Благодарам на одговорите Може ли да ми кажете кој ве пораѓаше и како сте задоволни од докторот? Јас оваа недела треба да одам на преглед и ќе се договорам подетално, ама кај кој доктор за пораѓај не знам зашто идев и кај Иванов и кај Петровска. Знам неа ја фалат доста, ама за Иванов не сум слушнала искуство конкретно за царски, па ако ја пораѓал некоја нека пише.
Од каде сега доплаќање за жолтица? Мојата мала фати жолтица и ништо не доплатив плус за тоа. Плус трошок ми беше еден ден повеќе што легав, крвна група на бебето и Рогам инекција што примив се на се 250 евра плус. Значи 1250 евра платив со се породувањето. Тоа беше пред 2 години.
Јас со првото се пораѓав кај него, царски и искрено добро поминав. Прво карактерот на докторот ми се допадна зошто беше многу смирен, насмеан и некако опуштачки ми влијаеше на мене во тие моменти на исплашеност и паника. Плус си ја знае работата, после тоа фала му на бога немав никакви болки или не дај боже компликации. Уште вториот ден бев на нозе. Сега здравје за второто пак планирам кај него. Треба и јас наредната недела да закажам термин за поконкретно да се договориме околу породувањето, планирам и сега да биде царски. Ако те интересира нешто поконкретно ти стојам на располагање за прашања
Na drugarka mi sestra ja ima porodeno Jordanco Ivanov I e zadovolna od nego dostapen bil epten mi go pofali, a koleskata Moja bila na pregledi kaj Gordana Petrovska I za pregledi bilo se ok ama koga doslo za poradjaj vremeto ne I bila bas dostapna odnosno bilo navecer I nedosla ja porodila druga doktorka, I jas se odluciv za Jordanco Ivanov dosega Bev na eden pregled covekot mi e ok planiram da idam I ponataka pa zdravje I za poradjaj. Sea vidi ako ne zakazi lregled kaj dvajcata pa ke vidis koj bi sakal da ti bide taka podostapen mene kako prvorotka mi e dosta bitno da vispostavam odnos na doverba da mi ja vodi bremenosta I da me porodi.
Незнам, така ми кажа другарот, не е мое лично искуство за да ти кажам што се се десило за толкав износ, но толку доплатил на крај
Дали има скоро породени во Ремедика што можат да кажат дали ги пуштиле татковците да се со нив барем додека се болките, пред да почне пораѓајот? Или барем да се пред самата сала со бокс, а не доле во чекална? И дали им дозволувале потоа да доаѓаат на посета во собата или тоа е дозволено само за тие што имаат доплатено за апартман со еднокреветна а соба?
Нема посета, таткото те испраќа до лифтот пред да се качиш во оделение. Посети нема и искрено не знам зашто и како очекувате да има. Таткото може да го види бебето после породувањето исто од надвор преку стакло преку посебен влез. Јас излегувам утре од тука, ако те интересира уште нешто ти стојам на располагање.
Ќе се повторам од претходно што пишував, ама мислам дека е многу значајно да имаш близок, особено партнерот, бар додека почне пораѓајот, наместо сите болки дур се отвориш да ги издржуваш сама, пошто не знаеш колку време ќе трае, можеби и цела вечер. Дополнително, колку што е значајно за мене да го видам и допрам бебето во првиот момент, толку е и за него. Преку стакло е само слика ко на тв. А со оглед на вакцина и направен негативен тест, па ако треба и целосен скафандер, не гледам како е ризичен за било кого.
Да. Првиот ден после породување ти го носат чим помине низ прегледите. Час и половина се мазите. После веќе од втор ден ти го носат се почесто, вчера беше скоро цел ден со мене освен кога ја земаа за бањање, јадење. Со оглед на тоа дека сум царски мислам дека е успех што уште од вчера се доиме и имам млеко. Помагаат, ти ја местат, проверуваат дали имаш млеко, совет итн но пак треба и сама да имаш воља, сама да пробуваш да го наместиш...мислам тоа дека ми помогна мене. Навечер бебето е со тебе до кај 22 часот кога ги земаат и те оставаат да одмориш до кај 6 утрото. Имав денеска мини обука за бањање и пресоблекување и за нега на папоче... задоволна сум.
Јас се породив во јуни во санте Платив 1250 евра се, т.е. Осигурувањето плати И бебето ми фати жолтица и тоа е во тие 1250евра,сончање,терапии