шок соба па на одд.Наредното утро ме станаа.Првото станување е болно ама после е се подобро и подобро.Јас немам последици од типот болки,вртоглавици и слично.За само една недела се вратив во нормала.Со лесно Ако имаш уште прашања слободно прашувај
ништо освен полнач и лабело немав.Се имаш таму ,седи раат На искачање ке ти донесе маж ти алишта за тебе и бебе
Некој скоро од Санте породен? Колку е природно а колку царски? Гледам бебушки различно облечени, мајки без фамозните чипкани спавачи? Да не смениле нешто, па треба да се носи облека од дома? Ќе ги посетувам оваа недела за инфо од пулт, ама инфо од тука ми е позначајно
Мислам дека ни во Систина не пуштаат стално. Јас секогаш влагам со маж ми и не направиле проблем, ама баш пред некое време читав по темиве, се жалеа членки дека не ги пуштале. Кој знае што прават, демек протоколи ама за кого како. Во Систина во чекална и маските си ги вадат на цела таа гужва и никој ништо не им кажува.
Јас имам прашања Бидејќи планирам да се пораѓам со царски во Систина, може ли да ми кажеш дали сестрите ти помагаат да закрепнеш побрзо, дали ти даваат некои совети и слично? Страв ми е дека ќе имам споро и болно закрепнување и пробувам уште од сега да се спремам најмногу што можам. Ако имаш некој совет плус на што да обрнам внимание за да извлечам максимум од помошта што би ја добила таму, те молам сподели
Болничарките да.Премногу и тоа.Облекува соблекува она,те носи до купатило она,менува под тебе постела,дури и влошки ке ти става првиот ден.Првото станување е обавезно со болничарка до тебе ,никако сама.За понатака ако можеш сама ок ако не пак она иде.За сестрите и помош за доење ќе кажам дека зависи која како.Некои ми се погодиа баш фини некои онака ќутливи,намуртени.Имаш копче до тебе за да ги викнеш и тел имаш за бебе да им јавиш да идат кога и да ти треба.Кој ќе те пораѓа? Храна првиот ден само чајче и двопек и супа.После имаш се…овошје,салати,месо,торта,ориз,мафини…. Со лесно да поминеш и побарај си кафе,сами не им текнува да ти донесат
Само знам на другар жена се породи со царски, со платено приватно осигурување од фирма, малата жолтица имала и на одење им Доплатиле 51000 за тоа замисли! Другаров во шок, тоа се тие скриени трошоци таму, за друго незнам да ти кажам
Јас се пораѓавтаму пред 5 години, тогаш немаше некои скриени трошоци, крвна анализа за мене и бебето, ми кажаа дека се доплаќа, платив 70инешто илјади за царски, сега не знам колку е.
Јас се породив царски пред една недела во Систина и многу сум задоволна од помошта и од сестрите и од болничарките Болничарка те станува полека нареден ден после царски, те проверуваат неколку пати дневно, доколку им се пожалиш на болки на сестрите одма реагираат, јас им се жалев дека неможам воздух до крај да земам кога се шетам, и одма притисок ми мереа и уште неколку пати во текот на денот ме прашуваа сами дали сум добра. Јас следниот ден после операцијата ги замолив и да се истуширам, и болничарка цело време ме пазеше. Така што, нема потреба да се секираш, спремни се да ти помогнат во секое време.